СМС порака од Македонија ја дигна цела Грција на нозе

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
СМС порака од Македонија ја дигна цела Грција на нозе

Деновиве од Грција се појави информација дека некои патници кои слетале на аеродромот „Македонија“ во Солун, добиле „навредлива“ СМС порака во која „Скопје им посакува добредојде во својата земја“







Информацијата прво беше објавена на некои блогови и слабо посетени информативни портали, но денеска ја објавуваат и порелевентани извори, меѓу кој е информативниот портал „Њузнау“.

Според грчките медиуми „инцидентот“ се случил пред два дена кога една млада Гркинка слетала на аеродромот во Солун со диркетен лет од Брисел. Кога го вклучила мобилниот телефон, за кој се истакнува дека за време на летот бил исклучен, добила две СМС пораки. Во едната и било посакано добредојде во Македонија, а втората „предизвикувачка“ гласела: Добредојдовте во Македонија, колевка на цивилизацијата. За време на Вашиот престој препорачуваме да го посетите Музејот на Македонската борба и Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, Меморијалниот центар на Тоше Проески во Крушево, Музејот на вода во Охрид и Древната опсерваторија во Кокино. Т- Мобиле Ви посакува добредојде во Република Македонија, за помош бирајте 38970122. Имајте пријатен престој во нашата земја!“.
("Welcome to Macedonia, the cradle of civilization. During Your stay we Strongly Recommend That you Visit the Museum of the Macedonian Struggle and the Memorial House of Mother Teresa in Skopje, the Memorial Center of Toshe Proeski in Krushevo, the Museum on Water in Ohrid and the Ancient Observatory in Kokino. T-Mobile WELCOMES you to the Republic of Macedonia! For Assistance Please call 38970122. Have a pleasant stay in our country! ")

Мајката на патничката за „Њузсит“ изјавила дека „била засрамена од тоа што се случило“ и рекла дека очекува грчкото МНР остро да реагира за случајот.

- Не е можно грчки граѓани што пристигнуваат на аеродромот ’Македонија’ во Солун да добиваат пораки од Скопје, истакнала таа. Сајтот, наводно, уште утредента го информирало грчкото МНР за настанот. Грчкото МНР засега не објави ништо за овој случај, ниту пак одговори на барањето на МИА да го коментира настанот. Од Т-мобиле за МИА потврдија дека е невозможно да се случи такво нешто, доколку телефонот за време на летот бил исклучен како што тврди патничката. Операторот испраќа таква порака на сите странци што ќе се најват на негова мрежа при влез во Македонија. - Во случајот со Грција, претпоставуваме дека при слетување на Солунскиот аеродром ја добиваат нашата порака бидејќи претходно (при прелетување на авионот блиску до нашата граница) се најавиле на наша мрежа (телефонот им бил активен). Ова се случува само кога телефонот ја има вклучено опцијата за автоматско бирање на мрежите“, се вели во одговорот на Т-Мобиле. Компанијата истакнува дека за повеќе детали ќе може да провери само доколку го има точниот број на телефонот, на кој претплатникот тврди дека ја добил пораката.


Абе не се нормални грев ми е за нив. Мислам дека неможат да спијат навечер како луѓе, им излегуваме како духови во сонот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Зошто имам чувство дека се работи за “кромид“ вест?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Каква и да е веста факт е дека јустинианците се опседнати со Македонија. Кога можеше во најголемата криза во парламентот да дискутираат за Македонија зошто да неможе сега СМС да ги дигне на нозе.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Овие па опседнати се со нас , све нешто им смета што народ беа .
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
^^^ Ама се гледа дека и ние сме опседнати со нив. :pos: Прочечкајте низ форумов!
Абе Балкански РЕТАРДИЛИТЕТ, тоа е.:vozbud:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Замисли да пишуваше дека пораката е од VIP наместо Т-Моbile. Добра шега ќе беше...
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Па шо кур барала да слетува во скопје, кај малце територија ни остана , сета ни ја разграбаја , уште че ни кажува шо пораки да си прајчаме на наша територија....
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Па шо кур барала да слетува во скопје, кај малце територија ни остана , сета ни ја разграбаја , уште че ни кажува шо пораки да си прајчаме на наша територија....
Ова не ти е надвор од контекст туку е и надвор од насловот на апстрактот изваден од воведот на контекстот на постот :cuc:
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Ова не ти е надвор од контекст туку е и надвор од насловот на апстрактот изваден од воведот на контекстот на постот :cuc:
епа објасни ми го контекстоф: - Не е можно грчки граѓани што пристигнуваат на аеродромот ’Македонија’ во Солун да добиваат пораки од Скопје, истакнала таа. ....
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
епа објасни ми го контекстоф: - Не е можно грчки граѓани што пристигнуваат на аеродромот ’Македонија’ во Солун да добиваат пораки од Скопје, истакнала таа. ....
Не истакнала дека не е можно да добива никакви пораки на аеродромот "Македонија", туку дека не е можно да добие порака "Добродојдовте во Скопје" кога очигледно не се наоѓа таму
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Не истакнала дека не е можно да добива никакви пораки на аеродромот "Македонија", туку дека не е можно да добие порака "Добродојдовте во Скопје" кога очигледно не се наоѓа таму
абе таму слетала нека не лажи
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
Колку км е одалечен Скопје од Солун за да и се прати од таму порака?
Шо сеа Солун го мешаш, нели у Скопје се симнала?
Не знам колку е оддалечен, а шо те буни тебе, дека не може порака да се прати?

ЕДИТ: Најдов, 235 км било и ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom