Светско првенство Атлетика, Лондон 2017

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Утре, 4ти Август започнува Светското атлетско првенство кое ќе се одржи на олимпискиот стадион во Лондон.

Ме мрзи да пишувам лански резулати, дисциплини, само ќе нафрлам неколку битни и небитни информации.

Ќе почнам од кралот, Јусеин Болт - последно големо натпреварување за најбрзиот човек во светот.

Неговиот моментално најбрз ривал кој пред 1 месец истрча неверојатни 9.69 на 100м - Андре де Грасе од Канада го откажа својот настап поради повреда на задната ложа.

На 800м кај мажите поради повреда нема да се натпреварува ни Давид Рудиша од Кенија, Олимписки и Светски шампион на последните две првенства.

Последно појавување пред својата публика и за апсолутниот шампион во long run дисциплините, големиот Мо Фарах ја завршува кариерата.

Пред неколку месеци атлетиката остана посиромашна за еден од најдобрите десетобојци во историјата, апсолутниот рекордер и шампион Ештон Итон објави крај на кариерата. Заедно со него во пензија замина и неговата сопрута Брајана Тајсен Итон која се натпреваруваше во седмобој кај жените.
Кога сме кај таа дисциплина вреди да се спомене и пензионирањето на британката Џесика Енис Хил.

Во другите женски дисциплини, на 100 и 200 метри нема да настапи Светската шампионка од Пекинг, јамајканката Шели Ен Фрејзер Прајс која поради бременост го откажа својот настап.

Вечната Алисон Феликс ќе ја гледаме и оваа година на трката на 400 метри.

Во другите дисциплини горе-доле нема некои измени или барем јас не сум забележал, би требало да ги гледаме истите што ги гледавме и лани на Олимписките игри во Рио.

Се читаме во коментари, се гледаме но нема да се слушаме со Калински на МТВ.

 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Му текна на некој да отвори тема. (y)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
Мислам дека договорот со Калински беше да ја коментира трката на 100м последна негова и на Усеин Болт.. сеа не знам што излезе на крај (нека го праша @Фросе Драгче на фб:rolleyes:)знам дека другите настани ќе ги пренесува Драган Николовски и мизерниот Горан Милковски.
Преноси ќе има и на Еуроспорт, и од утринска и од попладневна сезија.

Вредно да се спомене е дека Македонија ќе има само еден претставник, што е рамно на нула.. Ислами Дрита ќе ја претставува Македонија на 400 метри со пречки.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Прво светско од ко сум жив јас без Злате. :/
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
А дојдов тема да отворам, колку да има кај да коментираме ние 6-7 души шо ќе го гледаме ова.
Болт последен пат у животот, срцкава на аватар и Ивана у скокот <3
A да, стискам палци Лавилени пак да фејлне и пак да плаче по медиуми:kuracc:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
Ивана влече некоја повреда од пред некој митинг на дијамантска лига, но мислам дека до медал ќе стигне..
Техничките дисциплини би требало да привлечат поголемо внимание.
Скок во височина злато типувам на Марија Кучина сега веќе Ласицкене.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Британкава изгледа не знае дека не треба да запнува толку на почеток.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Иако јас не сум многу по спортот освен што гледам тенис, по некогаш бокс али сепак ова гледа татко ми па можно е и јас да гледам кога има трчање.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Си ги дупи ко мали деца, 80 метри им остави да се радуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom