Семејно насилство

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Генерално насилството врз жените не е последица на женското однесување, туку последица од патријархатот и 'маженца' со искривени вредности, кои решиле да ја злоупотребат моќта на својот пол врз физички послабиот пол.
Да да, на тие маженца од чиста мира им текнало да ја злоупотребат моќта на својот пол.

:pos: :pos: :pos: :pos:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.427
Поени од реакции
11.264
Да да, на тие маженца од чиста мира им текнало да ја злоупотребат моќта на својот пол.

:pos: :pos: :pos: :pos:
Па во нив е проблемот. Од што им фали нешто во главата. Суперегото не им функционира ко што треба.

Зарем постои доволно силна причина за да применуваш насилство како мерка за решавање на проблеми?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
Па во нив е проблемот. Од што им фали нешто во главата. Суперегото не им функционира ко што треба.

Зарем постои доволно силна причина за да применуваш насилство како мерка за решавање на проблеми?
И те како постојат причини... но не како мерка за решавање на проблеми туку како одговор на насилство од другата страна.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Па во нив е проблемот. Од што им фали нешто во главата. Суперегото не им функционира ко што треба.

Зарем постои доволно силна причина за да применуваш насилство како мерка за решавање на проблеми?
Секако.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.737
Поени од реакции
7.219
И тоа го доживеав, крена рака на мене.
Колку и да ти е тешка одлуката, ако не се тргнеш од таму, сешто можеш да доживееш. И, најнормално е секое насилство да го пријавиш
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50

Да имав каде одма, овде и да пријавиш се додека не те убие не реагираат.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.737
Поени од реакции
7.219
Да имав каде одма, овде и да пријавиш се додека не те убие не реагираат.
Сепак реагираат. Постојат инспектори, задолжени за тоа. Ќе биде повикан и предупреден, доколку нема повреда или, ќе биде гонет, доколку има. Сите пријавувања ќе ти ја олеснат евентуалната судска постапка, во иднина
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
Сепак реагираат. Постојат инспектори, задолжени за тоа. Ќе биде повикан и предупреден, доколку нема повреда или, ќе биде гонет, доколку има. Сите пријавувања ќе ти ја олеснат евентуалната судска постапка, во иднина
Читаме колку реагираат, тек убиство кога ќе има. Ќе поразговараат па ќе го пуштат да се "смириме" и господ напомош тогаш да ми е. Чим и рака крена на мене ќе крене пак.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.641
Поени од реакции
35.182
Чим и рака крена на мене ќе крене пак.
И ајде сега да бидеме брутално искрени.
Кој во случајов е виновен?
Тој што те удрил или ти што си го дозволила тоа?
Веќе наназад прочитавме дека човекот психички те малтретирал. Тука застануваме. Тоа психичко малтретирање, еднаш, два пати, три пати, требаше да ти биде алармантен знак дека е потребно нешто да си превземеш со време.
Членовите тука ти испраќаа броеви од луѓе и здруженија кои можат да ти помогнат.
И што направи ти? Кои конкретни мерки ги превзеде, за да нешто се промени.
Бараше работа, најде ли нешто?
Или тапкаш во место со надеж дека дотичниот господин ќе му текне да си го стави прстот на умот и ќе се промени? Не се надевај на тоа, затоа што тоа нема да се случи.
Кажуваш дека веќе кренал рака на тебе. Гледам свесна си дека штом дигнал рака на тебе еднаш, дека делото ќе биде повторено. Ете веќе ти предложија да го пријавиш, ама тебе некако не ти се слуша „и господ напомош тогаш да ми е“ - тоа не е решение. Не е решение „ ќе седам и ќе чекам пак да ме удри“
Решение е да си го земеш детето и да си заминеш. Решението е преземање на конкретни мерки со цел тоа физичко малтретирање да не се повтори уште еднаш.
И те молам немој со приказни, немам каде да одам. Кога човек има мака, орлови нокти ќе стави и ќе се бори. Ако не сакаш да се бориш за себе, барем бори се за твоето дете. Помисли на сопственото дете.

П.С. Ниту еден маж на светот не е толку вреден, за да му биде простено физичко насилство врз жена. А истиот момент штом ја дигнал раката во воздух, тој веќе престанал да биде МАЖ
 
Никој да не се најде во таква ситуација, две деца имам. Плус да го пријавам кај колегите ли? Нему или мене ќе ми веруваат. Се јавив во едно здружение нудат помош само за неколку дена после што да правам.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.737
Поени од реакции
7.219
Никој да не се најде во таква ситуација, две деца имам. Плус да го пријавам кај колегите ли? Нему или мене ќе ми веруваат. Се јавив во едно здружение нудат помош само за неколку дена после што да правам.
Да, кај колегите да го пријавиш, не дај Боже пријавуваш. Како тргнало, и до тоа ќе дојде.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.641
Поени од реакции
35.182
Никој да не се најде во таква ситуација, две деца имам. Плус да го пријавам кај колегите ли? Нему или мене ќе ми веруваат. Се јавив во едно здружение нудат помош само за неколку дена после што да правам.
Да ти се живи и здрави децата. И точно никој да не се најде во таква ситуација.
НО, те молам немој да си бараш оправдувања. Туку треба да си бараш решенија.
Да, ќе го пријавиш кај колегите. Колегите нема што да ти веруваат тебе или нему. Доколку пријавиш во надлежен орган. Тие по службена должност МОРА да направат записник. Записникот не се прави по нивни верувања, туку според тоа што ТИ ќе го кажеш.
Утре баш тоа пријавување ќе ти биде евентуално покритие (како што ти кажа и gurman2) за понатамошна судска постапка.
Се јавив во едно здружение нудат помош само за неколку дена после што да правам
Кога имаш два ангели до тебе, треба да се бориш за нив. Твоите деца се твојата најголема поткрепа, за нив треба да живееш и за нив треба да се бориш. Тие те имаат тебе, ти ги имаш нив.
Нема „после што да правам и да дигаш раменици“, туку ќе си ги земеш работите во свои раце.
Ќе си најдеш работа. Побарај по огласи, имаш многу огласи кои бараат помош за нега на стари луѓе. Децата им се во странство, тие останале сами, па бараат некој да им помага, пазари, за нив се грижи. Ем можеш да се договориш за помалку пари да живееш кај нив. Ем ќе имаш кров над глава, ем ќе земаш плата.
Има луѓе кои им треба помош за чување мали деца. Платата е солидна.
Има огласи за да чистиш по куќи. Исто плата солидна. Распрашај се по локални маркети секогаш некаде бараат продавачки. Имаш многу отворени опции. Седни и размисли си со ладна глава.
Знам тешко е. Ама уште потешко ќе ти биде доколку дозволиш твоите деца да ја гледаат сопствената мајка како е физички и психички малтретирана.
Од мене толку, одјава :pipi:
 
Не барам оправдување помалото не оди во градинка, а поголемото исто моментално не оди заради тоа што предност имаат деца со двајца вработени иако е запишан. Нема кој да ги чува. Барав за викенд некаде. Пишав и во друга тема за кредити за невработени дали даваат за да започнат свој мал бизнис. Не само он тој што психички напаѓа тука се и неговите родители. Многу има за пишување за животов кој го живеев и живеам. Нема да ве замарам повеќе и да ги читате моите мислења.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ovs

Kajgana Shop

На врв Bottom