Светско првенство во спортови на вода, Будимпешта 2017 (14.07-30.07)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

По олимписките доживувања од претходното лето и дефинитивното збогување со пливањето од страна на Мајкл Фелпс (кој деновиве треба да се трка со ајкула), ова лето го имаме светското првенство во спортови на вода кое веќе е во полн ек во Будимпешта, Унгарија, најпливачки развиената земја во регионов, така да ја очекувам тука пак на муабет екипата лани што гледаше шлапање во вода до ниедно време :icon_mrgr:

Како што веќе напоменав, освен Мајкл Фелпс, на ова првенство од позвучните имиња нема да настапува и Рајан Лохти поради пензија како и Миси Френклин која овој јануари ги оперираше двете рамења а и подолго време е надвор од пливачката елита со своите резултати поради борба со депресијата. Исто така светот ќе добие нов владетел на најбрзата трка, 50 метри слободен стил во машка конкуренција бидејќи ни светскиот шампион од 2015, Французинот Флорен Манаду нема да настапи (зеде пауза од пливањето и игра за аматерски ракометен клуб), ниту ќе настапи 36 годишниот Ентони Ирвин од САД, олимписки шампион од Рио, за кај кого најверојатно возраста е веќе фактор па се реши да земе одмор од пливањето но ќе се појави во Будимешта како коментатор.

Интересна анегдота за спомнување е што американската репрезентација последнава недела се спремаше за првенството во Опатија, Хрватска, па денес тргнаа со автобус накај Будимпешта и имаше на Инстаграм како Унгарците по сите прописи ги вадат од бус и секој со пасошот кај граничарот, како на екскурзија :icon_lol: Нема лабаво кај Орбановци.

Што се однесува до пливачите кои се очекува да издоминираат ова првенство, прва на списокот е Iron Lady, Катинка Хосу.

Кој следеше лани, нема потреба од никаков вовед - Катинка беше најтрофејната пливачка на ланските Игри со 3 злата и едно сребро. Од неа најмалку што се очекува е пред својата публика да ги обедини олимписките и светските злата на 200 и 400 мешано каде што е прв фаворит а понатака и да го завери својот статус на светска пливачка бр.1 со златата на 100 и 200 грбно.

Наредна е како што ја нарекуваат во САД, женскиот Џони Вајсмилер поради нејзината доминација во слободниот стил, Кејти Ледеки.

Откако на 15 годишна возраст во Лондон 2012 стана олимписки шампион на 800 метри слободно, Ледеки не престана со утврдување на нејзиниот статус како владетел со слободниот стил во пливањето. Поради силниот завеслај со рацете кој и овозможува долготрајно влечење на нејзиното тело, на 19 години веќе е влезена во историјата како една од најдобрите пливачи во слободен стил на средни патеки и во машка и во женска конкуренција кои ги видел светот. Ја спомнувам бидејќи во Будимпешта ќе настапи на 200, 400, 800, 1500 метри слободно и во двете штафети во женска конкуренција 4х200 слободно и 4х100 слободно.

Во машката елита по пензионирањето на најсестраните пливачи Фелпс и Лохти, компетицијата е сега за сега малку поштура, така да најмногу медали се очекуваат од најголемиот страдател од успесите на Фелпс, Чед Ле Клос oд ЈАР.

(фоткава ја паметите сите :icon_mrgr: )

По пензијата на Фелпс, експертите него го гледаат како негов наследник и најголем фаворит за трките на 200 слободно, како и 100 и 200 пеперутка (на последнава ќе наиде на голем отпор од домашната надеж Тамаш Кендереши и веќе легендата на светското пливање, Ласло Чех). Дали ќе успее да ги оправда очекувањата и да го земе приматот од Фелпс, останува да видиме.

По Косуке Китаџима и Брендан Хансен, се чини дека светот добива нов владетел во градниот стил, Адам Пити. Британецот кој има кажано дека плива по цели денови затоа што не го бидува за ништо друго, ќе настапи на 50 и на 100 метри градно каде што е прв фаворит, пред пливачот од ЈАР, Камерон ван ден Бург. Пити веќе три години доминира во овие две дисциплини во кои ги држи и рекордите а во Рио настапи и победи само на 100 метри градно бидејќи трката од 50 метри не е во календарот.

Пливачи кои вреди да се спомнат и се меѓу фаворитите за медали се и Сара Сјостром (Шведска), Нејтан Ејдриен (САД), Грегорио Палтриниери (Италија), Владимир Морозов (Русија), Кејтлин Бејкер (САД), Бруно Фратус (Бразил), Кејлеб Дресел (САД) итн.

Пливачките натпревари како и оние во скокови на вода кои веќе се во тек се одржуваат во Дунав Арената во Будимпешта, пливачки комплекс од најелитна категорија кој има капацитет од 12,500 гледачи

Како што претходно спомнав, пливачките натпревари започнуваат од недела, 23 јули, следи слика од распоредот каде што првите, утрински трки се квалификациите а вечерните трки се составени од полуфиналиња и финалиња (со сино се полуфиналињата, со портокалово финалињата)

vcxvcxvcxvcxvcxvcxvc.PNG

Целосниот распоред на сите спортови - скокови во вода, скокови во вода од карпа, ватерполо, синхронизирано пливање, пливање на отворена вода од 5 и 10 км (мислам веќе завршија) и на 25 килиметри, на овој линк.

Бидејќи сме лидер во регионот во спортот како што се милува да се кажува по јавноста, на ова првенство наш единствен претставник е Евгениј Поп Ацев, кој настапи на трката на 10 километри (пливањето на отворено е на езерото Балатон во Унгарија) со време од точно 2 часа и заврши на местото број 49. Поп Ацев е пријавен и на трката на 25 километри која ќе се оддржи утре, 21.07.

Мал новитет со кој ќе го завршам ова отворање, кој го немаше во Рио бидејќи е Олимпијада, но ќе го има во Токио, се дополнителните штафети на 4х100 слободно и 4х100 мешано каде што пливаат и машки и женски. Нема некои посебни правила освен тоа што во штафетата со мешан стил, стиловите се изрегулирани:

а) машките пливаат грбно и градно;
б) девојките пливаат пеперутка и слободно.

Американците имаа пуста желба да ги видат Ледеки и Фелпс во иста штафета но IOC не ја изгласа навреме оваа измена за да биде валидна во Рио :)

Толку од мене, користете ја слободно темава и за ватерполо и за скокови кој си гледа, со пливањето, тие што пратите, се гледаме од недела :icon_mrgr:
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Пливачките спортови одсекогаш биле интересни за Америте пошто носат многу медали(заедно со Атлетиката), иако се збогуваа со великанот Фелпс, тука e младата Кејти која има потенцијал да го надмине Фелпсот инаку Чехиња по потекло од кај дедо и :icon_lol::icon_lol::icon_lol:. Девојчето е како машина и нема рамна. За ватерполо очекувањата се домаќинот, монтенегро, србија и хрватска. За скокови нз не пратам тоа.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Пливачките спортови одсекогаш биле интересни за Америте пошто носат многу медали(заедно со Атлетиката), иако се збогуваа со великанот Фелпс, тука e младата Кејти која има потенцијал да го надмине Фелпсот инаку Чехиња по потекло од кај дедо и :icon_lol::icon_lol::icon_lol:. Девојчето е како машина и нема рамна. За ватерполо очекувањата се домаќинот, монтенегро, србија и хрватска. За скокови нз не пратам тоа.
Мхм, ЛедеЦки и е правилното презиме ама го сменил дедо и за полесен изговор.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Периодов убав спорт ќе има, младинциве играат светско ракомет, сега ќе почнат трките со пливање, август мислам светско атлетика ќе има. :)

Инаку ова со скоковите е тешка глупост. Најголема глупост од спорт и непотребно нешто на Олимпијади и слични натпреварувања. Нек пуштат пливањето и ватерполото ајде. :icon_lol:
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Мхм, ЛедеЦки и е правилното презиме ама го сменил дедо и за полесен изговор.
Само го тргнал акцентот Ledecký, инаку кој го пренесува првенствово кај нас, не видов ништо да има на МТВ? Nvm видов дека го има на Еуроспорт.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Само го тргнал акцентот Ledecký, инаку кој го пренесува првенствово кај нас, не видов ништо да има на МТВ? Nvm видов дека го има на Еуроспорт.
Не, не, нема да има. Зборев со Драган од МТВ уште лани, да е до него ќе пренесуваат од пливање и европско и светско ама не е. На Еуроспорт ќе има се, ќе има и стримови. На Арена некни мислам видов, ватерполото е во фул пренос.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.944
Се надевам дека и Јуроспорт ќе го покријат добро ватерполото.
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
Деновиве од сабајле се изнагледав квалификации за скокови во вода но затоа ни едно полуфинале или финале немам гледано. :coffee:
Во недела пливањето почнува,најатрактивно од водените спортови, се надевам дека ќе можам да ги пратам полуфиналните и финалните трки а и најверојатно на Еуроспорт ќе има по 100 пати репризи. Не знаев дека Лохти се пензионирал...
 
Не беше Лохти оној од Рио со тај скандало со грабежо што беше? И уште нешто дали некој ќе ги пренаса Светските игри во Вроцлав https://theworldgames2017.com/en/about-the-world-games-2017/disciplines/ има некои интересни спортови.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Деновиве од сабајле се изнагледав квалификации за скокови во вода но затоа ни едно полуфинале или финале немам гледано. :coffee:
Во недела пливањето почнува,најатрактивно од водените спортови, се надевам дека ќе можам да ги пратам полуфиналните и финалните трки а и најверојатно на Еуроспорт ќе има по 100 пати репризи. Не знаев дека Лохти се пензионирал...
Јес, и детенце има сега. Сепак 33 години се премногу за 400 мешано :))))))

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Може некој да ми објасни како Мајкл Флепс ќе се трка со ајкула?Ајде да го изеде нема да го изеде ќе има некаква си заштита, ама како ќе ја натераат ајкулата да плива најбрзо што може до целта?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Може некој да ми објасни како Мајкл Флепс ќе се трка со ајкула?Ајде да го изеде нема да го изеде ќе има некаква си заштита, ама како ќе ја натераат ајкулата да плива најбрзо што може до целта?
Ќе и ставам месо пред нос на нешто и ќе го возат тоа нешто. :D
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Поп Ацев 12ти на 25 километри.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Американците и Американките со злата во штафетите 4х100 слободно, но Сара Сјостром постави светски рекорд пливајќи прва за Шведска и тоа значи дека соборен е рекордот на 100 слободно. Ледеки и тој кинезот со злата на 400 слободно.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

И денес рекорд на Сјостром на 100м пеперутка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom