Aлбумин
Модел на молекула на албумин
Албумин е најзастапениот протеин во крвната плазме, застапена е бо околу 40-60% од протеините во крвната плазма. Албумин се добива во црниот дроб и неговиот живот трае 15-20 дена. Има улога во транспортот на разните материи преку крвната плазма. Некоњугираниот билирубин, разни хормони како на пр. тироксин, тиронин, полови хормони, масни киселини, јони (на пр. калциум) разни лекови (сулфонамиди, салицилати...) и тн. се транспортираат преку албуминот. Многу важна улога на албуминот е и во одржување осмотски притисок во крвната плазма. Со намалување на неговата концентрација следи губење (на пр. кај нефротскиот синдром, кај опекотинте) или со намалување на продукцијата (на пр. при инсуфицијенција на црниот дроб) можи да се јави генерализирани отоци (најизразен е анасарк) при исфрлање течности надвор од крвните садови. Со неговото разградување се ослободуваат аминокиселини, кои можат да се користат во разни метаболитички процеси во клетките.
Градба и особини
Албуминот е глобуларен протеин, кој постојано се прави во црниот дроб, поради тоа што се и постојано разградува. Молекулската маса на албуминот е околу 66.000 далтони, а изоелектричната точка е помеѓу пХ 4 и 5.8. При пХ вредност од 7.4 (што е и пХ вредност на венската крв) албуминот се наоѓа во вид на анјон, со повеќе од 200 негативни набои по молекулите. Поради овај голем број дисоцијабилни групи во молекулите, како и голема концетрација на албуминот во крвта, албуминот има голем капацитет за сврзување други лиганади (посебно позитивни јони како на пр. калциум, 40% од јоните на калциумот во крвта се наоѓаат врзани за албумин). Меѓутоа албуминот ги врзува и неполарните молекули како што се масни киселини, некоњугиран билирубин, хормоните: тироксин, тиронин, кортизол, алдостерон, потоа лековите и тн. и ги транспортира преку крвта.
Албуминот е прост протеин (не содржи други групи на пр. јаглени хидрати, метали). Најголем дел се наоѓаат во крвната плазма (околу 40-60 г/л), додека во останатите ектрацелуларни течности се наоѓа помала количина на албумин (околу 20-40 г/л). Во процесот бубрежна филтрација само еден мал дел од албуминот се филтрира (поминува низ бубрежните гломерули), но во бубрежните тубули се реапсорбират по пат на пиноцитоза. Всушност мембраната на гломерулите е истотака негативно наелектризирана како и албуминот, така да го одбива.
Албуминот игра важна улога во многу процеси.
• Многу важна е неговата улога во одржувањето на осмотскиот притисок во крвната плазме. Поради својата големина не поминува низ повеќе капиларни пори, така да останува во плазмата и ”држи” молекули на вода. Секое губење на албумин, односно негово смалување носи до губење на вода во екстравазалната средина, така да се јавуваат едеми (отоци). Едемите се најизразени кај нефротскиот синдром, кога преку бубрезите се губи големо количество на албумин и други протеини. Како последица се јавува едема на рацете, нозете, очните капаци, асцитис, генерализирани едеми-анасарка. Истотака и кај другите болести на пр. дијабетис, гломерулонефритис и тн. може да дојди до појачување на излачување албумин во урината. Кај опекотините доаѓа до зголемување на пропустливоста на крвните садови и излегување на албуминот во екстравазалната средина, исто така и дел од албуминот се разградува што е пропратено и со излевање на воде и настанување на отоци.
• Албуминот транспортира разни хормони.
• Транпортира исто така и масни киселини (слободни масни киселини) преку крвта.
• Некоњугираниот билирубин се транспортира врзан со албумин. Слободниот некоњугиран билирубин е токсичен за нервниот систем на новороденчињата, и може да предизвика болест керниктерус. При засилување на сите сврзувачки места за албуминот се врзува со гликопротеините од крвната плазма, но не така цврсто како за албуминот, така да можи и да се слободи, што може да доведи до болест.
• Многу лекови се транспортират врзани за албумин.
• Албуминот учествува и во одржавање на постојана пХ вредност во крвта. Функционира како пуфер крви.