Trust yourself!
или верувај си...самодовербата е нааајбитната работа за среќен, хармоничен и радосен живот без премногу премислувања, па размислувања дали го направив правилното, погрешното и слично...
лично, сум била во периоди со многу разнишана самодоверба, кога едноставно не знаеш каде си, на што си, живееш во константен страв дека нема да бидеш прифатен од околината, на себеси си поставуваш разни критериуми кои мораш да ги исполниш за да запознаваш луѓе, за денеска да излезеш и да задоволиш нечии интереси, едноставно разнишаната самодоверба води кон константно нерасположение, незадоволност од самиот себеси па дури и до депресија...
да постигнеш ниво на самодоверба, пред се, треба да си веруваш на себеси, треба да имаш волја да се надградуваш и усовршуваш и секогаш да бараш повеќе и да бидеш свесен дека ти можеш и повеќе, но воедно и да се свртиш наоколу и им погледнеш на работите во очи и видиш каде е твоето место во светот, тоа е да бидеш доволно смел да бидеш среќен, да им пркосиш на оние кои те подредуваат и ти даваат пониска слика за тебе самиот, самодовербата е да знаеш дека вредиш и колку многу вредиш, да се цениш и бидеш сигурен во она што го правиш, да си задоволен од себеси и да се сакааааш...
а секако дека е битно и мислењето на другите за тебе, но тоа се надоврзува на сопственото мислење и му доаѓа како еден вид последица...мммм...сакам самоуверени луѓе!