Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.142
- Поени од реакции
- 12.125
Темава пак замина...Реален феномен НЕ е се што има практична примена.Таа дефиниција за реален феномен е твоја.
Ти сакаш да се докажуваш дали постои или не ѓаол. Постои и не постои е одговорот.
Таа дефиниција претходно е моја и вистински научник дава вистински толкувања секогаш(се мисли да избегнува да дава толкувања кои нему му се допадливи иако не се точни)! Исто така ако функционира а ти не знаеш како, јас велам научи и имај пракса и искуство, ако имаш волја нормално. Јогата нема врска со верување, има врска со пракса и работа врз самиот себе си. Ако практикуваш јога заради добро чувтсво, земи си дрога, не се мачи. Кои глупости значи, да не знае човек од каде да почне да те поправа...
Премногу си читал ти, а малку си работел барајќи учење кое ќе ти легне на душата најдобро. Се си направил турли-тава и сега си „тврдокорен“ атеистички расположен скептик. Ми се допаѓа тоа, само почни да имаш пракса во она во кое се сомневаш. И сомневај се и во самото сомневање кога веќе се сомневаш
Очекуваш да ти дадам докази? Па види што му напишав на Боди во врска за тоа... Ако се дадат докази и ти еден ден пробаш да сработиш нешто, твојот ум секогаш ќе ти ги лажира ефектите што треба да ги добиеш (умот е многу мрзливо нешто, постојано бега од работа) и ќе ги имаш тие пласибо ефекти, и наместо реално да работиш твојот ум ќе те зеза и ќе фантазираш недобивајќи ништо од сета работа... Ќе биде како што ти напиша во твојот пост.
Мораш сам... тоа е целиот муабет. Ти зборуваш дека ова не е вистина она е лага ова е тоа а не си пробал ништо од тоа. Она не постои ова не постои... само машините постојат за тебе. За мене се постои. И курвите во Амстердам постојат иако сум ги видел само на ТВ.
Бараш причина-последица а по муабетот не знаеш ни што бараш на темава... ако не ти е реално постоењето на ентитети како демони, астрални ентитети, леприкони тука никој ништо не може. Едноставен одговор е: да не постојат Бејкон и мирна глава.
Хептаграм не верува во ништо. Верувањето е за оние кои не знаат. Ти веруваш дека не постојат астрални ентитети, веруваш дека не постојат демони, чакри, нади, пингала, шушумна, лева патека, десна патека и слично... а веруваш во психологија како работи умот. Но јас ти викам дознај, не барај доказ од други.
Јас се што сакам пробувам и постојано се усовршувам.
Некои работи не се учат од читање книги.
П.С. факторите кои влијаат на мене НЕ се само од психолошки карактер(ако е само тоа, реков подобро ќе земам супстанции отколку да се мачи човек со разни пракси и школи). Ако мислиш дека умот игра голема улога во јогата... ќе мора да учиш малку поеќе за умот и неговата ограниченост во одредени пракси. Не може да се добие ништо реално од праксите ако не се помине умот и неговата „логика“. Бааги не си запознаен со темиве нели?
П.П.С. Вистински научник има пракса. Бејкон, биди научник за вакви теми, имај пракса, онака само ќе дрдориме до бесвест и назад.