Се ближи...

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Се ближи Велигден,ќе не носат на шишање...,јас тогаш стално плачам...,мама во четврток ќе стане рано да вапца јајца...,тато ќе и донесе ливчиња од магдонос и каранфил...,мама ќе ги врзе јајцата во најлон чорапи...,тато ќе ги кречи собите...,мама ќе постеле нови черги...,тато ќе ги чука и олуците од шпоретот...мама ќе прави баклава или кадаиф...тато ќе набере јоргован...во сабота ќе одиме во Стара -Нова бања...,потоа ќе одиме во црква...,дедо не оди со нас во црква,тој има пиштол...ноќта таму ќе се кршиме со црвени јајца...,ќе ни дојдат гости во недела...,тато ќе оди да ги чека на железничка станица...бато ќе бара да му купат дрвено црвено јајце и џамлии...јас ја сакам топката од излогот од нама...дедо сигурно ќе ми ја купи...мама ќе ја викне комшиката да и ја витка косата...можеби ќе ни донесе шеќерно јаболче...,тато ќе купи глава од јагне и млад кромид...,баба ќе ни сплете кошнички за јајца...на масата ќе има многу леблебија и шарени бонбони...,ќе одиме сите на панаѓурот...,ќе има и рингишпил...,ќе не облечат во нови блузи...,можеби ќе ни купат и нови чевли...,потоа ќе се сликаме кај сликарот на Кале на кончето со брат ми...јас седам на кончето,брат ми стој позади...Скопје 1959г.
 

Attachments

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.264
ааа дедно анцо нели не беше активен на кајгана ? на фејсбук со бабата растураш добро е што те потсетив дека и кајгана постои :D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Мене искрено @Anco ми фалеше на форумов и драго ми е што се врати:)

Иначе баш ми се свиѓа тоа што си го напишал. Така слично Велигден се дочекуваше и кај нас дома кога бев мал. Сега кога веќе сум возрасен, кога членовите на семејството се повозрасни/постари и кога има еден куп проблеми во секојдневиево, тој Велигденски дух и не се осеќа како некогаш, некако се набрзина се прави, без тоа целосно да се почувствува.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.899
Поени од реакции
7.570
И мене @Anco ми е мило што се врати бидејќи тој е еден од постари личности на форумов кој знае да ни раскаже за животот некогаш и да сподели некој негови искуства. Има некој глупи и одвратни теми некогаш како што му е онаа со дињата но сепак е интересен за читање. Не знам зошто темава е во сеир делот ЧДА.

Исто вака слично и јас кога бев малав се дочекуваше и славеше Велигден, само што кај нас Тетово дента кога се слави машките деца и малите девојчиња одат по гости кај фамилијата и пријателите од мајка ми, татко ми. Децата со кошничка на гости, дотерани во нови панталончиња, кошулчиња, патичиња или кондурчиња, потстрижени, пицнати од глава до пети собираат јајца и по некое паре кој ти ги даваат баба, дедо, вујче, чичо и други. Жените и постарите девојки седат дома и пречекуваат гости со богата трпеза кифлички, салати, месо, пиење. Малку и напорно можеби е за децата и потоа дома не можеш да направиш семеен ручек на раат затоа што си најадаен и напиен од идење по гости.

Сепак беше интересно кога бев помал па гледавме да собереме што е можно поинтересни украсени јајца и повеќе парички. Денес семејно веќе не сме дома секој Велигден и одиме на викенд во Србија кај што имаме куќа на планина во зеленило, мир, со трпеза, забава и други работи.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Кај си стрико Анчо, куќо стара?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom