Џ
Џонтра Волта
Гостин
Утре, 4ти Август започнува Светското атлетско првенство кое ќе се одржи на олимпискиот стадион во Лондон.
Ме мрзи да пишувам лански резулати, дисциплини, само ќе нафрлам неколку битни и небитни информации.
Ќе почнам од кралот, Јусеин Болт - последно големо натпреварување за најбрзиот човек во светот.
Неговиот моментално најбрз ривал кој пред 1 месец истрча неверојатни 9.69 на 100м - Андре де Грасе од Канада го откажа својот настап поради повреда на задната ложа.
На 800м кај мажите поради повреда нема да се натпреварува ни Давид Рудиша од Кенија, Олимписки и Светски шампион на последните две првенства.
Последно појавување пред својата публика и за апсолутниот шампион во long run дисциплините, големиот Мо Фарах ја завршува кариерата.
Пред неколку месеци атлетиката остана посиромашна за еден од најдобрите десетобојци во историјата, апсолутниот рекордер и шампион Ештон Итон објави крај на кариерата. Заедно со него во пензија замина и неговата сопрута Брајана Тајсен Итон која се натпреваруваше во седмобој кај жените.
Кога сме кај таа дисциплина вреди да се спомене и пензионирањето на британката Џесика Енис Хил.
Во другите женски дисциплини, на 100 и 200 метри нема да настапи Светската шампионка од Пекинг, јамајканката Шели Ен Фрејзер Прајс која поради бременост го откажа својот настап.
Вечната Алисон Феликс ќе ја гледаме и оваа година на трката на 400 метри.
Во другите дисциплини горе-доле нема некои измени или барем јас не сум забележал, би требало да ги гледаме истите што ги гледавме и лани на Олимписките игри во Рио.
Се читаме во коментари, се гледаме но нема да се слушаме со Калински на МТВ.