Семејно насилство

J

joe.b

Гостин
Многу невкусна тема, многу невкусен муабет, не ни знаев како да ја крстам темава, па ова прво ми падна на памет.
Многу невкусно искуство што ми се случи денеска.... немам на кого во приватен живот од пусто "глупо и незгодно ми е" да кажам па решив да се испукам тука. Се надевам колку-толку некој паметен совет ќе научам и ќе можам да го споделам.
Фала му на господа па не беше на моја кожа, но исто ко да беше.
Се работи за мој другар кој си го фати таткото за гуша, и да не срипав јас и мајка му ќе го удавеше на место.
Татко му не е алкохоличар, нити коцкар, нити пропалица, напротив одликуван цајкан во пензија.
Со повеќе мани во приватниот живот. Како на пример:
- За сите е добар и најдобар, кого и да прашаш по улица само пофални зборови и дигање во ѕвезди ќе слушнеш, (до вечерва и кај мене важеше за таков - (Дома е најлош))
- 40 години е во брак со сопругата (мајка на другаров) преку 20 пати во нивниот брак ја имал тепано (асално) од пуста си некоја љубомора. (женава има све преќутено и до ден денеска трпи разноразна тортура, мада веќе и не ја трпи бидејќи навикнала на се тоа)
- Екс цајкан, пријатели насекаде како што споменав погоре, за сите и кај сите е добар. Правно во оваа усрана наша полиција да го гониш е џабе губење време буквално.
- Детево има претрпено и јадено ќотеци во минатото за банални работи (тато дај 10 денари за сладолед, за возврат шамар, имал слаба оценка во школо, ќотек до посерување, прачки и опасачи цајкански по цело тело)
- Наоѓал најмала ситница најмала глупост (што уствари не е проблем) , само да падне во кавга со најблиските дома и на крај да се испразни на нив.
Женава јас ја прашав (Тетка Горде, зошто ти не отидеш во полиција и да кажеш се што имаш проблем, ти како сопруга, сигурно ќе те ислушаат, и ќе превземат нешто, на крај краева и да е толку јак со врски, телевизија ќе се викне, новини ќе пишуваат за него, мора некој нешто да превземе, не е он ГОСПОД мајку му стара...) Кутрата само ме гледа со насолзени очи (срцето ми се искина кога ја гледав, што се нема преживеано, јака и душа Господ нека ја чува само) и ништо не одговара, сигурен сум дека и ова ќе го проголта и дека тоа што го кажав јас нема да го примени, од една страна од страв а од друга пусти срам да не дознаат комшиите како они се расправаат.
Да е алкохоличар или коцкар би го разбрал до некаде само затоа што нема да биде единствен пример. Но за одликуван полицаец. Стварно немам зборови.
Во превод, чоеков испадна ѓубре кое на светов не постои,(барем јас не сум сретнал до сега) ама кога не би биле толку блиски со него, ќе помислите дека се работи за злато од човек.
Денеска за моја несреќа бидејќи присуствуват на тој чин кога се прелеа чашата... другаров мој (кој го знам преку 30 години никогаш го немам видено таков) стана, растури се од масата што беше поставено кај што седевме му срипа и го здави за гуша, јас во првите 5 секунди бев здрвен, со очите и устата отворени ширум.
После дури кога увидов дека се тоа стварно се случува, срипав и почнав да ги растргнувам.
Он ладно си запали количето отиде у најблиската станица го пријави, цајкани дојдоа за 5 минути го собраа на информативен разговор, сеуште е таму, но од таму ми се јави ми рече дека не се враќа дома и дали може да дојде кај мене да спие, што не е никаков проблем, нека остане колку сака, но спиењето и преспивањето кај мене не е солуција за неговиот проблем. Јас стварно во овој момент сум сеште под негативно влијание, стомаков сеуште ми центрифугира, и стварно во моментов не ми текнува ништо паметно и корисно да му предложам и да му помогнам, едноставно не знам како да му помогнам. Јас највеќе затоа ја отворив оваа тема со надеж дека преку вашите постови некако ќе можам да му помогнам на некој начин или пак да му дадам совет.
 
Последно уредено од модератор:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Со оглед на тоа што синот е физички спремен да го онеспособи таткото, мора да работи на психата.
Значи ти ќе збориш со другар ти и ќе му кажеш како треба да биде паметен, зрел, не смее никако да избувнува, да не се доведе во „жута минута“ затоа што може да биде кобно.
Дополнително, зар на другар ти не му е страв дека ако не биде дома таткото му може да ја повреди мајка му?
Нека иде дома и нека биде смирен. Нека вежба јога или нешто, сериозно. Мора да биде психички стабилен и не смее лесно да избувнува без разлика што прави татко му.
Во случај таткото да претера со нешто синот треба да срипа и да го онеспособи. Со тек на време би требало да се смири таткото.
Нека шетаат и нека разговараат.
Нека разговара другар ти со сите роднини и да ги вика на гости почесто.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.741
Млад сум многу да да кажам нешо паметно мислам дека не е ништо посебно не можеш да направиш.Другарот твој ако може ако има услови колку е можно побрзо нека се исели од дома но никако да не ја остави мајка му кај тој монструм.[DOUBLEPOST=1478119305][/DOUBLEPOST]

Јас мислам дека нема решение со насилници кој си ги тепаат своите најблиски.Еднаш ако си ја удрил својата сопгруга ќе го направиш и друг пат тоа.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864

Aко си млад, советот ти е на место.
Во вакви ситуации не помагаат психологии и филозофии, ендонставно дечкото треба да биде храбар и да пресече и да се отселат, некаде со мајка му, верувам дека тоа за идиотот ќе биде казна, а тие ќе живеат помирно.
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
Го сфаќам бесот на другар ти на кого му дошло преку се со оглед на тоа дека уште од дете гледал како ја малтретира мајка му, а и самиот трпел на своја кожа ќотеци и сл., но сепак при следна ваква ситуација може и да направи глупост, а реално не заслужува да лежи во затвор за тоа ѓубре од татко... па мое мислење е под итно развод (дури и не мора) и заедно со мајка му селење на друго место, ако треба и под кирија ако нема каде, се е подобро отколку да се продолжи таков живот во истата куќа... да го пријавуваат нема смисла (кога веќе бил полицаец и има сеуште многу врски, а знаеме кај нас се како функционира во тој поглед) зошто тоа се само плус непотребни трауми...
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Со оглед на тоа што синот е физички спремен да го онеспособи таткото, мора да работи на психата.
Значи ти ќе збориш со другар ти и ќе му кажеш како треба да биде паметен, зрел, не смее никако да избувнува, да не се доведе во „жута минута“ затоа што може да биде кобно.
Дополнително, зар на другар ти не му е страв дека ако не биде дома таткото му може да ја повреди мајка му?
Нека иде дома и нека биде смирен. Нека вежба јога или нешто, сериозно. Мора да биде психички стабилен и не смее лесно да избувнува без разлика што прави татко му.
Во случај таткото да претера со нешто синот треба да срипа и да го онеспособи. Со тек на време би требало да се смири таткото.
Нека шетаат и нека разговараат.
Нека разговара другар ти со сите роднини и да ги вика на гости почесто.
Да бе јога да вежба а татко му 30 години тортура им вршел на него и мајка му. Што, ќе ја тепа мајка му а овој со скрстени нозе лама лама лама лама ќе вика и ќе медитира. :D
Татко му чим до сеа не се опраил сеа на стари години ич нема, не гости да му доаѓаат секој ден, свети Илија нека му дојде ако сака не го оправа. Он пред гостите ќе си биде секако фин за после тоа да убие бога у нив дома.

Нека земе нека му ги искрши колената и чао пријатно, ко чичко Кумлунг нека венее после да му ебам све.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.103
Поени од реакции
9.698
Сега можеби е касно ама најпрво што требало да направи е да го раскринка во јавноста. Со некоја скриена камера да сними дел од однесувањето на старото ѓубре па тек потоа да се иселат од дома со мајка му и да почнат со пријави, тужби и секако објавување на снимки доколку е потребно. Секако гомното само нема да тера долго, ќе експлодира пред тоа ќе си еби матер, посебно ако сите го знаат, навикнат е да се истура врз послаби и беспомошни и да изиграва шериф. Остави го сам нека живее, разоткриј го во јавност, пријави го, па кога ќе се можи зошто да не и по некое добро млатење само без видливи повреди. Али ако не сакаат да одат во јавност тогаш како што кажа Џонтра нека земи нека го осакати или уште подобро нека плати други да го сторат тоа наместо него и ајде у курац нека се носи нека скапи пичка му мајчина. Само гледај смири го да не го убие да не скапува за џабе по затвори за некој стар имбецил. Како и да е, сега најпаметно е да си одат од дома и тој и мајка му па другото после.
Ова како сценарио за мафијашки филм дојде упм :facepalm:
 
D

Daedalus

Гостин
Малце заебано е во вакви ситуации да се дава совет бидејќи не е така просто. Прво, не знаеме кои се причините поради кои таткото е агресивен и ги прави тие срања. Можеби има ментално пореметување, можеби жена му го изварала пред 20 години и овој се истура на нејзе цело време, можда собира нешто друго у него или крие некое трето срање па вака вентилира, можда е само шупак којшто сака да газдува во семејството, можда е воспитан дека вака е правилниот начин на којшто треба да се однесува како маж во куќата и така натаму. Зависно од причините, треба да се има различен пристап, дали психијатриска терапија, разговор, развод, пријава у полиција, снимање со медиуми и така натаму.

Физичко насилство никако не поддржуем и најверојатно, политички коректниот одговор би бил, „нека се разведе и нека бега со синот“, ама за жал ко што веќе кажав, не е така просто. Не го знаеме нејзиниот финансиски статус и дали може сама да се издржува во моментов, не знаеме дали се плаши од можни последици и има страв од него и све тоа у куп. Не веруем дека конструктивно решение е да му собере новинари на татко му дома и да направи циркус од нивното семејство освен у крајна мерка, ако е тоа е последната алтернатива и нема други пообјективни начини за решавање на проблемот како разговор, терапија, развод, обид за помош од полиција и слично.
 
Каков црн разговор, батали го ова. Им преостанува да се преселат тој и мајка му доколку можат нормално, и после да започнат со тужби и слично доколку продолжи да ги вознемирува. Или како што кажав - насилство кое еден ден лесно можи до убиство да доведи. Или пак трето - да си трпат. Не знам што друго би правеле
 
J

joe.b

Гостин
Фала ви на сите за советите. Пиејќи сабајлево кафе, се спремав за накај работа, и он исто (преноќи кај мене) му ја спомнав варијантата што повеќето од вас ја споменавте за иселување он заедно со мајка му, му реков "Кога веќе е таква ситуација оди некаде под кирија, тука сум јас, имаме широк круг на другари со кои дружиме децении наназад колку можам ќе излезам у сусрет да се средите, сите ќе помогнеме"
Он уште порано и го има предложено истото на мајка му но она му одговорила цит: "Цел живот сум овде, сум вложила во градење на куќава, кредити подигнав, здравје оставив" Типично мислење на обична средновековна жена од Македонија. Познаваме секој од нас барем 5 жени од овој вид.
Кога сме кај убиството, тоа и јас го реков дека е можно да дојде до најлошото па да заглави по затвори, јас не го сметам за таков човек, од тој калибар, но се е можно не дај Боже..
Убаво напиша @Daedalus
Точно неможеме да ги знаеме причините за неговото однесување кога ни самиов другар кој е член на тоа семејство не ги знае.
Можно е да се работи за нешто што се случило многу одамна. Не знам стварно.

За да не би дошло до офтопик муабети, и темава да не дојде до контакт со форумџиите мајтапџии администраторите или модераторите можат комотно да ја избришат или пренаменат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Жените поради тоа мислење цел живот ќе поминат со такви мажи, а не мислат дека децата ќе растат во нездрава средина и дека и тие така ќе се однесуваат. Стануваат толку зависни што мислат и дека нема да можат да се снајдат без него, па затоа ќути, трпи и надевај се дека нешто ќе се промени и ќе тргне на добро. И така поминале 40 години од бракот.
Затоа пак денешниве генерации не трпат многу и ако осетат нестабилност кај партнерот, малтретирање, си одат и ретко даваат друга шанса.

Неговата мајка и да има направено нешто тоа не може да биде оправдување, за неговото насилното однесување. Може и татко му да има направено, па грижата на совест да ја истура врз неа. Или пак од детството има искуство со семејно насилство или сака да доминира и да реши некои проблеми, а не знае тоа да го направи со разговар па го прави по насилен пат.

Кај нив грешката е направена одамна и мислам дека решение не е иселување. Првиот чекор требало да го направи неговата мајка пред многу години кога татко му го тепал за глупи работи. Сега не е лесно после толку поминато време и инвестирање во изградба на домот, пак да се почне од нула.
Другар ти сигурно веќе го има надраснато неговиот татко и нека се врати дома и нека и даде поддршка на неговата мајка, затоа што ваквите кукавици како татко му што се истураат врз женско се плашат од храбри, заштитени и самоуверени личности.

Какви семејни насилства има да ти се згрози еј. Голи децата ги оставал пред врата, жената ја затворал во кокошарник, не им дозволува да се бањаат итн. :tapp:
 
Член од
19 февруари 2012
Мислења
24
Поени од реакции
3
Eve edna druga prikazna. Eminenten lekar koj ima privatna praksa so godini ja maltretira fizicki i psihicki svojata sopruga. Zivee vo nejzina kukja i saka da ja istera od doma. Kako najloso decata se na negova strana zatoa sto ima pari.
Ja sovetuvam da se razvede...i e strav od kotek, ke i gi zemel decata...pa neka odat po gavolite i toj i decata. E pa covekot imal vrski na visoki funkcii. Moja cudesna zemjo......
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Eve edna druga prikazna. Eminenten lekar koj ima privatna praksa so godini ja maltretira fizicki i psihicki svojata sopruga. Zivee vo nejzina kukja i saka da ja istera od doma. Kako najloso decata se na negova strana zatoa sto ima pari.
Ja sovetuvam da se razvede...i e strav od kotek, ke i gi zemel decata...pa neka odat po gavolite i toj i decata. E pa covekot imal vrski na visoki funkcii. Moja cudesna zemjo......
Имаше една сцена во The Accountant, бираш или си жртва или не си жртва. Од кај си сигурна дека она не го сака она што и се случува?
Тоа ти е исто како на циганине.....ги жалиш немале работа и немале пари ради тоа за живот а циго нејке да чуе рака да помрдне.....секоја чест за исклучоци.
 
Член од
25 март 2014
Мислења
717
Поени од реакции
733
Од толку многу луѓе што пишале мислења, на ниту еден не му текна дека женава можеби нема егзистенција, нема плата или пензија, па затоа се одлучува да живее со насилникот- маж. Повеќето од жените што живеат во семејно насилство и немаат реално каде да одат, пред и над се! зошто се ФИНАНСИСКИ ЗАВИСНИ, од своите сопрузи!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom