imam terasa od 28 kvadrata i sakam da ja porijam so lim...terasata e intimna i ne mi e mnogu bitno izgledot na limot...znaci da bide funcionalen...isto bi sakal da znam sto izolacija bi mozel da stavam za nadvoresni vlijanija a da nebide plastika ili aluminium...i kako da go zastitam od vetrovi...terasata e so dimenzii 7m/4m.padot na vodata ke bide na pokratkata strana...dokolku imate vakvi iskustva pisete na sto da vnimavam pri izvedbata...fala mnogu
Малку ти е нејасно ова напишано. Станува збор за празен простор кој треба да го претвориш во тараса, па да му ставиш носечки дрвени или метални греди и одозгора лим или целата конструкција ја имаш, па планираш да ја покриеш?
Ако станува збор за само да ја покриеш тарасата јас би ти препорачал лексан (пластичен материјал). Еве види како личи го имаш во Ројал Инвест
http://www.rojalinvest.com.mk/drugi-materijali . Отпорен е, а ќе имаш осветлен кров.
Ако ти е само за да ја покриеш тарасата, а да немаш светол кров како со лексан, тогаш користи пластифициран или поцинкуван лим. Нивниот пластичен/поцинкуван слој го штити лимот од рѓосување и такви работи.
Ако станува збор за откриен простор кој сега треба да го направиш тараса, прво крени дрвена или метална конструкција. Лимот ќе биде наместен на неа, а од ветрови и дождови ќе биде заштитен со тоа што ќе биде опшиен, а од едниот дел ќе има олук (или немора да има олук, незнам како ти е поставена тарасата) и во него ќе тече водата. Вака нешто би личело колку што те разбрав......
Е сега ако сакаш да не ти тропа кога врне можеш да ставиш изолација, т.е. сендвич лим, стаклена волна или стиропор. А за естетика сето тоа можеш да го затвориш со гипс картон или ламперија.
Се надевам дека ти помогнав колку толку