Прво полуфинале САД-Литванија
Мислам дека се исфураа Литванците на дуелот против Аргентинците во 1/4 финалето и дека тешко ќе ја прикажат таа брилијантна игра, а најмалце дека ќе им иде шутот за три поени...така да Американците мислам дека се сигурни за во финале, дај боже да грешам, па вечер да ме демантираат Литванците, Литванците за мене се најголемо изненадување на турнирот, без некои првотимци се дојдени на првенството, но до сега прикажаа одлична игра...така да за ЕП наредната година што ќе се одржува кај нив ќе бидат едни од фаворитите за прво место.
Турција-Србија...
Е ова ќе биди страшен дуел, мала предност им давам на Турците, бидејќи играат пред домашна публика, уствари тие да не играа пред домашна публика мислам дека тешко ќе дојдеа до 1/2 финале, а најмалце да се борат за светски прваци....но Богдан Тањевиќ го спрема овој состав малце поодамна, па сето тоа испадна на виделина.
Останува вечер да видиме кој две репрезентации ќе се пласираат во финалето, во секој случај се докажа дека на ова првенство тимската игра е најбитна, од овие 4 репрезентации кои се во завршницата, 3 играат тимски, а само САД игра на индивидуални потези.