Најдраги кајганџии, итно, ама БАШ ИТНО ми треба ГОВОР за отварање на матурска вечер (темава ми се виде најафтентична за обраќање).
Ме избраа по некоја случајност, без мое инсистирање и јас си залегнав малце со мисла дека ''има време'' и ете, матурската ми е во четврток, а јас немам ништо спремено. Барав низ нетот, но најдов ништо конкретно, само некои си бедни упатства од американскиве средни школи, со тој нивниот црн хумор, што во наши балкански уши звучи патетично и крајно нехумористично. Јас си имам некој концепт во главата, знам отприлика што и како треба да кажам, така да и со ништо однапред спремено и научено, ќе се снајдам со отворањето, пошто немам трема од држење говори пред луѓе .. Али сепак, ако некој може да ми скоцка нешто би му бил крајно благодарен.