Не знаев дека Албанец и Македонка се вери.
Како си шетате со предрасудиве, алал да ви е
Али ако, далеку стигаат оние со затворени очи
Како и да е...
Мајка ми и татко ми се од различни вери. Мајка ми е католик, татко ми православен.
Знам дека многумина ќе прокоментираат дека тоа е истата вера па одма да ви кажам дека не е баш така.
Тоа се две различни цркви, се слават празници на различни денови, градбите на црквите се различни, титулите се различни (свештеник/поп)
крштевкие се различни, свадбите...
Да не го тупам - два сосема различни света кои се темелат на иста историја.
Моите не се земени во црква зашо секоја од црквите вели дека другиот треба да стане нивни „член/следбеник“ за тоа да биде возможно.
Последно нешо е на мајка ми и рекоа дека може, татко ми да потпише дека сака а мајка ми сама да отиде во црква и да си ја направи свадбата.
Брат ми е крстен како мал во православна црква, а кога порасна си зема прва причест (крштевка) во католичка.
Јас не сум крстена ни вами ни таму.
Кај нас дома се слави католички Велигден/Божиќ и православен Велигден/Божиќ.
Се слават поголемите католички и поголемите православни празници.
Никогаш во животов не ми се десило да им кенкам на моите зашо не ми дале една религија или како можеле да ме воспитуваат во двете, бла бла.
Како мала сум сфатила дека моите се од различни култури и вери, одат во различни цркви, живееле во различни држави....
Не сум се акала од земја за тоа. Ниту пак брат ми.
Мајка ми ми кажувала дека има Господ. Тоа било се. Не исправала криви дрини за која црква треба да ја почитувам а која не.
Ете ви, информација од дете од мешан брак.