Сам свој мајстор реално шоу на Канал 5

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.632
Поени од реакции
8.064


Ново, Оригинално, Наше...Македонско Реално Шоу
САМ СВОЈ МАЈСТОР
Конечно дојде моментот кога македонските авантуристи ќе имаат можност да ја покажат и докажат својата издржливост, упорност, харизматичност и оригиналност. 10 машки и 10 женски учесници ќе бидат дел од големата авантура наречена - САМ СВОЈ МАЈСТОР.
Започнувајќи од 31 Мај , започнуваат 3-те ФАЗИ од реланото шоу, а само најдобриот ќе ја освои главната премија
Формуларот преземете го тука. После пополнувањето пратете го на еден од следниве 2 начина
а. На нашата email адреса : sam@kanal5.com.mk
б. На нашата поштенска адреса: Канал 5 ТВ, за САМ СВОЈ МАЈСТОР, ул Скупи б.б, 1000 Скопје
И во двете варијанти, препорачуваме да пратите фотографија ( фотографии ) од вас
Инструкции за Формуларот:

Како што можете да забележите, основниот формулар има преку 70 прашања...ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ПОПОЛНУВААТ СИТЕ прашања од ПРВИОТ ДЕЛ ( доколку не се пополнети, вашата апликација се отфрла ), а би биле препорачливо да одговорите најмалку половина од прашањата во останатите делови на формуларот. Да бидеме попрецизни, сакаме повеќе одговори, искрени пред се, за да можеме да процениме дека ќе бидете токму ВИЕ еден од оние кои ќе учествуваат во 1-та ФАЗА од реалното шоу - САМ СВОЈ МАЈСТОР

Основни информации за шоуто:
САМ СВОЈ МАЈСТОР ќе има 3 фази и тоа
- Аудиција
- Градење на куќа
- Живеење во куќа

Аудициите ќе се емитуваат во живо од Канал 5 ТВ започнувајќи од 31 Мај оваа година кога ќе се изберат 20-те учесници кои ќе одат во следната , ВТОРА ФАЗА на САМ СВОЈ МАЈСТОР
Животот е Шоу, Времето е пари...затоа бидете САМИ СВОИ МАЈСТОРИ на вашата судбина.

Канал 5 ТВ и САМ СВОЈ МАЈСТОР ве очекуваат.
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Се што е наше, оригинално, се поштува!
Едвај чекам да почне да видaм како ќе се реализира идејава.:)
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Конечно да видиме Македонско шоу и да слушнеме Македонски јазик на телевизија, од Српски и Хрватски па веќе преку пиииип ми е!

Браво за Канал5.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Да не претерам кога ги читав прашањата едно десет пати несвесно повторував Шо шо? кога станав свесна почнав да се смеам на сопствената реакција а и на прашањата...
Кога последен пат се случиле да мавнете шлаканица и да фрлите по некого со нешто? Дали сте биле на нудистичка плажа? Број на градник?Број на чевли и долна облека? Дали сте биле приведен? Дали имате снимки каде сте разголени и дали поради тоа ве уценуваат?
Што по гаволите е ова:pos2:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
па за да ти направат облека вероватно ..
а она нудистичка, шлаканици, па ќе има некои провокации и далги :)
како шо видов има и со какви луѓе не сакаш да живееш а со какви сакаш и други работи од кои ќе ти напраат психоанализа ...
у секој случај спремаат добра емисија мислам :)
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
море што и да е само да има воајеризам хехе

него озбилно ова е за пооздрав по што на некој конечно му текна да направи сопствена продукција
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Што е главната премија уствари? Да не ја зема победникот куќата? :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Што е главната премија уствари? Да не ја зема победникот куќата? :)
вчера баш кај Миленко у емисија Директорот на Канал 5 .. Иван Мирчевски промовираше ..
мислам дека не кажа за премијата шо е .. а можно е дека куќата ќе биде ..
ама јако беше кога рече дека досега 10тина се пријавиле и тоа сите градежници :tv:

па објаснуваше дека нема потреба да бидеш градежник .. и таму нема ти да градиш .. туку ќе имало мајстори а пријавените ќе биле како чираци нешто па ќе помагале и извршувале задачи кои мајсторите ќе им ги дадат ..
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.632
Поени од реакции
8.064
Да не претерам кога ги читав прашањата едно десет пати несвесно повторував Шо шо? кога станав свесна почнав да се смеам на сопствената реакција а и на прашањата...
Кога последен пат се случиле да мавнете шлаканица и да фрлите по некого со нешто? Дали сте биле на нудистичка плажа? Број на градник?Број на чевли и долна облека? Дали сте биле приведен? Дали имате снимки каде сте разголени и дали поради тоа ве уценуваат?
Што по гаволите е ова:pos2:
Намерно се такви прашањата да видат кој поинтересни одговори ќе даде,така рекоја на фактор 5 на Канал 5
Куќата ќе биде монтажна (од типот Хот & Хот) и ќе биде на 2 спрата

пријавените ќе ја градат куќата и додека ја изградат ќе живеат во шатори ,и кога ќе ја изградат ќе живат во неа неколку месеци и ќе им приоредуваат игри
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.908
Поени од реакции
16.166
Марко Новески водител на „Сам свој мајстор“
Македонските авантуристи од понеделник ќе имаат можност да ги покажат своите таленти пред јавноста и да влезат во големото македонско реално шоу „Сам свој мајстор“, кое ќе се прикажува на телевизија „Канал 5“.

- Од понеделник ќе се случи прелиминарната фаза во која избраните учесници ќе ги претставуваат своите таленти, а најдобрите од нив, 10 мажи и исто толку жени ќе влезат во понатамошниот круг, каде што 24 часа ќе живеат на одреден простор со другите натпреварувачи. Главната цел на учесниците е да изградат монтажна куќа, која ќе ја работат со помош на мајстори, нема целосно да бидат оставени сами на себе. Тие во почетокот, додека да го изградат својот дом ќе престојуваат во импровизирани услови, кои се исто така пристојни, а откако ќе ги добијат клучевите од новото живеалиште ќе направат голема забава - вели Владо Младеновски, координатор на проектот и додава дека се' уште не се финиширани сите детали, но тоа ќе го направи шоуто поспонтано и поинтересно.

Домаќин на шоуто во кое се најавуваат и многу гости, е популарното ТВ-лице Марко Новески. Негова задача е да ги води учесниците низ играта и да им задава нови задачи. Дваесеттемина ученици од шоуто „Сам свој мајстор“ се борат за награда од минимум 10.000 денари. Шоуто ќе се прикажува секој ден од 22 часот.

дневник
 
Е

експерт

Гостин
lele kako psihologot gi ponizuva kandidatite za vreme na audiciite
 
J

JOEY JORDISON

Гостин
Баш да видиме дали ќе биде Поинтересно од Тоа Сум Јас
Шпага Баже Легенди:)
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Некако многу ми е глупа идејава -.-
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Марко Новески водител на „Сам свој мајстор“
Македонските авантуристи од понеделник ќе имаат можност да ги покажат своите таленти пред јавноста и да влезат во големото македонско реално шоу „Сам свој мајстор“, кое ќе се прикажува на телевизија „Канал 5“.

- Од понеделник ќе се случи прелиминарната фаза во која избраните учесници ќе ги претставуваат своите таленти, а најдобрите од нив, 10 мажи и исто толку жени ќе влезат во понатамошниот круг, каде што 24 часа ќе живеат на одреден простор со другите натпреварувачи. Главната цел на учесниците е да изградат монтажна куќа, која ќе ја работат со помош на мајстори, нема целосно да бидат оставени сами на себе. Тие во почетокот, додека да го изградат својот дом ќе престојуваат во импровизирани услови, кои се исто така пристојни, а откако ќе ги добијат клучевите од новото живеалиште ќе направат голема забава - вели Владо Младеновски, координатор на проектот и додава дека се' уште не се финиширани сите детали, но тоа ќе го направи шоуто поспонтано и поинтересно.

Домаќин на шоуто во кое се најавуваат и многу гости, е популарното ТВ-лице Марко Новески. Негова задача е да ги води учесниците низ играта и да им задава нови задачи. Дваесеттемина ученици од шоуто „Сам свој мајстор“ се борат за награда од минимум 10.000 денари. Шоуто ќе се прикажува секој ден од 22 часот.

дневник
Мислам дека оваа сума е грешка...како што слушнав на најавата на вестите на Канал 5, наградата ќе биде 10.000 евра. За 10.000 ден, никој не би се пријавил... :salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom