Ако јас се прашувам кога ќе се среди треба да се наплаќа по 100 денари од човек на самта порта а влезот во црквата да биде бесплатен. Со тие пари би се одржувал и надополнувал просторот особено со цвеќе , дрвца и слично. Исто така се надевам дека на плажата која ја спомна нема да има узурпација со лежалки зошто според мене лежалките го убиват шармот на Охридското крајбрежје. Се сеќава, ма времињата кога ги немаше тие одвратни лежалки беше милион пати поубаво и послободно.
Тој дел од Охрид заедно со Билјанините извори и војната плажа е најубавиот во Охрид. Јас се надевам дека со смената на министерот за одбрана ќе се сети некој малку да инвестира и во војната плажа која е една од најубавите на Охридското крајбрежје. Овде немислам на некој си големи зафати туку на мали корекции и како што реков довршување на бунгаловите.[DOUBLEPOST=1401726986][/DOUBLEPOST]Кога веќе ги спомнавме и медиумите еве нешто во врска со комплексот. Но јас би бил пресреќен некој ако има подобри фотографии да постира од моменталмната состојба. Доле во текстот е спомнат и паркинг, па би ме интересирало како тоа е решено. Бидејќи и М1 рече дека тоа е слаба точка.
Светецот Наум му го даде новиот лик на манастирот
Главна атракција во манастирскиот двор се пауните. Тие не се затворени во кафез, туку слободно шетаат. Се дружат со гостите, а најмногу со децата. Им дозволуваат да им се приближат и одблиску да ги сликаат
МАНАСТИРСКИ ТУРИЗАМ ВО ОХРИД
Висока камена ограда и голема порта. Ова е новиот имиџ на манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски“, кој се наоѓа на само 28 километри од Охрид. Со децении личеше на вистински панаѓур, со тезги од кои се продаваа храна, скара, разни дребулии, со фрижидери, чадори. Но оваа година првпат подготвено ќе ја пречека туристичката сезона. Манастирот е доказ како во православните земји функционира манастирскиот туризам.
На влезот од манастирот, од левата страна веднаш се забележуваат новите типски изработени куќарки, каде што продавачите ќе ги продаваат своите производи. Плажите се уредуваат, а целиот простор се облагородува со нови тревни патеки и со цвеќиња и дрвца. Изградени се санитарен јазол и тоалети, пуштена е и водата, а одводната мрежа функционира беспрекорно.
Оние што работат на уредувањето на манастирот велат дека најголема работа ја врши тој чие име носи манастирот.
Дебарско-кичевската епархија извршува пообемни работи во манастирскиот и излетнички комплекс Свети Наум, каде што веќе се изградени влезна капија и десетици типизирани објекти. Комплексот треба да добие комплетно нов лик.
МЕСТО ШТО ЗРАЧИ СО МИР И СПОКОЈ
Работниците велат дека со фонтаната и паркиралиштето ќе се зголеми ефектот на новиот лик на манастирот.
На новата пречистителна станица се поврзани и тоалетите и двата ресторани.
Оваа активност има повеќекратна бенефиција за поголема туристичка афирмација на овој, според многумина, најубав дел на охридското крајбрежје.
Главна атракција во манастирскиот двор се пауните. Тие не се затворени во кафез, туку слободно шетаат. Се дружат со гостите, а најмногу со децата. Им дозволуваат да им се приближат и одблиску да ги сликаат.
Посетителите велат дека ова е местото каде што се напојуваат со мир и спокој. Има и такви, најчесто странци од Холандија, Полска и од Чешка, што сакаат да се искапат во езерото. Се сончаат на плажата во предниот дел од дворот на манастирот. Велат дека дополнителна енергија, пак, добиваат од бескрајното езерско синило и зеленилото околу изворите на Црн Дрим.
Најчести посетители се странските туристи и децата од основните и средните училишта.
- Манастирот е ретка природна убавина, која зрачи со култура и традиција. Местото во божественото природно опкружување плени со вонвременска духовна убавина - вели Елена од Скопје.
Според нив, култот кон свети Наум Чудотворец живее и денес, а во него веруваат и христијаните и муслиманите.
ДОВОЛНО ПОЗНАТ ВО ПРАВОСЛАВНИОТ СВЕТ
Отецот Нектариј, игумен на манастирскиот комплекс, вели дека во минатото му пречеле сите негативни критики за дворот на манастирот. Го болело кога некој ќе речел дека е неуреден влезот на манастирот, како и дека тоа е срам за светецот Наум.
- Дворот е огледало на секоја куќа, па така и на манастирот. Тоа е манастирски имот и ние сме обврзани да се грижиме за него. Првично им понудивме на студенти да направат проект за надворешното уредување, па потоа го усовршивме тоа со нашиот архитект. Очекуваме за некоја недела ѐе да биде готово - додава отецот Нектариј.
Тој е единствениот монах во манастирот. Смета дека на „Свети Наум“ не му треба реклама, зашто е доволно познат манастир во целиот православен свет.
Вели дека манастирот ќе добие нов лик кога ќе бидат засадени над 300 дрвца на влезот во комплексот.
Инаку, како што нагласува отецот Нектариј, уредувањето на комплексот „Свети Наум“ го врши дебарско-кичевската епархија при Македонската православна црква-ОА, откако со Законот за денационализација си го врати просторот во свое владеење.
Најчести посетители се ученици и странски туристи од Холандија, Полска и од Чешка
Црква со впишан крст
Свети Наум, еден од најверните следбеници на првите словенски просветители свети Кирил и Методиј, пред крајот на својот живот го основал манастирот „Свети Архангел“ и во 910 година во него бил погребан. Оваа црква по својот првобитен облик била речиси идентична на црквата „Свети Пантелејмон“ во Охрид. Околу 10-13 век Наумовата црква целосно била урната. Потоа, околу 16 век, на нејзините темели е подигната сегашната црква, и тоа во две етапи. Сегашната црква ги носи преправките, и таа има форма на впишан крст во квадратно пространство со купола, поставена на четири столба. Гробницата на Наум е посебна зграда, со широка и ниска купола.
Околу манастирот има повеќе свети води, Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и други.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61141947399&id=9&setIzdanie=23189