Светци во православието

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
Од секогаш ме интересирале податоците за нив од историски аспект но и од духовен....
Кои светци се ваши заштитници ?
Кои светци имаат посебно место во вашето срце и во вашиот дом ?
Дали често мислите на нив ?
Што се всушност светците ?
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
349
Поени од реакции
181
Gi postuvam site, no kako zastitnici gi zmetam sv. Pantelejmon, sv Nikola, i Bogorodica majkata Bozja
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Јас премногу ја почитувам својата вера, мојот Бог, Христа и светците. Сите светци ги почитувам, но светците кои во секој момент биле до мене и ме заштитувале имаат најголемо значење за мене, а тоа се Св. Петка, Св. Недела, Св. Богородица, Св. Ѓоргија, Св. Пантелејмон, Св. Никола, Св. Јован Крстител, Св. Софија со трите ќерки Св. Вера, Св. Љубов и Св. Надеж како и многу други светци.

Еве по нешто за животот на светците :)


Света Недела се раѓа и живее во едно бурно и страшно време за христијаните,време кога со Римската империја управуваа царот Диоклецијан и неговиот зет Максимијан,познати по својата суровост и непријателство кон христијаните.Во нивното царство,во Анадолија,живеат побожните и благочестиви но и бездетни сопружници Доротеј и Евсевија.Но со постојана молитва со вера и надеж во Бога,Господ се смилува и им подари чедо кое се раѓа токму во неделен ден поради што и го добива името Недела.Родителите на долгочеканото чедо се погрижиле уште во раното детство,својата рожба да ја воспитаат и воведат во христијанската вера,да и го доближат Спасителот Господ Исус Христос Кој и постана нејзин пат,живот и вистина.



Но,секако,и Господ ја избрал младата Недела да биде Негов свидетел преку страданијата што ги претрпи за Христа како и со прекрасната нејзина убавина надворешна и внатрешна.Иако сеуште млада нејзината појава пленува и станува предизвик на многу млади кои ја бараат нејзината рака.Но Божјото провидение било поинакво.Таа требала да биде "стена" врз која Господ ќе ја гради Својата Црква.И навистина многу момчиња,цареви,кнезови,управници се сопнувале и паѓале пред нејзината стаменост и наместо невеста на обичен смртник,таа постанува невеста и следбеничка на бесмртниот Христос Господ.Заради тоа, младата Недела и нејзините родители биле наклеветени кај властите и подложени на разни маки при што нејзините родители маченички го завршиле својот живот,а нивната ќерка била испратена во Никомидија,престолнината на источната Римска империја кај кесарот Максимијан за да биде судена.И таму младата христијанка јавно и без страв ја исповеда Христовата вера.Кесарот и војниците се вчудоневидени како маченицата со песни и молитви ги поднесува страшните мачења.Притоа,светата маченица ќе му рече на мачителот:"Не измачувај,се Максимијане,никогаш не ќе можеш да ме подчиниш на својата волја,зашто Бог е со мене,Он ме крепи и ми помага".Откако ја виде решеноста и силната вера,на младата Недела,да ги издржи сите страдања,кесарот ја испраќа кај управителот на Витинија,Иларион.И таму божјата благодет е со св.Недела.Воведена во идолски храм за да принесе жртви на идолите,таа се моли на својот Бог при што настанува силен земјотрес,и сите идоли се претворија во прав и пепел а самиот Иларион загинува.Наследникот на Иларион,уште пожесток непријател на христијаните Аполониј изнаоѓа уште пожестоки методи за мачење.Ја врзува,младата маченица,потоа ја фрла в темница каде немилосрдно ја измачуваат,ја бичуваат...Но,ако е Христос со нас,кој ќе биде против нас.Додека невината девојка лежеше во темница целата во рани и се јавува Христос Господ,ја исцелува и и вели:"Не плаши се од маките,Недело,Мојата благодет е со тебе".Следниот чекор на мачителот е оганот.Во огромните огнени јазици се фрла маченичката за да изгори.Но,таа и овој пат се моли кон својот Бог и од наполно јасното небо паѓа силен дожд и го гаси огнот,а светата маченица е повторно здрава и жива.И дивите ѕверови пред кои беше фрлена за да ја растргнат постануваат кротки како јагниња и легнуваат покрај нејзините нозе.Гледајќи ги овие чудеса многу незнабожци поверуваа во вистинскиот христијански Бог,но сите беа со меч пресечени.Тогаш св.Недела му вели на Аполониј:"По никој начин не можеш да ме одвратиш од мојата вера.Ако ме фрлиш во оган,ги имам за пример Трите Отрци;ако пак ме фрлиш пред ѕверовите,го имам примерот на Данило;ме фрлиш ли во морето го имам примерот на Јона;ако пак ме предадеш на меч,ќе се сетам на чесниот Претеча.За мене живот е-да умрам за Христа".И кога најпосле беше предадена на џелатите да ја погубат со меч,таа ги замоли да и дозволат,да се помоли на Бога,пред да се изврши пресудата.Последната желба и ја исполнија,но тоа беше и последен нивен пораз,затоа што додека се молеше,Бог ја прими нејзината душа,па мечот на мачителите не ја допре нејзината глава.А нејзината молитва кон бога беше:"Бог да ги помилува и спаси сите кои ќе го слават мојот спомен,а мојата душа да да ја упокои заедно со душите на моите родители".Веднаш по нејзиното блажено претставување се слушна глас од небото упатен кон војниците,кој рече:"Одете браќа и раскажувајте на сите за големите дела Божји".Света Недела чесно пострада и се пресели во вечна радост на својот Господ на 7/20 јули 289-та година.Светата Православна Црква на тој ден не потсетува на нејзината љубов,на нејзината непоколеблива вера и надеж дека ако за Христа и умре ќе живее-во споменот на луѓето и вечното Царство Божјо.Иако и беше ветуван удобен,убав и раскожен живот на земјата,светата маченица,не посака ни брачна постела,ни палати,ниту богатства,ниту телесни наслади.Таа се вети на Христа и Бог ја исполни со сила на Светиот Дух,со која ги победуваше оние кои ја мачеа и ги рушеше идолите пред кои ја тераа да се поклони.Светата маченица Недела,благочестиви христијани,и по нејзината кончина,продолжи да живее на земјата кај сите што го честат нејзиното име и го почитуваат нејзиниот спомен.Таа е закрилничка и молитвеница пред Бога за сите оние што ќе ја побараат нејзината помош.

Нашите Православни верници не прават разлика помеѓу недела како седмичен ден и "св.Недела" како празник посветен на св.Недела.Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела,и тој е еднаш во годината,на 20 јули.Св.маченица Недела е секогаш на една иста дата,а секоја година го менува денот.Додека пак седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос.Заради Христовото Воскресение се слави и денот-недела.Оти секоја недела е всушност мал Велигден.Затоа,правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и св.Недела.

Следниот пат ќе пишам и за останатите светци :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Мене ме интересира, како ги замислувате овие светците?

На пример, како некоја личност која го прати вашиот живот, и ве пази од несреќи? Ако е така, тоа значи дека таа личност цело време има увид во вашиот живот. Еве на пример, да речеме Лицето ИКС си фаќа женска, и легнуваат во кревет, почнува ИКС да пушта рачиња, а Света Недела го гледа што прави.

Не ве е малку параноична теорија за светците?

Или на пример, некој со мотор се стегнува некаде и си ја крши главата. Што се случувало со неговиот светец заштитник во моментот? Бил на кафе пауза?

Ако е така, побарајте распоред на неработни саати на светците заштитници, и во тоа време не превземајте опасни активности. Бидета практични.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Не ги замислувале туку ги сликале врз основа на библиски предлошки. Во исконографијата на светците, односно за нивната типологија постоело ерминиа (прирачник, упатство) по која се воделе зографите во Византија.

Инаку дебилно ми е давање антропоморфност на некое божество, сеедно дали е пагански или христијански бог. Денес верниците ги бакнуваат иконите, а во раното христијанство постоело иконоборство, односно строго утврдено правило - да не се слика Христос со човечки лик.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Св. Софија со трите ќерки Св. Вера, Св. Љубов и Св. Надеж


Кон крајот на првиот и почетокот на вториот век со својата верба во Исус Христос и со својата готовност да се жртвуваат за него се прославиле четирите римјанки, мајката Софија и нејзините три ќерки маченички: Вера, Нада и Љубов. Мајката Софија била достојна на името што го носела, а што значи мудрост, премудрост. Таа и додека бил жив нејзиниот сопруг и подоцна кога останала вдовица живеела како вистинска христијанка, со добри дела, со смиреност на душата, со покорност на Божјата волја. Во тој дух и ги воспитувала своите три ќерки кои ги носеле имињата на трите најважни христијански вредности: Вера, Надеж и Љубов.



Набргу по раѓањето на третата ќерка Софија останала вдовица. Се посветила на своите ќерки со цел да ги порасне и да ги воспита во духот на христијанската вера. Заедно ги читале и препрочитувале пророчките и апостолските книги. Но тој начин на живеење на ова семејство не останал без впечаток на околината. Најпрвин управителот на областа Антиох се уверил дека целото семејство исповедува христијанска вера, а потоа тоа му го соопштил на императорот Адријан, голем противник на христијанството и прогонувач на христијаните. Императорот ги повикал мајката и трите ќерки за да се увери во тоа што го слушнал. Но тие не само што не се исплашиле од таа покана туку со задоволство тргнале кон злогласниот владател кому мудрата мајка му соопштила:

- Јас сум христијанка! Тоа е скапоцено име со кое можам да се пофалам. Со тоа име се фалат и моите три ќерки.

Императорот бил изненаден од решителната изјава на мајката, но не сакал веднаш да донесе пресуда за нивно казнување, надевајќи се дека ќе ги придобие. Разговорот го одложил за три дена до кога тие требало да бидат набљудувани од една Римјанка по име Паладија. Во текот на трите дена колку што живееле кај Паладија маката им зборувала на своите ќерки само за верата Христова. Сакала уште повеќе да го зацврсти во нив тоа верување, велејќи им дека за Синот Божји вреди и да се умре, и дека таа ќе биде радосна ако биде мајка на маченички што загинале за Спасителот Исус Христос.

По три дена императорот повторно ги повикал на суд и на трите девојки им понудил да ги нарече свои деца, да им даде големо богатство, раскошен и удобен живот, само да се откажат од својата вера и да им се поклонат на боговите владетели на вселената. Во спротивно им се заканил со жестока смрт.

На тоа трите девојки без страв, а со голема решителност во еден глас му одговориле:

- Нашиот татко е Богот што живее на небото. Тој се грижи за нас и ние сакаме да бидеме почитувани од Него. Сакаме да бидеме негови вистински деца. Ние само нему му се поклонуваме и ги почитуваме неговите заповеди, а ги презираме твоите богови. Не се плашиме од твоите закани зашто сме подготвени да ги истрпиме големите страдања во името на Исус Христос, нашиот Бог.

Изненаден од таквиот одговор императорот ја запрашал мајката на која возраст се нејзините ќерки на што таа му одговорила:

- Првата Вера е на 12 години, втората Нада има 10, а третата Љубов 9 години.

Императорот дошол на идеја дека со одделни разговори со девојчињата, со ветувања и закани може да ја постигне својата цел. Затоа најпрвин ја повикал Вера, и понудил да и принесе жртва на богињата Артемида, а кога таа одбила ја ставил на тешки страдања и ја погубил. Потоа истото го направил и со другите две нејзини сестри Нада и Љубов. Мајката ги гледала страдањата на своите ќерки уверена дека тоа го прават за својот Спасител Исус Христос. Потоа ги погребала заедно и три дена се молела над нивниот гроб, по што и таа ја предала душа на својот Спасител уверена дека оди кај своите ќерки. Тоа се случило во 126 година.

Светата црква и Софија ја прогласила за маченичка бидејќи таа е заслужна за воспитувањето на своите ќерки, а и страдала заедно со нив додека ги мачел злогласниот император Адријан.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Денес се празнува Св. Петка.......... денес е голем ден за сите Христијани!
Нека не чува светицата сите нас од лошо и нека ни дава само добро.
:)


Св. Петка Римска

Таа била родена во Рим, во времето на владеењето на императорот Адријан, од христијански родители - татко Агатон и мајка Политеја. Нејзините родители долго време немале деца и постојано му се молеле на Бога да им подари барем едно дете. Нејзиното име произлегува од тоа што таа била родена на денот петок. Бидејќи по потекло била од Грчко Христијанско семејство, таа го добила името Параскеви, односно "петок" на грчки, што е вообичаено грчко женско име. Оттука, Св. Петка е позната и под името: Света препободна маченичка Параскева Римјанка. Бидејќи, таа била родена во петок, денот кога верниците се подготвувале за празнување на саботата (Пасха), името Параскева означува и "подготовка''.



Родителите на Параскева биле во добра материјална состојба, што овозможило таа да се здобие со добро образование. Уште од млади години, таа била воспитувана во духот на Христијанството, така што кога научила да чита, Библијата била нејзиното омилено четиво. Исто така, како задолжителен дел од образованието на децата од добростоечките семејства во тоа време, таа ја изучувала темелно и философијата. Привлечени од нејзината извонредна убавина и интелигенција, многу синови на угледните семејства ѝ нуделе брак, но таа ги одбила сите.

Родителите на Параскева починале кога таа имала 20 години. Исполнета со Христијанските идеали и Христијанскиот дух, и како единствено дете и наследник на семејниот имот, таа продала сè што поседувале нејзините родители, заработените пари им ги поделила меѓу сиромасите и се замонашила, проповедајќи го Христијанството.

Незаштитена и во многу опасни времиња, кога христијаните биле прогонувани, ѕверски мачени и егзекутирани во Римската Империја, Параскева остатокот на својот живот го поминала подучувајќи ги луѓето на Христијанската вера и успеала да преобрати многу луѓе во новата религија. Поради својата елоквентност, моќ на убедување и убавина, таа привлекла многу внимание и во неколку наврати била изнесена на суд пред властите, а еднаш, наклеветена од некои Евреи, таа била изведена пред императорот Антониј Пиј (138 - 161). Тој се воодушевил од нејзината необична мудрост и убавина и ѝ рекол да им принесе жртва на боговите за да добие бројни дарови и богатства, а ако не прифати, ќе биде подложена на мачење. Но, Параскева му одговорила на царот: "Јас никогаш нема да се откажам од Христос, мојот Бог!".

Тогаш, царот се разгневил и наредил на главата да ѝ стават вжештен железен шлем, но таа останала неповредена. Потоа, царот наредил еден голем казан да се наполни со врело масло и смола и тој ја фрлил Параскева во казанот. И покрај тоа, таа стоела среде казанот, неповрдена. Зачуден од глетката, царот ѝ рекол: "Параскево, попрскај ме со маслото и смолата за да видам дали навистина жежат." Параскева зела во раката масло и смола и го попрскала в лице, а царот веднаш ослепел. Тогаш, тој започнал гласно да ја моли и да бара помош со зборовите: "Смилувај се на мене, слугинко на вистинскиот Бог, па и јас ќе поверувам во Господ кого ти го проповедаш." Параскева му се помолила на Бога и царот веднаш прогледал. Од тој момент, царот и неговите телохранители поверувале во Христос и се преобратиле во Христијани.

Св. Петка го напуштила Рим на триесетгодишна возраст и проповедала во неколку градови. Во време кога суеверниот народ ги обвинувал Христијаните за разноразни несреќи, вклучувајќи и природни непогоди, Параскева била често пати прогонувана, затворана и мачена, но останала непоколеблива и верна на својата мисија. Проповедајќи го Христијанството, таа стигнала во еден град, управуван од кнезот Асклипиј пред кого изјавила дека Христос е Бог на небото и на земјата. Разгневен, Асклипиј ја испратил во една пештера, надвор од градот, во која живеела некоја страшна змија, но од присуството на Параскева, змијата се распукала на два дела и умрела. Така, кнезот и неговите придружници се преобратиле во христијани.

Подоцна, Св. Петка пристигнала во друг град во кој владеел страшниот кнез Тарасиј, пред кого, исто така, изјавила дека Христос е вистинскиот Бог. Поради тоа, кнезот ја фрлил во котел полн со врело масло, смола и олово, но Господ испратил ангел од небото, кој го оладил котелот. Така, св. Петка останала неповредена. Тарасиј ја ставил на други тешки маки, но таа не се откажала од верата во Христос, така на Параскева ѝ била отсечена главата со меч околу 140 година. По смртта, нејзината душа како гулабица одлетала на небото.


По нејзината смрт биле забележани бројни чуда, кои се случувале како резултат на нејзината интервенција и православните верници продолжуваат да сведочат за нејзините чуда до денес. За нејзините свети мошти сведочел аџијата Антониј, кој ги видел и им се поклонил во 1200 година во Цариград, каде што и ден-денес постои црква посветена на неа. Светицата е особено популарна во Грција, каде во главниот град Атина едно предградие го носи нејзиното име, а во Солун се наоѓа црква со света изворска вода, посветена на св. Петка. Исто така, нејзиното име се слави и во останатите земји на Балканот. Во Македонија, честички од моштите на св. Петка се изложени во манастирот Свети Јован Бигорски.

Празникот Св. Петка се празнува на 26 јули по стариот календар, т.е на 8 август по нов стил.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Денес се празнува Св. Пантелејмон.......... денес е голем ден за сите Христијани!
Нека не чува светецот сите нас од лошо и нека ни дава само добро.
:)

Св. Пантелејмон

Свети Пантелејмон е роден во градот Никомидија во третиот век. По раѓањето бил наречен Пантелеон, што значи «во сѐ како лав», но подоцна тоа име било заменето со Пантелејмон, што значи «семилостив». Уште во детството бил воспитуван во Христијанската вера, бидејќи мајка му била Христијанка. Меѓутоа таа се упокоила кога Пантелејмон бил сеуште дете, а неговиот татко бил многубожец кој го носел сина си во идолскиот храм, и во паганско училиште. Одејќи кон училиштето, по патот Свети Пантелејмон го запознал стар Христијански свештеник Ермолај, кој подцна ќе го крсти. Свети Ермолај го засакал Пантелејмон и Господ му внел во срцето желба да го просвети момчето со светлината на вистинската вера. Свети Ермолај живеел со два други свештеници, Св. Ермипиј и Св. Ермократ, и сите тројца биле преживени од масакрот на 20 000 Христијани во 303 година.



Кога се враќал од кај учителот, видел мртво дете на патот каснато од змија. Првиот впечаток бил страшен бидејќи живата змија лежела до детето. Кога ги повикал зборовите на старецот за Божјата благодат, тој се обратил со молитва кон Христа за помош. Наеднаш детето се разбудило од сон, а змијата умрела. Св. Пантелејмон многу се израдувал и веднаш побарал да биде крстен од Ермолај. Тој веќе станал познат лекар, кај него се обраќале многу на помош. Еднаш донеле еден слеп, кој што никој не можел да го излекува во градот. Поучен од Божјиот дух, Пантелејмон го повикал вистинскиот Бог преку молитвата и тој човек оздравел и поверувал. Поради тоа, и тој наскоро маченички пострадал како Христијанин.

Набљудувајќи ги неговите дела, лекарите дознале дека Пантелејмон ги лекува затворениците - Христијани и за тоа се пожалиле кај царот. Царот кога го повикал го праша каква вера исповеда и му рекол дека треба да ја исповеда верата на многуте богови. Тој му рекол :Јас сум се откажал од лажните богови и го прославувам Христа”. Потоа го замолил императорот да донесат некој болен од кој лекарите одамна кренале раце - и рекол дека тој ќе се помоли на Живиот Бог и ќе го исцели, предизвикувајќи ги и незнабожеките лекари да го сторат истото. Луѓето донеле некој парализиран човек, кој сиот живот бил болен: паганските лекари се молеле на нивните идоли за исцелување на болниот, но ништо не се случило. Свети Пантелејмон се помолил на Господ Искус Христос, и болниот бил излекуван. Императорот се разјарил, го убил излечениот, а Св. Пантелејмон го дал на измачување.

Биле доведени и тројцата свештеници кои го вовеле во Христијанската вера. Тие ја исповедале својата вера пред императорот и биле обезглавени. Свети Пантелејмон бил луто озмачуван, но сепак ги преживувал маките. Разбеснет, Максимијан наредил да му ја отсечат главата. Војниците, сакајќи да му ја пресечат главата додека се молел, останале вчудоневидени кога нивните мечови се стопиле на неговиот врат. Откако завршил со молитвата, се чул глас одозгора, како го повикува. Војниците биле преплашени, но Св. Пантелејмон ги повикал да го извршат тоа што им било наредено. Потоа неговото тело било фрлено во оган, но не изгорело.

Христијаните го извадиле од огнот и го погребале неговото тело. Тоа се случило во 305-та година а дел од неговите мошти можат да се најдат во неколку манастири и цркви во Романија, а дел од нив почиваат и во рускиот манастир на Света Гора.

Свети Пантелејмон се повикува во молитвите за водоосветување и елеоосветување, заедно со Св. Ермолај и другите бесребреници и чудотворци.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Денес се празнува Св. Никола!
Денес е голем ден за сите Христијани!
Нека не чува светецот од лошо и нека ни дава само добро!

Честита слава на сите оние кои го слават овој празник и честит именден на сите оние кои го носат името Никола!


Св. Никола

Православните христијани во Македонија го празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците... Свети Никола е еден од најпочитуваните светци, a го слават и православните и католиците, но и дел од муслиманите, особено во Турција. Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески кои се посветени на овој светец. Многу Македонски семејства вечер со богата посна трпеза на која преовладуваат рибата и посните сарми ќе го прослават празникот.



Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо.

Неговиот духовен живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во манастирот Нов Сион. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите. Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња. Христијаните веруваат дека му се јавил гласот на Господ кој му рекол: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3). Набргу потоа бил избран за архиепископ на градот Мира, денешна Турција.

Во времето на царот Диоклецијан и Максимијан, кога христијанското население било прогонувано, мачено и затварано, истото му се случило и нему. Со доаѓањето на власт на Константин I Велики, престанало и прогонувањето на христијаните кои во исто време добиле и рамноправно место во Римското царство. Присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде се залагал за воведувањето на светото тројство. Поради голема ревност го удрил александрискиот свештеник Ариј. По ова, тој бил оптужен за ерес, бил прогонет од самиот собор и му било забрането понатамошно присуство на собирите. Според христијанската традиција на Свети Никола му било одобрено повторно присуство на црковните собири, поради јавувањето на Бог на избраните архиери велејќи им дека сториле голема неправда.

Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош од страна на болните, несреќните и немоќните. Христијаните веруваат дека тој помагал на сите повици и дека од неговото лице сјаело светлост. Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Св. Ѓорѓија

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година),во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар. Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник.



Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашни, а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: “Слуга сум на Христос, мојот Бог… До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христос е единствениот Бог!”. Царот наредил Св. Георгиј да биде фрлен во затвор и бил изложен на најтешки мачења. Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа надчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се. Пострадал на 23 април/ по нов стил 6 мај 303 година, кога во негова чест се слави празникот Ѓурѓовден.

На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. И според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.

Во Македонија постојат многу цркви посветени на Св.Ѓорѓија, од кој најстара е онаа во преспанскиот регион, близу до живописното село Курбиново, во пазувите на планината Пелистер. Според времето на живописување, забележано на натписот на северната страна со грчка сигнатура, се претпоставува дека црквата била подигната во годината 1191. Она што импресионира и восхитува во оваа црква е нејзиниот живопис, што заедно со оној од црквата Свети Пантелејмон крај Скопје, претставува едно врвно и оригинално остварување од периодот на Комненската уметност во Македонија.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Денес се празнува Св. Трифун!
Денес е голем ден за сите Христијани!
Нека не чува светецот од лошо и нека ни дава само добро! За многу нека е празников!


Св. Трифун

Св. Трифун е Христијански светец. Тој е роден во малоазиската област Фригија во Мала Азија. Според христијанските верувања, уште од рано детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство. Тој на изненадување на своите современици имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед.



Меѓу многубројните негови чуда кои што ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на римскиот император Гордијан. Тој имал необично убава ќерка и поради нејзината убавина многу кнезови ја проселе за своите синови. Но се случило несреќа да оваа убава принцеза душевно се разболи. При страшните настапи на болеста таа многу пати сакала да се фрли во оган или вода. Ниеден лекар не можел да и помогне и да ја излечи. На девојката и било откриено дека единствено може да ја излечи ,,детето Трифун".

Дознавајќи царот за необичната моќ на фригиското момче Трифун го повикал да ја спаси неговата ќерка. Царските слуги после долго барање во Фригија го нашле момчето покрај езеро како чува гуски. Затоа тој често на иконите се слика опкружен со гуски. Тогаш тие го повеле во Рим и веднаш ја излекувал. По излекувањето настапила неописива радост во дворот. Царот богато го наградил Свети Трифун, но тој не го задржал добиеното богатство туку веднаш го разделил на сиромашните и бедните, и самиот живеел скромно во своето родно место; да прави добри дела и да им помага на болните и немоќните. Но по смртта на царот Гордијан, кој бил трпелив спрема Христијаните, дошол крволочниот цар Дециј Трајан кој наредил да се прогонуваат Христијаните. Сите оние кои не сакале да се одречат, ги фаќале, ги мачеле и убивале.

Светиот маченик не сакал да бега во пустината и пошол кај управникот на покраината Акилин. Тој му наредил да им се поклони на боговите, во спротивно ќе биде подложен на најстрашни маки. Свети Трифун ја одбил неговата наредба по кое следувало неговото мачење. Кога виделе дека ни мачењата не помагаат решиле да го посечат со меч. Но мачителот претходно наредил да го врзат за еден коњ и така вржан бос да го поведат во планината. Од силниот мраз и студ почнале да му отпаѓаат меса и прсти од нозете, но тој тоа го трпел без збор и наместо протест од усните на овој маченик се слушнала молитвата за гонителите: ,,Господи не им го пишувај ова за грев".

Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во Москва во храмот посветен на Светиот маченик Трифун. Православната Црква го слави како исцелител, кој се удостоил на маченичкиот венец.

Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари. Денеска неговиот ден се празнува од страна на лозарите, градинарите на 14 февруари според грегоријанскиот календар.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.670
Поени од реакции
11.710
Има податок колку вкупно има македонски светци во православното христијанство?
Колку е тој број во однос на другите нации...?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom