Се затвора најстариот фудбалски клуб во Македонија - ФК Љуботен.

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
По 92 години од формирањето ФК Љуботен живурка без спонзор, фудбалерите не добиваат плати, а опстојува благодарение на еднократната помош на поединци



Три пехари за освоени турнири, наместо во витрините, стојат на една маса и служат како кофи во кои се собира вода што паѓа од таванот што прокиснува. Темно е зашто нема струја, а нема и вода, дрвенаријата скапува...

Оваа слика на руина во службените простории и соблекувалната ја отсликува состојбата во која се наоѓа најстариот фудбалски клуб во Македонија, Љуботен од Тетово. По 92 години од формирањето, во 1919 година, ФК Љуботен живурка без спонзор, фудбалерите не добиваат плати, а опстојува благодарение на еднократната помош на поединци.

И во почетокот на пролетната полусезона состојбата е непроменета, откако така помина есента.
- Есенската полусезона ја поминавме без спонзор. Домаќини сме на игралиштето во Брвеница. За теренот и за да одиме дотаму се погрижи општина Тетово. За друго нема пари. Должиме на сите играчи - изјави Павле Симовски, генерален секретар на клубот.

За да овозможат клубот да продолжи да се натпреварува, односно да плати за котизација и за други тековни трошоци, како надоместоци за судиите, управата прави обид да собере некој денар со акцијата за зачленување.

- Преку социјалните мрежи ги повикавме сите што сакаат да станат членови на ФК Љуботен, а со тоа да помогнат и со членарина од 600 денари годишно да го помогнат опстојувањето. Ваква акција беше направена пред 10 години, кога се собраа 200 члена.Сега само стотина да се зачленат, ќе се соберат пари со кои би ги исплатиле најосновните трошоци и така нема да се дозволи клубот да пропадне - вели претседателот Мирко Видоевски.

Немањето пари беше причина клубот да не може да организира зимски подготовки за фудбалерите.
- Дури на 1 март почнуваме со тренинзи, и тоа на игралиштето во Брвеница. Некои од играчите, разбирливо, го напуштија тимот, но сепак со доаѓањето на ветеранот Среќко Мисајловски ќе се обидеме да го задржиме високиот пласман и обидот да се пласираме во Втората лига, што се надеваме дека ќе биде привлечно за некој спонзор - вели Љубиша Павловиќ, шеф на стручниот штаб.

ФК Љуботен е основан 1919 година. По осамостојувањето, три сезони (1993/94, 94/95, 95/96) играше во Првата лига. Во Втората лига настапуваше само една година, по што испадна во Третата лига, каде што уште се натпреварува.
извор

Официјална фејсбук група на ФК Љуботен

Други извори на инфо за ситуацијата во и околи ФК Љуботен:
линк
линк
линк
линк

Има акција за издавање на членски карти каде се плаќа годишна чланарина од симболични 600 ден.

Чланарината се уплаќа на следнава сметка:
ФК "ЉУБОТЕН" Тетово
ж-ска: 290-4000004365-31
депонент: ТТК Банка АД Скопје
цел на дознака: членарина за 201х година.


Жално е ова што му се случува на Љуботен, искрено се надевам дека ќе успеат да се извлечат од оваа ситуација и дека има вистински љубители на фудбалот во Македонија кој ќе донираат нешто за најстариот фудбалски клуб во Македонија.
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Toa e makedonska glupa rabota .... go unistivme fudbalot !
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.711
Поени од реакции
22.852
Откако Љуботен веќе не постои, ова е најстариот клуб во Македонија:


ФК Малеш од Берово

 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Откако Љуботен веќе не постои, ова е најстариот клуб во Македонија:


ФК Малеш од Берово

:pos:
Љуботен сеуште постои, ти се свиѓало тоа или не, функционира нормално и се прават напори за да продолжи да егзистира со оглед на тоа што котира високо на табелата и е претендент за втората МФЛ. Така да заклучоков дека згаснал не знам од кај ти е.
И доколку згасне, сеуште ќе биде најстар оформен фудбалски клуб во Македонија.
 
С

сашенко

Гостин
Нашата бедна држава македонија.Се се распаѓа, се се затвора нема надеж за ништо повеќе.Голема срамота е ова нема никаква организација нема никаква желба да се постигне нешто.Стварно е жалосно е ова што го гледаме, зашто имаме толку многу потенцијал на сите полиња ама кога нема некој кој ке помогне така ке гледаме како пропаѓаат таленти, клубови, фирми и се по ред.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.711
Поени од реакции
22.852
:pos:
Љуботен сеуште постои, ти се свиѓало тоа или не, функционира нормално и се прават напори за да продолжи да егзистира со оглед на тоа што котира високо на табелата и е претендент за втората МФЛ. Така да заклучоков дека згаснал не знам од кај ти е.
И доколку згасне, сеуште ќе биде најстар оформен фудбалски клуб во Македонија.
Не е смешно, затоа што најстариот клуб во државата е пред згаснување.
Нормално дека ми се допаѓа ако сеуште постои Љуботен, тоа е моментално најстариот клуб кој функционира во нашата држава, а според тоа што го прочитав погоре не верувам дека функционира нормално.
И доколку згасне, нормално дека ќе биде запаметен како најстар оформен клуб во Македонија, а јас велам дека доколку згасне, најстар клуб кој ќе функционира во државата ќе биде Малеш од Берово.
 
M

.:makedonec:.

Гостин
По 92 години од формирањето ФК Љуботен живурка без спонзор, фудбалерите не добиваат плати, а опстојува благодарение на еднократната помош на поединци



Три пехари за освоени турнири, наместо во витрините, стојат на една маса и служат како кофи во кои се собира вода што паѓа од таванот што прокиснува. Темно е зашто нема струја, а нема и вода, дрвенаријата скапува...

Оваа слика на руина во службените простории и соблекувалната ја отсликува состојбата во која се наоѓа најстариот фудбалски клуб во Македонија, Љуботен од Тетово. По 92 години од формирањето, во 1919 година, ФК Љуботен живурка без спонзор, фудбалерите не добиваат плати, а опстојува благодарение на еднократната помош на поединци.

И во почетокот на пролетната полусезона состојбата е непроменета, откако така помина есента.
- Есенската полусезона ја поминавме без спонзор. Домаќини сме на игралиштето во Брвеница. За теренот и за да одиме дотаму се погрижи општина Тетово. За друго нема пари. Должиме на сите играчи - изјави Павле Симовски, генерален секретар на клубот.

За да овозможат клубот да продолжи да се натпреварува, односно да плати за котизација и за други тековни трошоци, како надоместоци за судиите, управата прави обид да собере некој денар со акцијата за зачленување.

- Преку социјалните мрежи ги повикавме сите што сакаат да станат членови на ФК Љуботен, а со тоа да помогнат и со членарина од 600 денари годишно да го помогнат опстојувањето. Ваква акција беше направена пред 10 години, кога се собраа 200 члена.Сега само стотина да се зачленат, ќе се соберат пари со кои би ги исплатиле најосновните трошоци и така нема да се дозволи клубот да пропадне - вели претседателот Мирко Видоевски.

Немањето пари беше причина клубот да не може да организира зимски подготовки за фудбалерите.
- Дури на 1 март почнуваме со тренинзи, и тоа на игралиштето во Брвеница. Некои од играчите, разбирливо, го напуштија тимот, но сепак со доаѓањето на ветеранот Среќко Мисајловски ќе се обидеме да го задржиме високиот пласман и обидот да се пласираме во Втората лига, што се надеваме дека ќе биде привлечно за некој спонзор - вели Љубиша Павловиќ, шеф на стручниот штаб.

ФК Љуботен е основан 1919 година. По осамостојувањето, три сезони (1993/94, 94/95, 95/96) играше во Првата лига. Во Втората лига настапуваше само една година, по што испадна во Третата лига, каде што уште се натпреварува.
извор

Официјална фејсбук група на ФК Љуботен

Други извори на инфо за ситуацијата во и околи ФК Љуботен:
линк
линк
линк
линк

Има акција за издавање на членски карти каде се плаќа годишна чланарина од симболични 600 ден.

Чланарината се уплаќа на следнава сметка:
ФК "ЉУБОТЕН" Тетово
ж-ска: 290-4000004365-31
депонент: ТТК Банка АД Скопје
цел на дознака: членарина за 201х година.


Жално е ова што му се случува на Љуботен, искрено се надевам дека ќе успеат да се извлечат од оваа ситуација и дека има вистински љубители на фудбалот во Македонија кој ќе донираат нешто за најстариот фудбалски клуб во Македонија.


Идентична приказна како ФК Овче Поле .... жална работа :toe:
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
Што е најжално до сега Љуботен у трета лига има максимален скор без реми и пораз и е втор со 3 бода помалу од Руфеја првиот на табела... Одземени се 6 бода за глупости, дури има и доказ дека неправилно е донесена таа одлука... ете како се игра фудбал у Македонија !
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Не е смешно, затоа што најстариот клуб во државата е пред згаснување.
Смешно ми е зашто претпоставуев дека ќе има вакви коментари сличен ко првиот твој на темава.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.711
Поени од реакции
22.852
Смешно ми е зашто претпоставуев дека ќе има вакви коментари сличен ко првиот твој на темава.
Смеј се, никој не ти го одземал тоа право. Јас не сум запознаен како функционира ФК Љуботен, ама од тоа што го видов на сликата и што го прочитав, не ми е до смеење.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Смеј се, никој не ти го одземал тоа право. Јас не сум запознаен како функционира ФК Љуботен, ама од тоа што го видов на сликата и што го прочитав, не ми е до смеење.
Очигледно ти не ја разбираш поентата на темава и со првиот твој пост тераш на офтопик.
Ќе те замолам отсега па натака пишувај по конкретниот наслов.
Благодарам.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883

deko82

Македонец
Член од
7 септември 2009
Мислења
115
Поени од реакции
4
Од каде Малеш 1919г. ?
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Баш жалосно ... Го уништивме спортот во државава. Ма све уништивме, не само спортот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom