Не! Никако не е себично да сакаме се! Дури и можеме да имаме се, се додека се трудиме доволно, додека сме верни на нашата личност, додека сме реални во врска со тоа што го сакаме! И се разбира, се додека знаеме да го цениме тоа што го имаме, и да бидеме способни да го задржиме тоа што го имаме! :smir:
Но во реалноста тоа е поинаку.
Еве да појдам од нешто што сите го знаеме-`се` и како зборче е себично,една обична согласка и самогласка за сите материјални и духовни добра што постојат на светов.Пф.
Кога трудењето станува доволно всушност? Ние една мала целина од животчето кое секоја минутка виси на конец се трудиме да преживееме,и ако сме доволно среќни да не реши некој пред нас дали после утробата ќе кажеме мама или не, минуваме низ многу периоди,амбициозни периоди,и тие периоди всушност се добри. Отсекогаш сум велела дека позитивната љубомора,да ја побиеш конкуренцијата,да се трудиш да станеш подобра личност со која првенствено ти ќе бидеш задоволен е најкорисното нешто што можеме да го направиме со нашиот живот.Ако под твоето се` мислиш на задоволството кога ќе го видиш твојот лик во огледалои нема да гледаш мивка,тогаш твоето се` е сосема доволно. И овде би ја додала Квендолин,моето се` е всушност само некое туѓо доволно. Но ако е ова само некоја реплика од некој рандом воен филм кога си примил куршум в тил а некој ти вика да бидеш верен на личноста или да ти префрли дека не се трудиш доволно за да преживееш,што е најважно за она `се` ,жалам,ама ова што го кажа е толку фиктивно.
Се` е како небото. Не можеш да го собереш в торба и да го однесеш дома и да го ставиш како пехар во комодата. Не постои се. Постои само сосема доволно од доволното,доволно од доволното,доволно...и комшијата кој стоел пред тебе во ред и купил ливче лото и добил седмица по 5 години врткање на топчиња.