- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.470
- Поени од реакции
- 18.484
СССР подготвувал Бугарин да го убие папата
Советски шпиони подготвувале Бугарин да го убие папата Јован Павле Втори, за да се спречи распадот на источниот блок, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.
Плашејќи се дека католичката црква во Полска се претворила во центар на спротивставувањето против нивната власт, Советите планирале атентат против папата, што требало да се случи за време на неговата посета на татковината во 1987 година.
Оваа мисија, како задача од Советите, ја добил Бугарин.
Советското воено разузнавање му обезбедило тајна информација за маршрутата на светиот отец, како и билети за воз за градовите во кои тој сакал да држи говори.
Бугаринот, меѓутоа, бил предаден од својата сопруга католик. Имено, таа се исповедала на својот свештеник Зджислав Крул, кој потоа ја предупредил полицијата, која го уапсила подготвениот атентатор.
„Сопругот или партнерот на оваа жена, кој е со бугарско потекло, располагаше со плановите за маршрутата на папата во најверскиот град во Полска - Ченстохова, како и со билети за воз. Ги предупредив органите за безбедност, откако атентаторот беше уапсен“, раскажа Крул, пренесува весникот „Дејли мејл“.
Се претпоставува дека Русите сакале да го убијат папата заради неговата жестока антикомунистичка позиција, која тој ја покажувал во своите проповеди.
Според некои историчари, папата има сериозна заслуга за паѓањето на комунистичките режими во Источна Европа.
Во 1981 година папа Јован Павле Втори беше прострелан на плоштадот „Свети Петар“ во Рим од турскиот екстремист Мехмет Али Агџа. На 2 март 2006 година италијанска парламентарна комисија, формирана од Силвио Берлускони, заклучи дека Советскиот сојуз го нарачал атентатот против папата во 1981 година. Според комисијата, причина за нападот била поддршката на папата за католичкото продемократско полско работничко движење „Солидарност“, кое одигра главна улога во уривањето на комунистите од власт.
Американската ЦИА, исто така, ја поддржува оваа теза.
Италијанската комисија тврди дека службите за безбедност во комунистичка Бугарија биле искористени за да го прикријат учеството на советското разузнавање во организирањето на атентатот. По неуспешниот атентат Агџа изјави дека имал двајца бугарски соучесници, а едниот од нив бил Жељу Василев, бугарскиот воен аташе во Рим во тоа време.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104490
----------------------------------------------------------------------
Значи уште од времето ко ги испотепале сите Македонски патриоти, па до денес, најголеми атентатори се Бугариве.
Ццццццццц