Какви две инфаркт завршници, епски завршници шо би рекле господата од мтв
Шо ги жалите маџарите бе ? Па со нив прокоцкавме се, за да пренесиме бодови и од таков меч сакаат да играт полуфинале ? - Мало сутра шо би рекол зајчето, се си има карма, нека го
Да се играше на друго место, можи би имале поголеми шанси, во Загребска арена тешко, уште 5 пати да се преигра мечот таму, мислам сите ќе ги добие Хрватска.
Каков Мартиновиќ, асистенцијата беше мелем за очи до Сипиќ, братот кузнај дали греши од 6м, ама според мене искина Звонимир Срна, каков меч, пресвртницата од -3 почна точно од него, па 4 напади со ред одбани Пешиќ и ко да осеќав дека ќе оди на пресврт, зовре и публиката, голема предност имаат Хрватите со тоа,а последната минута црвениот го куртули баш Срна, можи и да беше за санкција....
Вториот меч, шо би рекол Ацета победИва Станковски, без Данска од овие селекции шо останаја едино отпор шо можи да пружи по физикалиите е само Египет и така и беше, имат некои играчи тешкаши за одбрана и топ удар за во напад и тие му играат во јаки европски екипи, реално овај меч плачеше за продолженија и уште ракомет, ама среќата ги посака французите, опасна артилерија на шутери особено Мем, па Ремили, ако не тие два ќе распали Ричардсон.
Ги врати Хендави во игра Египет, скина неколку зицери, а последниот гол во стотинки е чиста среќа, а и голема предност за екипи шо играт брз центар....
За останатите двојки од четврт финалињата, нема шо да се трошат многу зборови....
Данска, апсолутен фаворит и оди на победа, иако Бразил напрај некои "сензационални" победи, ама со Данска во моментот тешко некој да се справи....
Другиот меч, треба да е исто добар за гледање, според мене прогнозирам победа на Португалија според играта на првенството, иако Германија е благ фаворит на хартија, португалницте мислам можат да победат и да одат на полуфинале со Данска.