Семинарски, состави, есеи, задачи

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Да го сфатив тоа со насоката, првичната претпоставка била погрешна.
ОК фала за помошта.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Здраво, некој да не има практични примери за планирање, неуспешни, добри, ми требаат за семинарска по менаџмент. Ако може некои примери со попознати светски компании, но не е морално.
 

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
35
Дали некој има нешто за делото "Раскази" од Чехов... Благодарам.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.262
Поени од реакции
2.256
Инаку за да ти биде задачата комплетно точна, кога ќе ги собереш I3 и I4 ќе добиеш дека во таа гранка не тече струја, па ќе оставиш тука отворено коло, нема да црташ струен генератор. Ќе ти остане само еквивалнетниот отпорникот R2 и по еквиваленција во напонски тука ќе ти остане куса врска со отпорникот R2.
 
Член од
7 април 2010
Мислења
59
Поени од реакции
1
"Монетарна политика" семинарска ? Или било што социологија?
 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Инаку за да ти биде задачата комплетно точна, кога ќе ги собереш I3 и I4 ќе добиеш дека во таа гранка не тече струја, па ќе оставиш тука отворено коло, нема да црташ струен генератор. Ќе ти остане само еквивалнетниот отпорникот R2 и по еквиваленција во напонски тука ќе ти остане куса врска со отпорникот R2.
Аха, добро јас нешто слично напишав ами ми кажаа дека е ОК.
 
Член од
1 април 2010
Мислења
14
Поени од реакции
0
СЛУЧАЈНО НЕКОЈ ДА НЕ ИМА СЕМИНАРСКА
ЗА
ИСТОРИЈА НА ИНТЕРНЕТОТ
ИЛИ ПАК
ЗА
БЕЗБЕДНОС НА ИНТЕРЕТОТ
:salut:
 
Член од
9 јануари 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
slucajno nekoj da ne ima materijal za esej po voved vo pravoto natema Санкцијата како регулатор на однесувањето на прекршителот на диспозицијата blagodaram odnapred
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Случајно некој да не има материјал или да знае каде можам да најдам нешто за европскиот суд на правда и улогата во решавањето на споровите меѓу компаниите. Фала однапред.
 

Troj4e

Знаменосец
Член од
24 април 2009
Мислења
157
Поени од реакции
4
Ми се потребни состави на темите: "Разочаранопиот и бунтовен јунак Чајлд Харолд", Евгениј Онегин-тип на одвишните луѓе во руското општ."
,"Татјана-идеален лик на руската жена", и "Романтичната љубов и добрина во романот "Малечката Фадета" ако може заинтерисираните да ми испратат Приватна Порака....
 
С

сашенко

Гостин
Ми треба состав за ''Странецот" од Албер Ками.
За кога ти е?Денес ке го имаш напишано тука.Има на темава за тоа пишувано околу 60та страна е провери ако е добро незнам кој го напиша ама можам малце поинакво да ти дадам јас...Gavran прашај го он има преубав состав на темата...оценет со 5+ од проф..
 
Член од
24 ноември 2010
Мислења
16
Поени од реакции
5
епа таман ја сакав да го ставам текстот што ми ја донесе највисоката оцена хехе................ епа вака тоа почнува:

Се прашувам, која е потребната работа за некој да посегне по чувство, доволно разумно, за да се сокрие од светот и да почне да размислува, длабоко да се замисли?
Секој во својата глава има свој свет во кој се е како што сме замислиле, но сепак е во допир со надворешноста. Некои велат дека морето го претставува животот, а нашите постапки се само капки, но сепак можат да го брануваат. Секој бран е ново достигнување, ново издигнување над површината. Но, што ако се оддалечиме премногу од тоа?
Што ако нашата стварност, искреност и сите позитивни размислувања и постапки ги фрлиме во длабочините на “морето”?
Тогаш, ние пропаѓаме во себе, се бориме со сопствениот живот, а некогаш доаѓаме во ситуација и да си го одземеме истиот. Да извршиме самоубиство. Дали тогаш кога ке останеме сами, ќе почнеме со прелистување на веќе прокоцканиот живот, иако е премногу доцна?

Животот е процес кој се одвива помеѓу неговото создавање и напуштањето на истиот. Тоа е суштината на човештвото и воедно смислата на постоењето. А смислата на животот се состои од чувствата. Кога чувствуваме среќа, радост, тага или болка, ние сме свесни за нашето постоење и за околината. Тоа значи дека имаме допирна точка со реалноста, се согледуваме себеси. Тоа значи дека сме “живи”. Но, што ако не ги поседуваме овие чувства во себе?
Што ако нашето секојдневие претставува празнина, едноставно, залудно трошење на скапоценото време?
Можеби ние секојдневно се прашуваме која е нашата цел, кон што да се стремиме, кој е нашиот пат, но некои луѓе не го делат истото мислење со нас. Некои луѓе го немаат своето второ јас, она што се нарекува совест. Тие се ладни, бесчувствителни, едноставно, не им е потребен животот затоа што незнаат како да го искористат, а и не сакаат, сеедно им е.
Но, би им било ли сеедно кога тие луѓе тотално ќе се одделат од општеството? Кога нивниот живот ќе го допре дното, а воедно и крајот? Тогаш тие луѓе ќе започнат со размислување, како би било кога би промениле некој дел од прокоцканиот живот. Зар, треба на сите луѓе казната да им биде одземање на животот, за да сфатат колку тие погрешиле? Премногу прашања, а премалку одговори.

Затворот во кој е сместена нашата смисла на живеење нема да ни помогне во пребродувањето на проблемите со себеси, туку ќе не оддалечи од светот повеќе отколку што сме. На таквите луѓе им е потребна нивната веќе изумрена комуникација со околината, љубов, вреба, надеж, нешто што ќе ги натера да го засакаат животот. Можеби тешко, но вреди да се проба.
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ќе ве замолам ако може некој да ми даде нешто за ликот на Елена Андреевна од „Вујко Вања“, ми треба за писмена работа. А и исто така ако може еден состав, исто за писмена работа за нихилизмот во драмата вујко вања
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Ево и од овде нешто мојш да истајш.:smir:

Странецот - Алберт Ками

Албер Ками е едно од најзначаните имиња во повоената француска литература, а овој факт посебно се должи на неговиот прв и најдобар роман - Странецот. Во него, прегу главниот лик (Мерсо) е претставен механичкиот и безчуствителниот начин на живеење.

Мерсо е нихилист, тој верува дека минатото и сегашното постоење на човекот е без некоја цел, сврсисхоидност или некоја посебна вредност. Тој ги негира вредностите на некои или сите социјални структури, власта и законот, нормите, вредностите и моралните принципи. Автоматски ваквиот начин на дејствување го води кон насилство и тероризам во однос на воспоставениот систем но исто така резултира и со пасивен отпор кон се, без било какви алтернативи.

Во овој роман Ками ни расправа за една форма на (не)сензибилитет и таквиот денешен/современ човек. Низ текот на романот, Мерсо е претставен како беспрекорно ладнокрвен човек во повеќе ситуации, како смртта на мајка му, врската со дактилографката Марија, и најважно од се, неговото убиство и судење во Алжир. Еден од клучните моменти во романот доаѓа кога Мерсо, во момент на изгубеност, раздразнет и заслепен под немилосрдното јужно сонце, безмалку со никаква причина, убива еден Арапин. Осуден е на смрт. Додека трае истрагата Мерсо е затворен и ја очекува смртната казна. Тие денови, во осамеништво и притвор, кај Мерсо постепено се буди револтот против бесмисленоста и апсурдноста на еден свет и живот, па и на еден општествен систем кој не сака да се соживее со Мерсо, уважувајќи ги моментите и мотивите на неговата интима.

Со сета негова дотогашна пасивност и рамнодушност кон животот, кога Мерсо се нашол пред смртта, се почувствувал подготвен одново да преживе се и како единствен начин на кој би можел да се почувствува помалку сам, посакува на денот на неговото погубување да има многу посматрачи кои ќе го дочекаат со извици на омраза, омраза кон неговото бидување странец во свет полн со странци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom