Сексот и насилството не ја намалуваат уметничката вредност на филмот, туку може и да ја интензивираат. Сепак зависи од причината и начинот на кој се вметнати.
Дури и во филмовите од типот на оние со Jean Claude Van Damme, или Emmanuelle, каде што сексот и насилството се единствената причина и последица, не ја нарушуваат уметничката вредност затоа што не ја ни поседуваат истата.
Но, кога збориме за филмови како Clockwork Orange или Natural Born Killers, каде насилството и сексот се вметнати за да пренесат една поголема порака, нормално дека ја засилуваат вредноста на филмот. Многу квалитетни филмови би делувале бледо ако биле цензурирани.
И не велам дека е ок дечиња да гледаат такви филмови затоа што истите имаат уметничка вредност, него сметам дека кај нас треба да има movie ratings, каде што овие филмови би биле означени со R или PG, и нема да им бидат достапни на деца. На тој начин ниту некој ќе обвинува дека децата би се "истрауматизирале" од експлицитната содржина на филмот, ниту пак филмовите ќе бидат осакатени од непотребна цензура.