Свекрва / мајка - како ги нарекувате родителите на вашиот партнер?

F

filmadzijka

Гостин
Свекрва ми ја викам мамо или со деминутив од нејзиното име. Таа тоа го заслужува и воопшто не ми е тешко да и направам по некое ситно задоволство. Несебично ни е посветена и со сите сили се труди да ни помогне и обично навреме ја забележува границата до каде има право да се меша во работите.

Да беше некоја злобна караконџула, може пак ќе викав мамо, не знам, ама сигурно ќе ја почувствуваше иронијата и повеќе ќе се нервираше.
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Нема да ја викам мојата свекрва мамо.Тоа ми е некако ептен за времето на бабами и дедоми .Па незнам колку и да е добра и колку и да заслужува сепак јас си имам само една мајка и не би ми било пријатно да ја викам Мамо ,ниту пак би барала мојот сопруг да ги вика мајками и таткоми баба и дедо.Незнам некако не ми иде:toe:
 
F

filmadzijka

Гостин
Ич, ама ич не ми е тешко да правам отстапки за луѓето кои ми пружаат многу и ми се мили. Тие истото го прават за мене. Принципите се докажуваат со дела, а не со зборови.
Мајка ми никој не може да ми ја замени, ниту пак таа губи од мојата љубов и почит со тоа што ја одржувам слогата и мирот во моето (условно речено) ново семејство.
Ако свекрва ми ме третира како своја ќерка, нема зошто да ја понижувам со тоа што ќе и се обраќам со еееј, мори, тето, Донке, госпоѓо или да трчам низ куќата за да и се наместам пред нос за да ме погледне па да и кажам нешто.
Јас сум имала ретка среќа да налетам на таква жена. На крај, таа е мајка на човекот што толку го сакам што со него сакам да остарам. А кога некој го сакам и кутрето да му го видам, ме обзема милина.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Како шо глеам, различни ни значењата на зборот Мама и Тато.
Филмаџијка, ти колку сакаш поштовај ја, и колку сака та нека ти има добро напраено, јас не го оспорвам то..И демек ако и речиш мама си блиску до благодарноста за тие добри дела?
И јас ќе ја сакам свекрва ми, ќе го поштовам свекор ми, ама се знај за кој се наменети тие две зборчиња..
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
62
Поени од реакции
0
Свекрва ми ја викам мамо или со деминутив од нејзиното име. Таа тоа го заслужува и воопшто не ми е тешко да и направам по некое ситно задоволство. Несебично ни е посветена и со сите сили се труди да ни помогне и обично навреме ја забележува границата до каде има право да се меша во работите.

Да беше некоја злобна караконџула, може пак ќе викав мамо, не знам, ама сигурно ќе ја почувствуваше иронијата и повеќе ќе се нервираше.
Mnogu ubavo od tvoja strana samo da ne si adekvtna na svoeto ime pa da i pravis film, moze i ona da e na forumov a?
 
F

filmadzijka

Гостин
Mnogu ubavo od tvoja strana samo da ne si adekvtna na svoeto ime pa da i pravis film, moze i ona da e na forumov a?
Дете, јас знам дека мојот пост ти личи на научна фантастика.
Не си ни прв ни последен.
Ако ти е мака што некој нема проблем снаа/свекрва, јас тука и да сакам не можам да ти помогнам.

А кога сме кај имињата, дали си слушнал за онаа:
Викај ме и грне само немој да ме скршиш.

Што се однесува до јузерот филмаџијка, хех, ти ја цениш книгата по кориците златен. Дали твојот коментар значи дека ти се идетификуваш со сопствениот јузер? Тоа е твоето прво, второ или последно Јас?

Како шо глеам, различни ни значењата на зборот Мама и Тато.
Филмаџијка, ти колку сакаш поштовај ја, и колку сака та нека ти има добро напраено, јас не го оспорвам то..И демек ако и речиш мама си блиску до благодарноста за тие добри дела?
И јас ќе ја сакам свекрва ми, ќе го поштовам свекор ми, ама се знај за кој се наменети тие две зборчиња..
Кој ти рече бре Тамарче, дека треба и ти како мене да правиш? Никој не те фати за гуша. Како си сакаш така викај си ги. Да сме здрави и живи, па да дочекаме од тебе поадекватен пример на домашна кохабитација.

Немој да заборавиш да ни се пофалиш кога ќе дојде тој ден. Сигурна сум дека ќе бидеш светол пример за многу млади невести, и ќе спасиш многу семејства од непотребни конфликти.

А до тогаш - без нервоза.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
62
Поени од реакции
0
Дете, јас знам дека мојот пост ти личи на научна фантастика.
Не си ни прв ни последен.
Ако ти е мака што некој нема проблем снаа/свекрва, јас тука и да сакам не можам да ти помогнам.

А кога сме кај имињата, дали си слушнал за онаа:
Викај ме и грне само немој да ме скршиш.

Што се однесува до јузерот филмаџијка, хех, ти ја цениш книгата по кориците златен. Дали твојот коментар значи дека ти се идетификуваш со сопствениот јузер? Тоа е твоето прво, второ или последно Јас?
Naprotiv mnogu me veseli koga ke vidam srekni luge koi nemaat problemi i sirat pozitivna energija so niv i jas se osekam poubavo.
A od druga strana kako celosen negativ na prvite gi dozivuvam onie koi vestacki go pravat toa ja glumat srekata kako nekoj specijalen efekt.
A za "juzerot" nikogas ne sum dozvoluval prviot vpecatok za nekoja rabota da bide presuden za mojata konecna odluka sekogas se trudam da zavlezam podlaboko vo problemite taka se dobiva porealna slika i sekogas sum sakal i kaj najgolemite gnasi vo istotijata da gi otkrijam pozitivnite karasteristiki kako na pr. disciplina, preciznost, ostroumnost i dr.
 
Член од
20 декември 2005
Мислења
179
Поени од реакции
1
Ja vikam MAMO ne znam mozebi od pocit moze zatoa sto taka ostanalo (kako novo ime za nea)no edno znam,toj zbor vo nieden slucaj ne mi pretstavuva MAJKA ni priblizno.
 
Член од
16 август 2007
Мислења
27
Поени од реакции
0
Не ја викам свекрва ми мамо, не дека не заслужила, не дека ми згрешила нешто во животов, туку едноставно имам кого да викам мамо-само една личност во мојот живот ќе претставува мајка и само една ќе ја нарекувам мама.
Свекрва ми тоа го знае и може да се лути колку сака-има свои деца тие ја и ќе ја викаат мамо.
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
I jas svekrvami ja vikam mamo, pretezno od pocit kon maz mi, i on moite roditeli gi vika babo i dedo, pa taka i jas gi vikam mama i tato , zbor koski nema ama znae koski da skrsi taka da ne se frustrijate tolku okolu toa.... sekoja svekrva znae koe i e dete, i na komu mu e majka, taka da i svesna e deka snaata od pocit ja narekuva mamo, nisto loso nisto strasno nema vo toa, eve moj primer mene majka mi moja lichno sto me rodila me ucela od mala deka koga ke se omazam majkata na moeto momce treba mamo da ja vikam so sto ke i ukazam edno pocituvanje i nea i na maz mi, i ic ne mi idese na pocetokot u glava da ja vikam "tetka" ili na ime, zatoa si ja vikam mamo i ic ne mi preci. Taka da sekoj ima pravo kako saka, nemora sea so muabetot se znae koja mi e majka, site znaeme normalno e.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Останало од старите, што според мене некако е глупо. Но од друга страна, незгодо е да не викаш, така да ич не ми е криво што сум машко :).

А што ке кажете на овај пример... Х чоече мајкаму ја вика по име, како да му е другарка, а женаму, и се обраќа со мамо. На што личи тоа?
 
Член од
2 април 2007
Мислења
96
Поени од реакции
12
Е видиш, тоа е примерот во мојата врска, јас се уште не сум во брак, но сум во врска. Дечко ми неговите и моите ги вика по име, мене тоа не ми пречи,посебно за моите, бидејќи знам дека тој тоа го прави бидејќи ги осеќа блиски и ги сака. Јас не би можела мајкаму да ја викам мамо, сега ја викам тетка....а за понатака мислам дека ќе ја викам по име
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Кој ти рече бре Тамарче, дека треба и ти како мене да правиш? Никој не те фати за гуша. Како си сакаш така викај си ги. Да сме здрави и живи, па да дочекаме од тебе поадекватен пример на домашна кохабитација.

Немој да заборавиш да ни се пофалиш кога ќе дојде тој ден. Сигурна сум дека ќе бидеш светол пример за многу млади невести, и ќе спасиш многу семејства од непотребни конфликти.

А до тогаш - без нервоза.
Си прајме муабет, нели?.. :)
Не реков дека некој ме фати за гуша. Само го искажувам мојот став во врска со темава. Имам право на тоа, така?
И да дај Боже а дочекаме доволно адекватен пример за домашна кохабитација.
И да, обавезно ќе се пофалам и се надевам дека ќе бидам пример (иако ова твоево ми изгледа како малце поироничен пост, ама ај, нек ти буде :wink: )

А до тогаш - без нервоза.
Ма нема тука нервоза, само искажување на сопствен став, малце поразгорително, за да се долови моментот де :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не верувам дека баш многу ќе ги сакам па врз основа на тоа и нема да ги викам мамо/тато. Не дека ќе ми биде тешко тоа, само малку ми е глупаво т.е. многу ми е глупаво. До вчера сум им се обраќала со чичко/тетка а од денес со мамо/тато. А и плус тоа, што ако јас се разведам од маж ми и се премажам за некој друг на пример? И како, од утре овие ќе престанам да ги викам мамо/тато а новите ќе почнам така да ги викам? Или можеби сите мамо/тато да ги викам, big family а? Глупости живи!
Затоа со тетко/чичко најдобро, уште подобро ако се модерни па по име да ги викам.М
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Многу се чудам кога ќе слушнам некои жени да и се обраќаат на својата свекрва со госпоѓо или пак на име.Некако е вештачки,не знам.
Мајка ми отсекогаш им се обраќала на родителите на татко ми со:Мамо и тато.Валјда затоа и ми е чудно се друго,пошто сум навикнат вака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom