Свој бизнис - т.е своја идеја

Член од
14 ноември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
3
е ај здраво :)
епа вака, гуглајки дознав дека инвестирањето во недвижности, е исплатлив бизнис .. сеа ми се врти низ глава, да зеам и јас да инвестирам во нив ..

веќе подолго време сум во Канада,и иам запачалено некоја "пара" ,не е Бог ти знае колку,ама доволно ми е за едно мало бизнисче ..

си велам,да зеам да купам куќа во Охрид,до езерото и да го напраам RentARoom .. дали би ми се исплатело? ако има некој што го има овој бизнис,нека ми пише ..
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Ако се движат цените како пред две-три години би ти се исплатело.

Но со визнава либерализација незнам дали интересот за Охрид би бил ист како порано. За парите што се даваа за во Охрид, сега со либеризацијата можеш да отидеш некаде на море со истите пари.
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
3
не мислев баш конкретно Охрид,али нема везе .. си мислев и нешто да зеам во Штип,или Скопје да напраам соби за студенти,таму течат пари :)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Ако сакаш баш во недвижнини да инвестираш, поарно земи стан во Скопје, среди го, наместен да биде и издавај го на студенти. Школска година 9месеца > лето 3месеца.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.323
Поени од реакции
15.576
Треба да знаеш:
1. Дека во Охрид ти е сезона 1 месец најмногу, а во Скопје студенти имаш 9 месеци.
2. Цените во Охрид се поголеми, во Скопје помали за изнајмување на соби
3. Цената на недвижностите секогаш ќе расте поради порастот на населението.
.... итн....
 
С

сашенко

Гостин
не мислев баш конкретно Охрид,али нема везе .. си мислев и нешто да зеам во Штип,или Скопје да напраам соби за студенти,таму течат пари :)
Тоа е исплатливо многу, само да ја погодиш локацијата.Неколку месеци research и конскултации и тогаш одлучи си каде, само не брзај зашто и ти знаеш самиот колку е важна локацијата за таа работа.Се повеќе и повеќе студенти има последниве години и од провинција многу доаѓаат во скопје, мислам дека тука на направиш нешто такво ке можеш да заработиш нешто ама тешко да најдеш добра локација тука.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Во Скопје би ти се исплатело мислам јас, пошто јас сум студент сместен во приватен стан и кириите се големи. Под 70 евра од човек речиси и да нема сместување. Има некои исклучоци но во глобала кириите се високи, а и бројката на студенти во Скопје константно се зголемува од година во година.

Не очекувај веднаш да ти се вратат парите, тоа не е можно. За подолг временски период, сигурно ке ги вратиш. Пошто студентите најверојатно нема да го користат станот преку летото, треба на неколку години да го менуваш мебелот и такви ствари.

Но ако имаш добра работа која ти носи добар приход, и плус ова од станот, да ти течат пари настрана без никаква работа, ти си супер!!!
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
3
@ Saseptt:
корекција, *САМАТА :P

инаку знам,нема такви локации често,ама има некои добри :)
башка,ја кирија нема да зиам 70,ќе зиам да речеме 50-60,секој оди кај што е поефтино :)

ако знае некој некоја добра локација,да се продава,нека ми пише пвт .. и така за месец време сум во Мк,да разгледам,да видам :)

--- надополнето ---

Во Скопје би ти се исплатело мислам јас, пошто јас сум студент сместен во приватен стан и кириите се големи. Под 70 евра од човек речиси и да нема сместување. Има некои исклучоци но во глобала кириите се високи, а и бројката на студенти во Скопје константно се зголемува од година во година.

Не очекувај веднаш да ти се вратат парите, тоа не е можно. За подолг временски период, сигурно ке ги вратиш. Пошто студентите најверојатно нема да го користат станот преку летото, треба на неколку години да го менуваш мебелот и такви ствари.

Но ако имаш добра работа која ти носи добар приход, и плус ова од станот, да ти течат пари настрана без никаква работа, ти си супер!!!

кај студираш?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Ne e bas ko so mislis so studentite i kiriite ne se visoki tuku se normalni poso site sakate u skopje da studirate ti mozes da zemas da receme 200evra mesecno. Ama treba i da vlozuvas za stanot nekoi raboti se trosat so tek na vreme ama pa ima i studenti so se ponasaat ko stoka(so cest na isklucocite, bravo taka treba).
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
3
абе оно така е,ама шо можеме ние да им помогнеме? како шо викаше една моја професорка, шо ќе си ја памтам цел живот " толку им е од Господ " кхх
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Стан за изнајмување ти се исплати само во Скопје, и тоа најмногу големина од околу 60тина м2. Тие одат како алва, реон К.вода, капиштец, центар, карпошите.
За стиока студенти ќе си им земаш однапред 100-200 евра, ако напраат штета нема да им ги вратиш, и така.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.824
Поени од реакции
5.632
братче ај да речеме дека ќе земеш стан во Скопје :) прво треба да го купиш.. ако сакаш Центар, Карпош цените ти се од 800-1200 евра од квадрат :) епа едно станче од 70 квадрати = 70 000 евра да речеме :) планираш да го издаваш на студенти... максиум што можеш да земеш од нив е од 250-300 евра месечно... 9 месеци по 300 евра = 2700 евра :) значи ќе ти требаат од прилика 31 месец или околу 3 години за да ги вратиш парите што си ги вложил во него... ако ти се чека 3 години да ги вратиш парите што си ги инвестирал и после четвртата година да почнеш да земаш колку толку чисти пари, тогаш со среќа нека ти е :) од студенти нема пари :) да си земеш деловен простор и да го изнајмуваш тоа поисплатливо е..
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
3
додека студирав у штип,соба кошташе накај 2.200 денари, сеа газдата има куќа на 4 спрата,и има 15 студенти, сеа замисли, 15*2.200=33.000 - 500Е секој месец,чиста пара .. ние си и дававме и за вода,струја .. бевме на посебен саат .. така да,се исплати море :)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
братче ај да речеме дека ќе земеш стан во Скопје :) прво треба да го купиш.. ако сакаш Центар, Карпош цените ти се од 800-1200 евра од квадрат :) епа едно станче од 70 квадрати = 70 000 евра да речеме :) планираш да го издаваш на студенти... максиум што можеш да земеш од нив е од 250-300 евра месечно... 9 месеци по 300 евра = 2700 евра :) значи ќе ти требаат од прилика 31 месец или околу 3 години за да ги вратиш парите што си ги вложил во него... ако ти се чека 3 години да ги вратиш парите што си ги инвестирал и после четвртата година да почнеш да земаш колку толку чисти пари, тогаш со среќа нека ти е :) од студенти нема пари :) да си земеш деловен простор и да го изнајмуваш тоа поисплатливо е..
Да вратиш пари од инвестиција за 3 години е екстра брз период. ЕКСТРА. Тоа ти е најдобар дил шо моеш да го напраиш.
И тие три месеци преку лето, ако сака тој шо седел прошлата година да го задржи ќе си плаќа упола, шо не мора да значи дека само студенти ќе седат, ако ти е лукс може и странци кои добро плаќаат, има и фамилии, и вработени во скопје.
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
3
братче ај да речеме дека ќе земеш стан во Скопје :) прво треба да го купиш.. ако сакаш Центар, Карпош цените ти се од 800-1200 евра од квадрат :) епа едно станче од 70 квадрати = 70 000 евра да речеме :) планираш да го издаваш на студенти... максиум што можеш да земеш од нив е од 250-300 евра месечно... 9 месеци по 300 евра = 2700 евра :) значи ќе ти требаат од прилика 31 месец или околу 3 години за да ги вратиш парите што си ги вложил во него... ако ти се чека 3 години да ги вратиш парите што си ги инвестирал и после четвртата година да почнеш да земаш колку толку чисти пари, тогаш со среќа нека ти е :) од студенти нема пари :) да си земеш деловен простор и да го изнајмуваш тоа поисплатливо е..

сестриче повише ми одговара :D
иначе, не планирам стан,планирам куќа,или плац за градење :) од 2-3 студента нема фајда ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom