- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.089
- Поени од реакции
- 1.257
Намален кредитниот рејтинг на САД
06.08.2011 - 11:31
Намален кредитниот рејтинг на САД за прв пат во историјата. Од совршен највисок ААА Стандард енд Пурс, една од трите најважните рејтинг агенции за еден степен го намали бонитетот на најголемата економија во светот.
Стандард eнд Пурс смета дека не се доволни обидите на американската Влада и конгерсот да ја стабилизираат економската состојба. Агенцијата исто така посочува дека долгорочната перспектива на оваа земја ќе биде негативна.
- Намалувањето го рефлектира нашето мислење дека планот на фискална консолидација околу кој се согласија Конгресот и администрацијата не ги опфати доволно мерките кои се потребни за да се осигура стабилност на среден рок САД да се справи со долгот, објави агенцијата. Доколку САД не ги стават под контрола долговите „би можеле во наредните две години да го намалиме рејтингот на АА - се вели во соопштението на рејтинг агенцијата.
Долгорочниот рејтинг ААА значи најголема кредитна способност и минимален кредитен ризик. Сега е симнат на АА плус што значи висока кредитна способност и мал кредитен ризик. Американските државни обврзници на кои се гледаше како на најсигурни во светот, сега [1]се пониско оценети од обврзниците на Велика Британија, Германија, Франција или Канада.
Вашингтон не се согласува со ваквата одлука на Стандард енд Пурс. Претставник на нивната владата вели дека анализата на оваа агенција содржи фундаментална грешка.
Историската промена во американската кредитоспособност, предизвика паника на финансиските пазари. Сега експертите не исклучуваат натамошни турбуленции, а можно е и зголемување на каматните стапки. Ваквиот потег, според експертите, ќе ги поскапи задолжувањата на американската влада, фирмите и граѓаните.
Рејтинг агенциите, како што се Мудис, Стандард енг П и Фич го анализираат ризикот и даваат оценка на државата која ја покажува нејзината способност да ги отплаќа своите долгови. Мудис и Фич изјавија дека немаат планови да го следат Стандард енд Пурс и остануваат на решението дека САД имаат три А во рејтингот.
Во вторникот претседателот Обама го потпиша законот кој предвидува зголемување на лимитот на задолжување и кратење на 2.500 милијарди долари во следните 10 години.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/namalen-kreditniot-rejting-na-sad
http://www.bbc.co.uk/news/world-us-canada-14430598
.