СЗО прогласи пандемија на свински грип! [Швајцарците пронајдоа вакцина!]

Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Ајде уште малку информации за искреноста на овие компании и институциите (као ФДА, СЗО) као нивна десна рака
Фармацевтски гигант криел дека лекот за дијабетес е опасен
Британската фармацевтска компанија „Гласко –Смит- Клајн“ која е втора по големина во светот, криела дека лекот против дијабетес Авандија (Avandia) e причина за десет илјади срцеви напади.
Овој податок го објави сенатот на САД.
Сенатот исто така ја критикува администрацијата за храна и лекови (ФДА) на Соединетите Американски држави која “избегнала“ да соопшти за опасноста на штетниот лек.
„Американците имаат право да знаат колку се сериозни здравствените ризици поврзани со лекот Авандија, а компанијата „Гласко –Смит- Клајн“ имала должност да им го каже тоа на своите корисници“, изјави сенаторот Макс Баукус.
Фармацевтскиот гигант ги отфрла обвинувањата.

„ Не се согласуваме со заклучоците од извештајот“, рече Ненси Пекарек, претставник на британската компанија.
Во извештајот од 334 страници кој е плод на двегодишни анализи, се наведува дека ФДА одобрила користење на лек кој бил предизвикувач на 83.000 срцеви удари во периодот меѓу 1999 и 2007 година.

Комитетот прегледал повеќе од 250 000 страници документација кои биле доставени од „Гласко –Смит- Клајн“, ФДА и неколку истражувачки институти.
Покрај загрижувачките податоци поврзани со бројот на срцеви напади кај пациентите кој земале од лекот Авандија , во извештајот на сенатот на САД се наведува и дека челници на „Гласко –Смит- Клајн“ пробале да “заплашат“ неколку независни лекари.
Еве податоци
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
@ПаметноГзе
уживај во твојата тврдоглавост ... :tapp:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Само превеција,матичен млеч,витамин Ц,овошје и мултивитамин(витаминот Д е важен)

Едит не си бе :)) додека човек допринесува во за општеството не е стар...тоа пензионерите тие треба да му ја мислат(оние над60- 65 год)

Значи најдобар Лек е Превенцијата!!
Превенција, но со протеински препарати во кој има и глутамини кој добро се има покажано во борба со настинки и имунитет (и други ствари-додатоци).
Само вакцина не пошто според досегашните изјави немало некоја потреба осим редовните вакцинации.
Со двете преку ноќта починати лица, бројката од петмина мртви за само два дена стана досега најголема во државата во толку кус период. Досега во Македонија од грипот починаа 12 лица. Последните три жртви на грипот се маж на возраст од 57 години од Битола кој имал кардиомиопатија и две жени на возраст од 71 и 75 години од Скопје, едната со кардиомиопатија, а другата со дијабетес и проблеми со срцето. Според директорот на Инфективната клиника д-р Звонко Миленковиќ, пациентите биле хоспитализирани во тешка состојба, на Клиниката имале тешка клиничка слика, со бронхопневмонија и дошло до влошување на нивната основна болест
Значи пак доаѓаме до тоа да смртните случаи биле од друга причина, а докторите ги пишале ради новиот грип. И пак доаѓаме до она дека и без вакцина (со витамини и додатоци) може да се живее нормално.
Тогаш зошто беше потребна толкава паника и апел сите да се вакцинираат, тоа е чудно.
По повод најновите смртни случаи, министерот Османи ги повика граѓаните да се вакцинираат и апелираше сите граѓани и матични лекари да го сфатат сериозно новиот грип, исто како и инфектолозите, сите други здравствени работници и сите други институции кои имаат допирни точки со здравството или имаат предвидени обврски според Оперативниот план за справување со пандемијата.
пандемија туку така не се зауставува, најверојатно според повеќето инфектолози -пандемија немало, ниту бил толку опасен тој нов вирус (вид, подвид, без разлика)
 
S

smart ass

Гостин
@ПаметноГзе
уживај во твојата тврдоглавост ... :tapp:
Аууу
...шо убаво ми е...





немаш факти и одиш на ДОЛЕН начин Pointing finger on a person but without base or any background.:vozbud:
Хаха...интересни сте ова е добра основа за социо-психолошки проучувања и истражувања посебно за влијанието на НЕТ-от врз личноста.

инфектолози -пандемија немало, ниту бил толку опасен тој нов вирус (вид, подвид, без разлика)
Не е важен ризикот...пандемијата беше прогласена по основ да се спречи ширење на мутиран грип т.е се крева ниво на хигиена се преземаат мерки во училишта,болници...аеродроми..

Вториот основ е да има 30% смртност-овој услов свинскиот грип(конкретно) не го исполни но потенцијалот за ширење на заразата не смее да се потцени.

И верувај им повеќе на виролози:))
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Залихите на Тамифлу биле финансиска зделка
Научниците кои стоеле зад препораките на Светската здравствена организација за правењето на залихи на лекови против новиот грип биле финансиски поврзани со компаниите чија цел бил профитот, пренесува BBC.

Една година по прогласувањето на пандемија на новиот грип, залихите од вакцини стојат неискористени, а владите се обидуваат да ги раскинат договорите.

Светската здравствена организација уште во 2004-та година донесе препораки што ги наведе земјите ширум светот да купуваат огромни количини на лекови Тамифлу и Реленза, кои ги произведуваат компаниите Рош и Глак-Сос-Мит-Клајн.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123929
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Залихите на Тамифлу биле финансиска зделка
Научниците кои стоеле зад препораките на Светската здравствена организација за правењето на залихи на лекови против новиот грип биле финансиски поврзани со компаниите чија цел бил профитот, пренесува BBC.

Една година по прогласувањето на пандемија на новиот грип, залихите од вакцини стојат неискористени, а владите се обидуваат да ги раскинат договорите.

Светската здравствена организација уште во 2004-та година донесе препораки што ги наведе земјите ширум светот да купуваат огромни количини на лекови Тамифлу и Реленза, кои ги произведуваат компаниите Рош и Глак-Сос-Мит-Клајн.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123929
ееее кога некој тука збореше се смееа други, ние сме биле лоботомирани со фолија на глава, а пак тие и по 2 вакцини сакаа да примат :pos2:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Кај се оние докторите од темава што се газеа од смеење као недоквакани? Нешто не ги гледам...исто и оној за законот за цигарите.
Толку беа убедливи медиумите и "експертите" со своите сознанија, та дури и мене ме зајаде сомнеж, ради критичните години :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас за овие залихи неможаш да ја окривам владата.Ако не нарачаа во таа паника ќе беше зошто не купија,кога веќе купија зошто останаа.За живот се работи,затоа е подобро да си претпазлив.Сега што не излагаа,ние не сме криви :)
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Јас и моето семејство сите примивме вакцина по два пати.На некој начин и бевме `приморани`.
Секој ден сме во гужва од народ,на работа и надвор а и со покани и препораки од лекар дека е подобро да се прими.
Цел месец се мислев,не можев да спијам од грижи како и што,ама ете и добро излезе:toe:

Барем имунитетот ми беше стотка подолго време,го забележав тоа:helou:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Јас за овие залихи неможаш да ја окривам владата.Ако не нарачаа во таа паника ќе беше зошто не купија,кога веќе купија зошто останаа.За живот се работи,затоа е подобро да си претпазлив.Сега што не излагаа,ние не сме криви :)
нема веза владата .. СЗО прогласи пандемија .. муабетов е конспираси .. заговор за профит .. трубевме тука да не се верува на се .. ни се смееја ..
@delfy
тоа го праат медиумите .. перат мозок .. ќе примиш и 3 ако треба ..
еве јас не примив ни една па имунитетот ми беше 200тотка ... го забележав тоа :wink:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102010911166&id=9&prilog=0&setIzdanie=22112
Вакцината против свински грип, сепак, била опасна


Британската агенција за контрола на лековите, во последниот месечен извештај, обелодени дека вакцината против свинскиот грип може да биде поврзана со зголемен ризик од таканаречениот Гилиан-Баре синдром, болест при која самиот имунолошки систем на човекот почнува да го напаѓа периферниот нервен систем

Од Бирото за лекови велат дека кај нас нема пристигнато ниту една пријава за несакани реакции од вакцината за против А/Х1Н1, ниту пак реакција за појава на овој синдром.

- Немаме ниту известување од Европската агенција за лекови, каде што се вршени соодветни клинички испитувања на овие вакцини. До нас нема пристигнато ниту известување од Светскиот центар за несакани реакции за евентуални несакани реакции. Како одговорни лица, не можеме да коментираме ставови на други тела доколку не бидат поткрепени со клинички испитувања и аргументи - вели Илчо Захариев, директор на Бирото.

Во Македонија се потрошија околу 20.000 дози вакцини против новиот грип.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=29079
Вакцината против свинскиот грип предизвикува парализа?


Американската регулаторна агенција за контрола на лековите испитува дали ќе се потврдат сомневањата за штетноста од вакцината против свинскиот грип односно дали таа го предизвикува синдромот Гилиен Баре кој ги напага нервите и често доведува до трајна парализа. Агенцијата појаснува дека во 76 - тата година од минатиот век, кога американската влада оваа вакцина ја употребила помеѓу војниците за да го сузбие свинскиот грип, 25 од нив починале токму од синдромот Гилиен Баре. Тогаш вакцината веднаш била повлечена. Но останало нејасно дали синдромот бил предизвикан од вакцината или од грипот. Дека сомнежот за ефикасноста и сугурноста на вакцината сеуште постои, покажа и фактот што лани, кога и официјално беше промовирана вакцината против вирусот А Ха1 Н1 голем дел од медицинарите не сакаа да ја примат. На почетокот на пандемијата дел од европските земји дури и одбиваа да ја набават оваа вакцина, а некои министри за здравство си заминаа од функцијата.

- „Се уште нема информации ниту за составот, ниту за нус појавите од вакцината. Вакцината е веќе во 4-та фаза на тестирање, а ние ги немаме тие информации.. Секоја година во светот од сезонски грип заболуваат 1 милјарда луѓе и умираат по 1 милион. Дали некој прогласил досега пандемија од сезонски грип, а тој е поопасен“ - праша пред речиси една година тогашната министерка за здравство на Полска, Ева Копац.

Здравствените власти во земјава и за време на пандемијата на грипот и денеска, тврдат дека кај нас досега немало случај со синдромот Гилиен Баре. За Бирото за лекови, релевантна оценката за квалитетот на вакцината е европската агенција за лекови во Лондон и меѓународниот центар за несакани реакции на Светската здравствена организација. Инаку земјава ќе биде зијан за 800 -тини илјади евра, пари кои Министерството за здравство ги потроши лани за да купи вакцини од Холандската Влада. По стивнувањето на епидемијата останаа повеќе од 70 илјади дози, кои ќе бидат уништени во јуни следната година, кога истекува нивниот рок на употреба.
-----------------
Прилично различни информации, суштината е иста...вакцината може да предизвика проблем и според странски официјални авторитети
 

Kajgana Shop

На врв Bottom