Единствен тинејџ филм што вреди според мене е The Last American Virgin во принцип не дека нема инди филмчиња со нормално/реални теми туку овој почнува како класична лимонада чија прва половина е родена за Американ Пај тип на филм, за да премине и заврши на многу горчлив, очекуван-во-животот-но-не-на-филм крај.
Fast Times At Ridgemon High е исто добар.
The Breakfast Club го крши клишето ама е поприлично нереален, но бар е со порака.
Ghost World е добар ама има многу поголеми теми вклучено покрај тинејџерскиот свет, така да не го рачунам, почнувајќи од фактот што ликовите се далеку над просекот на класичен тинејџер.