Ivica^
Confident Liar
- Член од
- 14 август 2007
- Мислења
- 11.431
- Поени од реакции
- 16.747
По 92 години од формирањето ФК Љуботен живурка без спонзор, фудбалерите не добиваат плати, а опстојува благодарение на еднократната помош на поединци
Три пехари за освоени турнири, наместо во витрините, стојат на една маса и служат како кофи во кои се собира вода што паѓа од таванот што прокиснува. Темно е зашто нема струја, а нема и вода, дрвенаријата скапува...
Оваа слика на руина во службените простории и соблекувалната ја отсликува состојбата во која се наоѓа најстариот фудбалски клуб во Македонија, Љуботен од Тетово. По 92 години од формирањето, во 1919 година, ФК Љуботен живурка без спонзор, фудбалерите не добиваат плати, а опстојува благодарение на еднократната помош на поединци.
И во почетокот на пролетната полусезона состојбата е непроменета, откако така помина есента.
- Есенската полусезона ја поминавме без спонзор. Домаќини сме на игралиштето во Брвеница. За теренот и за да одиме дотаму се погрижи општина Тетово. За друго нема пари. Должиме на сите играчи - изјави Павле Симовски, генерален секретар на клубот.
За да овозможат клубот да продолжи да се натпреварува, односно да плати за котизација и за други тековни трошоци, како надоместоци за судиите, управата прави обид да собере некој денар со акцијата за зачленување.
- Преку социјалните мрежи ги повикавме сите што сакаат да станат членови на ФК Љуботен, а со тоа да помогнат и со членарина од 600 денари годишно да го помогнат опстојувањето. Ваква акција беше направена пред 10 години, кога се собраа 200 члена.Сега само стотина да се зачленат, ќе се соберат пари со кои би ги исплатиле најосновните трошоци и така нема да се дозволи клубот да пропадне - вели претседателот Мирко Видоевски.
Немањето пари беше причина клубот да не може да организира зимски подготовки за фудбалерите.
- Дури на 1 март почнуваме со тренинзи, и тоа на игралиштето во Брвеница. Некои од играчите, разбирливо, го напуштија тимот, но сепак со доаѓањето на ветеранот Среќко Мисајловски ќе се обидеме да го задржиме високиот пласман и обидот да се пласираме во Втората лига, што се надеваме дека ќе биде привлечно за некој спонзор - вели Љубиша Павловиќ, шеф на стручниот штаб.
ФК Љуботен е основан 1919 година. По осамостојувањето, три сезони (1993/94, 94/95, 95/96) играше во Првата лига. Во Втората лига настапуваше само една година, по што испадна во Третата лига, каде што уште се натпреварува.
извор
Официјална фејсбук група на ФК Љуботен
Други извори на инфо за ситуацијата во и околи ФК Љуботен:
линк
линк
линк
линк
Има акција за издавање на членски карти каде се плаќа годишна чланарина од симболични 600 ден.
Чланарината се уплаќа на следнава сметка:
ФК "ЉУБОТЕН" Тетово
ж-ска: 290-4000004365-31
депонент: ТТК Банка АД Скопје
цел на дознака: членарина за 201х година.
Жално е ова што му се случува на Љуботен, искрено се надевам дека ќе успеат да се извлечат од оваа ситуација и дека има вистински љубители на фудбалот во Македонија кој ќе донираат нешто за најстариот фудбалски клуб во Македонија.