Ок подоле има еден посто на Ying Yang, кој објаснува каде е популизмот на СДСМ и перењето од одговорноста.
Но точно и е опозитното мислење, доколку ДПМНЕ се реши сепак да го смени името. Значи ми текнало и тоа.
Значи се согласуваш со мојата констатација дека доколку ДПМНЕ го промени името за меѓународна употреба, тригодишното барање предавници ќе се сведе само на гола желба за поголем рејтинг и лажен патриотизам ?
Ок, се сложувам дека визија нема, но нема во сите политички партии. „Визијата“ на тие што заговараат промена на име е да не дува ветерот. Што и не е некоја визија, туку дневно политичко размислување.
Ниеден сојуз во светот не опстојувал повеќе од 100 години било воен било економски. Така и ЕУ и НАТО се вариабли, додека Македонија е константа. Тие пробуваат да ни кажат поинаку. „Визијата“ нивна е додека трае ЕУ и НАТО, значи се водат од туѓи агенди, не од своја лична.
И јас сум за ЕУ и НАТО, но не по цена да се смени името.
Значи точно е дека никој не размислува подалеку од носот.
Не. Тоа значи дека некој те хранел со лажни информации за да помислиш дека непроменето име, и НАТО и ЕУ одат заедно.
Затоа твојот револт би требало да го насочиш кон оној кој те лажел.
Не коментирав за страните на другите, коментирав за страната што јас ја застапувам. Не викам дека ти ако си за промена на името, си против Македонија, иако хипотетички е тоа така.
Хмм...хипотетички.
Епа онда земено хипотетички, и оние кои не нудат никакво решение на видливите предизвици со кои државата неминовно ќе се соочи доколку по некоја логика подолго остане надвор од НАТО и ЕУ, свесно работат против интересите на својата држава и народ.
Држи вода ова хипотетиката, а
Пошто неможеш да бидеш за Македонија кога сакаш Македонија да се смени. Но еве да речеме дека гледаш за доброто на народот и дека сметаш дека е важен економскиот просперитет.
Економскиот просперитет е на некое скалило подолу на приоритетите. Има многу други предизвици...но за ова не би овде.
Но ај да гледаме од друга страна на нештата. Според мене на СДСМ им е јасно дека промената на името не значи по автоматизам влез во ЕУ и НАТО,
Компромисот со грција по автоматизам значи членство во НАТО и одблокирани процеси кон ЕУ.
доказ за тоа е привремената спогодба, која на хартија ни гарантираше влез. Според мене, тоа беше единствената причина поради која СДСМ го немаше решено спорот во нејзиниот мандат.
Па како што знам додека СДСМ беше на власт грците не ни ги блокираа преговорите.
Можеби тоа значи мудра политика, можеби коинциденција.....кој знае
Имаше некој обид во Букурешт(заеднички на Претседателот и на Премиерот), да се протурка некое решение за време на самитот, но наидоа на ѕид од Грчка страна. Грците тогаш не беа спремни на „компромис“, а прашање е дали некогаш и биле. Тоа се Грчките заткулисни игри.
Значи ние може до утре да ја префрламе вината на едни или на други, но непобитен факт е дека моментот за решавањето на спорот е токму во мандатот на Никола Груевски.
Во спротивно....моментот за прекинување на преговорите и повлекување на апликациите за влез во НАТО и ЕУ.
СДСМ знаејќи дека „компромисот“, не носи гаранции за НАТО и ЕУ, несакајќи да ја повтори грешката со референцата и знамето, ги притиска ДПМНЕ да донесат одлука,
Уште еднаш - компромисот со грција по автоматизам значи членство во НАТО и одблокирани преговори со ЕУ, а ДПМНЕ не го притиска СДСМ , туку целата меѓународна заедница и сите релевантни политички светски фактори, знаејќи дека невлегувањето на Македонија во Евроатланските институцуии може да предизвика проблеми од пошироки размери на на бурево барут наречен Балкан.
само колку грешката да не биде нивна, значи во најмала рака игра ситни игри за политички поени. Само да се разбереме со ова не ги перам ДПМНЕ од одговорност за грешките кои може да ги направи во однос на ова прашање.
Не го переш, туку го переш

...али нема врска, сепак тоа си е твое мислење.
Вака.
Доколку СДСМ популистички калкулираше за својот рејтинг, немаше да ја донесе територијалната реорганизација и немаше после војната 2001 да коалицира со ДУИ....а најмалку ќе се залагаше за компромис со грција.
Мене не ми е јасно од каде заклучокот за твојата теза.
Па СДСМ најмногу гласови на изминатите избори изгуби токму поради овие три работи кои погоре ги набројав.
Знаеш што е популизам.
Кога Бранко вечер ќе закаже прес на кој ќе каже дека е против секаква промена на името, било тоа да е и за меѓународна употреба, а притоа знаејќи дека Груевски идноставно мора да го направи тоа.
Е тоа ти е другар ситна игра и гол популизам.
Мислиш дека тоа ќе се случи ?
Во сета оваа работа, како позитивна работа ги гледам гласовите на Љубе кои се дојдени од незадоволниците (активисти) на ДПМНЕ, кои треба на водството да му служат како предупредување за некои нивни активности, поготово на тематиката „преговори за името“.
Пак си грешка во анализата.
Љубе 150 000 гласови ги доби јасно давајќи на знаење дека се залага за компромис и за што побрзо влегување во НАТО и ЕУ.
Успех на една партија исто гледам и во независноста на таа партија од еден човек.
Мораш да се сложиш дека реформите во партијата, по заминувањето на Љубчо, многу бргу ја вратија партијата на власт, додека реформата во СДСМ не успеа, па со враќањето на Бранко, се враќаме на старо. СДСМ реално се соочува со претварање во човек партија, слично како СПМ.
Егоцентризам владее во обете најголеми партии во државава. Ни под разно неможеш да ме убедиш во спротивното.:helou: