Себично е да сакам се`?

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
не е себично да сакаш се...не значи ако сакаш се дека ќе добиеш се....
ако сакаш се, и го постигнеш тоа се на фер плеј, тогаш во ред е...
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
:helou:Да внимаваме сакањето се, да не прерасне во алчност ,тогаш губиме се:smir:
 
Jin

Член од
17 февруари 2008
Мислења
419
Поени од реакции
20
Секој сака се ама треба да се сака и да се почитува тоа шо се има
 
*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Не! Никако не е себично да сакаме се! Дури и можеме да имаме се, се додека се трудиме доволно, додека сме верни на нашата личност, додека сме реални во врска со тоа што го сакаме! И се разбира, се додека знаеме да го цениме тоа што го имаме, и да бидеме способни да го задржиме тоа што го имаме! :smir:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин

Но во реалноста тоа е поинаку.
Еве да појдам од нешто што сите го знаеме-`се` и како зборче е себично,една обична согласка и самогласка за сите материјални и духовни добра што постојат на светов.Пф.
Кога трудењето станува доволно всушност? Ние една мала целина од животчето кое секоја минутка виси на конец се трудиме да преживееме,и ако сме доволно среќни да не реши некој пред нас дали после утробата ќе кажеме мама или не, минуваме низ многу периоди,амбициозни периоди,и тие периоди всушност се добри. Отсекогаш сум велела дека позитивната љубомора,да ја побиеш конкуренцијата,да се трудиш да станеш подобра личност со која првенствено ти ќе бидеш задоволен е најкорисното нешто што можеме да го направиме со нашиот живот.Ако под твоето се` мислиш на задоволството кога ќе го видиш твојот лик во огледалои нема да гледаш мивка,тогаш твоето се` е сосема доволно. И овде би ја додала Квендолин,моето се` е всушност само некое туѓо доволно. Но ако е ова само некоја реплика од некој рандом воен филм кога си примил куршум в тил а некој ти вика да бидеш верен на личноста или да ти префрли дека не се трудиш доволно за да преживееш,што е најважно за она `се` ,жалам,ама ова што го кажа е толку фиктивно.

Се` е како небото. Не можеш да го собереш в торба и да го однесеш дома и да го ставиш како пехар во комодата. Не постои се. Постои само сосема доволно од доволното,доволно од доволното,доволно...и комшијата кој стоел пред тебе во ред и купил ливче лото и добил седмица по 5 години врткање на топчиња.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Се` е како небото. Не можеш да го собереш в торба и да го однесеш дома и да го ставиш како пехар во комодата. Не постои се. Постои само сосема доволно од доволното,доволно од доволното,доволно...и комшијата кој стоел пред тебе во ред и купил ливче лото и добил седмица по 5 години врткање на топчиња.
абе...јас сепак мислам дека не е себично да сакаш се`, се дур немоеш да го добиеш...ти сакај си, никој не ти брани...
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Не е себично да сакаш се,сега колку е себично зависи од начините на кои се трудиш да го добиеш тоа...И зависи од твојата развиеност на свесноста што е тоа се што сакаш да го добиеш,тоа може да биде нечива смрт или слично е тогаш навистина е себично.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.259
Секој сака се ама треба да се сака и да се почитува тоа шо се има
Се согласувам. Ако не сме волни да го почитуваме тоа што веќе го имаме, не можеме да го бараме и сакаме тоа што го немаме. Но понекогаш, има некои работи кои ги бараме упорно, а уствари сваќаме дека одсекогаш сме ги имале.
 
D

Daftie

Гостин
Зошто пак себично..?
Воопшто не е себично да сакам ова и она и она и она, додека не мислам да ги земам од некој друг.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.580
Поени од реакции
1.885
не е себично, нормално е.
себичен си ако само за себе мислиш. или не...?
 
MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Што мислите дали е себично, егоистично од една персона да сака се во животот?Иако напоменувам дека тоа се е релативен поим и дека се за сите е различна работа.
Се помирувате со тоа што го имате и оставате на тоа што ќе ви даде животот или се борите за тоа се што го сакате?
Мислите ли дека понекогаш фактот дека сакате се е причината поради која, тоа што го имате никогаш не ви е доволно?
:devojce 1:
Нормално е една личност да сака да има се во животот, човечкото око е ненаситно, колку и да има, секогаш сака се повеќе и повеќе, но прашање е дали е толку силен и упорен да го постигне тоа што го сака. Зависи од карактер, лично јас сум особа што ако нешто сака да има ќе гази и боса на трње и ќе го добие нештото :smir: Не го сметам тоа за себичност, бидејќи личноста сама се бори за да ја достигне целта која си ја има замислено, а тоа не е воопшто лесно.
 
А што подразбираш под тоа ќе газиш и боса на трње?И преку човечки живот би стапнала само за да го добиеш нештото?:smir:
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
А што подразбираш под тоа ќе газиш и боса на трње?И преку човечки живот би стапнала само за да го добиеш нештото?:smir:
Изгледа го почитува она „Целта ги оправдува средствата“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom