За тоа се вика ВЕРБА луѓе. За тоа што ништо неможе да се докажи. Само можете да верувате и да се држете на тие верувања, било какви и да се. Што мислите на Евреите важно им е дали Исус имал деца? Апсолутно не им е затоа што не веруваат дека Исус бил спасителот, едноставно не им е такво верувањето. Така да ако си имате одредено мислење и верба, задржете си го без разлика кој што вика, затоа што има илјадници книги напишани против вашето мислење.
А за Кодот на Давинчи, кој е тој толку неук што мисли дека сето тоа е вистина? Ден Браун земал една идеја и ја претворил во приказна, за да можат читачите да ја следат и да им биде интересна книгата. А 90% од книгата се фикција. Факт е дека сите тие работи постојат, али како вие ке си ги интерпретирате тоа си е ваше. Можеби стварно Исус имал ќерка. А можеби и не. Можеби Давинчи стварно има скриени пораки зад неговите слики...а можеби и не. Сите тие факти наведени во книгата постојат, а кој како ги интерпретира зависи од личноста.
Јас гледав и интервју со Ден Браун и он кажа дека книгата е фикција и дека не депиктира никакви вистинити случки, но потенцираше дека сите слики, цркви и било што друго што спомнал во книгата стварно постојат. Тој само земал неколку слични идеи во одредени слики и скулптури и ги склопил во една слагалица. А и ај размислете од овој аспект, ако сето тоа стварно е вистина, ако Светиот Грал е стварно сместен таму каде што сите тие стрелки во книгата покажуваат, немаше да го најдеме до сега?
Не викам дека тоа си Исус и Марија Магдалена не е вистина, дури и тврдам дека многу работи во библијата би објаснило сето тоа, али сваните дека тоа е една идеја. Неможе да се докажи, а посебно не со една книга. Така да држете се на тоа што верувајте, и не бидете толку наивни да верувате во секој тренд што ќе излезе.
П.С. Кодот не беше првата книга што ја претстави оваа идеја во јавноста, туку тоа беше книгата "Holy Blood, Holy Grail." Зошто никој тогаш не веруваше во оваа идеја? Затоа што книгата не направи толку голем бум како Кодот, али сега Кодот се рашири и одма сите почнаа да тропат дека чим оваа идеја е насекаде тогаш мора да е вистина. Наивност...