Некои ситуации во животот знаат да бидат многу енергични. Можат да не повредат, а можат и да не усреќат.
Колку е важна самоконтролата во ваквите случаеви?
Дали помага во прифаќањето и решавањето на негативните работи?
Колку може да ги уништи или да помогне да станат уште поубави, убавите моменти?
Како стоите со оваа појава?
Повеќе не сум се посветила на ниеден пост предходно! Вреди да се прочита!!
Баш пред некое време слушав предавање на оваа тема. Човекот ми даде пример и ми вика:
-Беше во школо, си помина убаво, расположена си. Доаѓаш дома, мајка ти легнала гледа телевизија, спокојна. Одиш и ја прашуваш дали може вечерта да те пушти некаде да одиш. Таа спокојно, мртва ладна ти возвраќа „Не...“. Во прв момент се смрзнуваш, почнува да ти се крева нивото на адреналин, срцето ти чука појако. Одеднаш ти се расипува доброто расположение, вриеш внатре, се обидуваш да не избувнеш ама возвраќаш со малку поинаков тон, строго „Зашто??“ и почнува кавгата. Таа ти кажува некоја причина, а ти како и секогаш, тврдоглава и возвраќаш пак. Почнувате да се карате, гласно. Трескање врати, мавање по маси, дерење...И одеднаш..заѕвонува телефонот! Се јавуваш изнервирана, со кренат адреналин, но сепак посмирен тон: „Ало?“ како се да ти е преку глава и неможеш да се замараш уште и со телефонот. Одеднаш дознаваш нешто сосем друго, нешто загрижувачко поважно од твојот провод со другарките, се јавува личност од полиција и возвраќаш со посмирен тон „Да, повелете?“ адреналинот од тој во облаци ти се спушта полека долу, мислите ти одат во тоа што го зборува личноста од другата страна на слушалката итн...
Поентата беше, секој може да ги исконтролира своите емоции!! Буквално СЕКОЈ!
Девојката, наречена „јас“, е како и секоја друга тинеџерка, но успева да ги исконтролира своите емоции. Од врела кавга, на загрижувачки, но смирен, разговор. Мислам дека секој би се јавил на истиот начин како што се јави девојката. Сигурно нема да му се развикаш на некој од другата страна на телефонот, ни крив ни дужен.
Да, самоконтролата помага во решавањето на проблемите, но не може да ни помогне да прифатиме нешто што едноставно мислиме дека не е праведно, да прифатиме нешто лошо што ни се случило. Како кога ќе почине некој близок, некој што навистина ти значи. Огромна моќ и самоконтрола треба да
не заплачеш, но во душата ќе ти биде многу потешко. Ќе се измачуваш подолго време. Или во овој пример што го дадов, подобро ќе беше девојката наречена јас да не избувнеше и да започнеше караница, туку да се стрпеше мааалку повеќе и можеби потоа немаше да мора да се покајува за караницата илјада пати.
Јас сум од тој тип на личност што можам да се исконтролирам во присуство на други. Не ми претставува ни најмал проблем. Мислите ќе ги насочам во друга насока и готово. Проблемот е што кога си сам??? Тогаш неможам да се воздржам. Неможам да ги насочам мислите на друго место и едноставно нема кој да ме поткрепи и плачам. Да, бидејќи сум верник во Бога, Тој е секогаш тука за мене и многу ќе ми беше полошо да не го знаев тоа. Тој ме поткрепува цело време, но понекогаш ќе се случи нешто што навистина неможе да се исконтролира. Многу ги почитувам тие луѓе што можат да се исконтролираат и кога се сами. Секоја чест! Тоа не значи дека се нечуствителни, туку рационални и моќни. Нема потреба да плачам да ме боли глава и да ми тече скапоцено време кое на крајот од животот ќе ми недостасува, за нешто кое никогаш нема да се промени, туку да продолжам напред.