Сендвич лим за кров

  • Креатор на темата Креатор на темата peter
  • Време на започнување Време на започнување

peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Имам проблем со кровот кој ми прокиснува. Покриен е со некакви плочи кои личат на лесонит ама се гумени. Ковани се на даски кои се на отприлика еден метар расојание. Пред три години сменив дел од кровот, напавив патосница од даски, ставив тер хартија и пластифициран лим.
Оваа година сакам да го сменам и другиот дел од кровот, ама патосницата некако ми се гледа скапа, а со оглед на тоа што имам скоро рамен кров, слушнав дека постоел некој сендвич лим за кров кој е всушност рамен лим со пур пена од 10 цм и ребрат лим од надворешна страна. Овој лим наводно можел да се кова на даски на растојание од 1 метар и нема да има потреба од патосница. Дали некој има искуство со ваков сендвич лим? Кој во Македонија го прави/изведува?

Фала
 
http://www.kentaur.com.mk/index.php/en/trade/panels
еве ти фирма што ги изработува и монтира, како избор за кров е топ али сеа цената не е баш ниска.
али ти си знаеш со патосирањето колку те кошта па напрај си математика :)
 
Според моја математика за патосирање ке ми отидат околу 500 евра..
 
Имам проблем со кровот кој ми прокиснува. Покриен е со некакви плочи кои личат на лесонит ама се гумени. Ковани се на даски кои се на отприлика еден метар расојание. Пред три години сменив дел од кровот, напавив патосница од даски, ставив тер хартија и пластифициран лим.
Оваа година сакам да го сменам и другиот дел од кровот, ама патосницата некако ми се гледа скапа, а со оглед на тоа што имам скоро рамен кров, слушнав дека постоел некој сендвич лим за кров кој е всушност рамен лим со пур пена од 10 цм и ребрат лим од надворешна страна. Овој лим наводно можел да се кова на даски на растојание од 1 метар и нема да има потреба од патосница. Дали некој има искуство со ваков сендвич лим? Кој во Македонија го прави/изведува?

Фала
мене градежен инженер ми препорача обичен лим. Ми правеше пресметка на лим + изолација, и дојде многу поефтино од сендвич лим кој е со изолација
 
Дали кај тебе веќе имаше патосница на кровот, односн даски на кој ќе се кова лимот? Лим + изолација е дефинитно поетфино, ама мене бе јаде моментот што за да ставам лим треба да ставам и патосница, која некак ми изгледа доста скапо
 
кај мене за поткровје се работеше значи се наново
 
Можеш да ми пуштиш број од изведувачот? Задоволен беше?
допрва треба да го правам се надевам ова лето имав проблем со земјиштето на кое е куќата се јавуваше во еден дел сосопственик Македонија
 
Дали кај тебе веќе имаше патосница на кровот, односн даски на кој ќе се кова лимот? Лим + изолација е дефинитно поетфино, ама мене бе јаде моментот што за да ставам лим треба да ставам и патосница, која некак ми изгледа доста скапо
епа другар имаш број на станата исконтактирај ги, прашај ги за цена и ке видиш кое ти е поисплатливо.
ова сендвичов и да е поскап од лимот се исплати зашто добиваш на изолација плус, додека со обичниот лим немаш никаква
позз
 
Никад не и ставил лим за кров.
Ни јас не би ставил ама некои луге си ја бараат бељата.
На старт е поефтино ама на долги патеки многу заостанува зад керамидите .
 
Ќерамиди немоЖам да ставам заради косината на кровот. Падот е само 6%. Друга опција освен лим и шиндра не гледам. Шиндрата не е за нашите пеколни лета.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Според мене нема потреба од тоа да ставаш сендвич лим.... можеш да ставиш најобичен пластифициран лим, за изолација стави стаклена волна или стиропор..., а со оглед на тоа дека патосницата со даски ти е скапа, распрашај се колку би те коштала да биде направена од Ал профили :)

Никад не би ставил лим за кров.
Ни јас не би ставил ама некои луге си ја бараат бељата.
На старт е поефтино ама на долги патеки многу заостанува зад керамидите .
Кои се предностите и маните на лимот, а кои на керамидата?
Во што е подобра керамидата од лимот? :)
 
Најевтино ќе поминеш со течна гума која во допир со воздух се стврднува.Стави на секој штрав на кровот и немаш гајле.
Течна гума се продава во Адинг
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom