Не ти треба упут, секако дека можеш да си го платиш. На приватните клиники ни име и презиме не мораш да оставиш ако инсистираш да останеш анонимен.
Освен на клиника за инфективни, постои и еден центар за бесплатно тестирање кое го организира некоја анти-сида невладина организација. Ако ти е итно, можам да се потрудам да најдам број.
Иначе ја се тестирав во една приватна клиника за испитување на крвта во Ѓорче и чинеше некои си 800 денари. Мал милион вакви клиники имаш низ Скопје.
Резултатите ќе ги добиеш уште истиот ден, а на приватна клиника за само неколку саата. По државниве претпоставувам дека ќе го тупат неколку дена
И да, точно е дека треба да поминат најмалце 3 месеца за да уопште стане можно да се изрегистрира вирусот во крвта. Ако си го имала сумњивиот однос пред помалце од 3 месеца, причекај некое време