Семејство од Скопје нашло парче стакло во леб

Статус
Затворена за нови мислења.

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Шо и да си најдеш у лебот, твое си е.

Башка парчево што го земал човекот треба да го чува,за да се најдат сите парчиња и да се состави шишето.



p.s Е што сакам,така мене у лебот да ми се заглави некој Цитроен 2007мо годиште.И нема да кажам на телевизија.
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408
Празнично издание само место паричка стакло :confused:

Имав една слична случка пред неколку дена онака поштено си влегувам во млечен ресторан и женава позади беше нешто изнервирана и си почна да плука по крофните и оттогаш не влегов таму.

Дефинитивно хигиенава кај нас е на завидно ниво.:sick:
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
300
Поени од реакции
122
Не е за смеење ова. Треба под итно да се пријави фирмата која го произвела овој продукт и истата да биде санкционирана, доколку ова е вистина.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.406
Da sam pekar,mala moja, dali bi me htjela.
-----------
Се нашло едно парче стакло во лебот, се заборавило при работата,најверојатно и ај сега барате бесилка за пекарот.
А гинеколозине и хирурзите што при работа забораваат во меот на пациентот: вати,ножици,клешти,ракавици,завои и др.за тоа ништо,нели,доктори се.А имало и тешки случаи за пациентите поради вакви случаи,и во поново време. Ама кој доктор одговарал за тоа или кој директор или министер,него ај сега удри по работникот - фати го фурнаџијата,кој можеби и врска си нема со случајот,а стакло како стакло е и невидливо и да било во брашното во 100 % случаеви ќе биде и во лебот. (освен ако го меси некоја снајка со раце, се расече и го тргне)
Или во шише пиво колку пати е најдено нешто,или ќе купиш зелена салата и внатре црв-глиста,некогаш и нема да го видиш ќе го издробиш или пак и изедеш.
Вие сите што давате критики-коментари,дајте и за вашата работа,како вие работите,исправни ли сте во све.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ништо чудно. Кај нас во производите може да се најде од се по нешто. Богами сите имаат ХАСАП систем ама колку е ХАСАП никој незнае а никогаш нема ни да знае. Треба самите фирми производители да водат сметка за квалитетот на своите производи а не некој друг.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
1 дел... скопско семејство...леб купен од еден скопски маркет... па парче стакло во него.... па не сакале јавно да говорат (100% се исплашиле сироти да не ги запаметат, па следниот пат да не им стават жилети или бодликава жица)... па сител ја одбрале... абе агата кристи го*на да јаде... мистика до максимуН

2 дел... сител ја контактирал агенцијата за храна и ветеринарство... од таму рекле дека никој до сега не пријавил ваков или сличен случај... иако сител од ексклузивни извори знае дека граѓаните на скопје во лебовите наоѓале глувци, инсекти, дрва, трупци.. па и машина за сечење дрва... се надевам у иднина дека сител прв ке објави како некој си ја пронашол жена му во леб....

смешни се веќе со фингираниве вести....
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.978
Поени од реакции
24.352
Обично не толку нереалистичната Теорија на Заговор до сега одела вака.

1. Трајче после обилниот ручек од варен кисел купус со праз, лезетски прднал.
2. Комшијата Митре само што не се угушил од миризбата и ги повикува Шител.
3. Шител прават брејкинг њуз објава во Дневникот-Скандалозно! Има ли контрола на човечките издувни гасови?! Петчлено семејство во скопската населба Кисела Вода едвај се спасило од соседскиот природен метан (CH4).
4. Од Министерството за заштита на неживотната екстрема објавуваат јавен тендер за набавки на анални филтри за издувни гасови што секој граѓанин мора да ги поседува. Казната за непоседување на чмарен филтер е од 2000-3000 евра за физички лица и од 5000-10000 за правните.
5. На тендерот најповолна (оти воедно е) и единствена понуда добива прилепската компанија-ТП Вергина, Коин на воњ анд сонс холдинг ДООЕЛ.
6. Калфа ТВ објавува дека тендерот е скандалозен бидејќи како сопственик на фирмата се јавува извесен Смиле Анакиневски (со прекар Скајвокеро) кој е наводно во роднинска врска со еден од министрите во владата. За кој министер станува збор останува мистерија.
7. Шител ги осудува овие објави како шпекулација.
8..........????
9. Профит
10. Трпе се сопнал од нерамниот тротоар.
11. Сител со брејкинг њуз-Скандалозно! Кој ќе ги смени дотраените и опасни тротоари?!!
12. ЈП Улици и патишта објавуваат јавен тендер за набавка на нови павер елементи.
13. Тендерот го добива компанијата-Тисимак Едонија ДОО од Струмица во сопственост на Милвана Цонева, која секако не е во никаква роднинска врска со една анонимна пратеничка
14.....
15....
16...итн
17. Повторување на кругот.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Пред 5 години јадејќи лецималт почна нешто да ми крцка низ заби...прво помислив дека ми се скршил заб....но излезе парче стакло.....теглата од надвор не беше оштетена....заминав на работа, а сопругата почна да ја мие теглата за да провери дали е внатре скршена....ми се јави и ми кажа дека теглата е скроз здрава но внатре покрај парчето што ми заглави во заби има уште три големи парчиња стакло.....најдобронамерно ја земав теглата и отидов во компанијата што го произведува производот....да им кажам што се случило и да ја проверат серијата....да не случајно во процес на производство им се скршила тегла и стаклото завршило во смесата за полнење

нивниот одговор беше....господине ако сакате може да ви дадеме нов производ....но такво нешто не се случило....во тој период кога е произведена теглата немало кршење на тегли

нова тегла не земав....но престанав да ги употребувам производите на компанијата....толку од квалитетот, стандардите и безбедните производи
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Е ова е страшно...треба јавно да се каже компанијата!
Тоа ќе биде нај големата казна,кога никој нема да купува од нив!
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.631
Поени од реакции
35.161
А што ако некој се прави факмен и сам стави парче од нешто во лебот и ја пријави компанијата, би било ли фер да се затвори поради некои мрсулковци, и од каде знаете дека стаклото е од фирмата, може е по набавувањето ставено, не викам дека луѓево лажат ама треба да се разгледаат сите варијанти. Не е така едноставно.
Јас незнам што е толку чудно (како да се случува прв пат) да се најде нешто во одреден производ, па веднаш се појавуваат ‘‘теории на заговор‘‘ може било подметнато, може било уценување, може било ова, може било она.
Токму затоа и постојат соодветни институции кои ТРЕБА да се позанимаваат со случајов и да реагират, се со цел да се заштитат потрошувачите.
Кој ќе ја сносеше вината доколку тоа парче стакло завршеше во устата на малолетно дете или на било кој?
Треба да има построги контроли, построги казни (не само парични) за сите произведувачи кои ги прекршиле стандардите. Па подоцна газдата нека си покренува соодветни постапки, дали Трајче му подметнал парче стакло во лебот заради неисплатени плати или Митра заборавила дека не се чешла косата додека меси леб
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Јас незнам што е толку чудно (како да се случува прв пат) да се најде нешто во одреден производ, па веднаш се појавуваат ‘‘теории на заговор‘‘ може било подметнато, може било уценување, може било ова, може било она.
Токму затоа и постојат соодветни институции кои ТРЕБА да се позанимаваат со случајов и да реагират, се со цел да се заштитат потрошувачите.
Кој ќе ја сносеше вината доколку тоа парче стакло завршеше во устата на малолетно дете или на било кој?
Треба да има построги контроли, построги казни (не само парични) за сите произведувачи кои ги прекршиле стандардите. Па подоцна газдата нека си покренува соодветни постапки, дали Трајче му подметнал парче стакло во лебот заради неисплатени плати или Митра заборавила дека не се чешла косата додека меси леб
Епа затоа и те цитирав, оти ти одма наведе дека фирмата е крива, и затоа реков дека треба да се разгледаат сите варијанти како дошло тоа во производот.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Океј на некои ваши коментари слатко се изнасмеав ама ова не е ниту малку наивно.
Ова ме потсети на една случка на блиска пријателка.
Беше купила леб,мртва гладна...Седнува да јаде а во лебот копче.
Дали не го приметила не знам и и застана на грклан.
Па триста доктори,триста кулци палци едвај го поврати.
Ова не се случува прв пат,ова е секојдневно...
Значи мора да се внимава зошто вака се губат муштерии.
 
B

BrunoFresh

Гостин
Не е ова ваков прв случај, се деси ова исто пред некоја година и во Прилеп.
Фамилија најдоја парче стакло и за малце ќе го голтнеле кога почнало да му светкаат ситни делчина.
И многу е лошо ако се баш такви ситни, нема да ги видиш ќе ги голтниш и појдоја и црева и се.
Заебана работа е ова, треба да се тужат ваквите случаеви.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom