САД: Турција да биде пред Русија на Балканот!

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
ШТО ПОРАЧА БАЈДЕН ПРИ ПОСЕТАТА НА АНКАРА?
Турција да биде пред Русија на Балканот!
Турскиот печат од повеќе агли ја анализира Бајденовата посета на нивната земја, но најголем акцент се става на неговата порака упатена до светот - дека Турција треба да ја преземе лидерската позиција на Балканот. Истанбулскиот весник "Заман", кој излегува во милионски тираж и кој е близок до владата на Ердоган, на ударно место пишува дека посетата на Бајден тие ја доживуваат како големо признание за политиката што ја води Анкара, особено во нејзиното опкружување.
И Турција и САД се залагаат за стабилен Балкан, мислејќи тука пред се на горливите проблеми, како што се Косово и Босна и Херцеговина. Знаејќи дека Турција станува економски се помоќна, но имајќи го превид и нејзиното историско присуство на Балканот долго 500 години, на Вашингтон му е најважно Анкара да биде во предност пред Русија кога е во прашање влијанието на Балканот и решавањето на неговите актуелни проблеми.
Ова е лош сигнал и за Македонците,и за Грците,и за Бугарите,а и за сите Балкански народи..
Да се освестиме навреме
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Студената војна умре, само никој не го виде телото :tapp:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.159
Поени од реакции
25.657
Ова е лош сигнал и за Македонците,и за Грците,и за Бугарите,а и за сите Балкански народи..

Да се освестиме навреме
Не, туку ова е логички след на околности после тоа што се случи со интеграцијата во ЕУ за земјите од Западен Балкан. САД не можат да дозволат да ја изгубат водечката позиција на Балканот. За да го направат тоа мора да ги сочуваат Албанија, Косово и Македонија под нивна контрола. Турција најверојатно треба да им помага со економски мерки.

Инаку незнам што си се уплашил толку. Нели Бајден беше грчки лобист? Не работи валда и тој против Грција? :icon_lol:
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ние како држава нит од едните нит од другите а богами ни од третиве немаме корист! Сите гледаат да си ги протнат своите интереси!
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Не, туку ова е логички след на околности после тоа што се случи со интеграцијата во ЕУ за земјите од Западен Балкан. САД не можат да дозволат да ја изгубат водечката позиција на Балканот. За да го направат тоа мора да ги сочуваат Албанија, Косово и Македонија под нивна контрола. Турција најверојатно треба да им помага со економски мерки.

Инаку незнам што си се уплашил толку. Нели Бајден беше грчки лобист? Не работи валда и тој против Грција? :icon_lol:

Потсети се на Џорџ Фридман,тој е раководител на еден од најважните центри за стратешки истражувања во САД и е близок до Пентагон.
Па да те потсетам какви анализи имаше дадено за Турција


Турција ќе ја обнови Отоманската Империја
04 03 2009 Архива
Анкара, 4 март (МИА) - Турција почна да ја зајакнува моќта во регионот и до 2040 година ќе биде единствена супер сила во тој регион и ќе има власт над земјите на поранешната Отоманска империја, според прогнозата на раководителот на американската невладина агенција за стратешки истражувања „Стратфор“ Џорџ Фридман, цитирана од весникот „Сабах“.

Весникот истакнува дека е неопходно да се обрне внимане на таа прогноза, имајќи предвид дека Фридман е раководител на еден од најважните центри за стратешки истражувања во САД и е близок до Пентагон.

- Уште отсега можете да ги видите трагите на „загосподарувањето“ кои Турција ќе ги изгради во регионот на поранешната Отоманска империја, истакна Фридман.

Тој тврди дека тој процес веќе започнал. Според него, што се однесува до исламските земји во регионот, влијанието на Турција во тие земји непрекинато расте и таа започнала дури и да доминира во регионот.

Фридман додава дека Турција развива врски со Албанија и со Србија на Балканот, а на Кавказ изградила моќен сојуз со Грузија и со Азербејџан.

Тој оценува дека Турција има две карактерни особини - има „жива“ економија и многу силна армија. Според него, сега Турција ја има 17-та по големина економија во светот, а според неговите прогнози, до 2020 ќе се придвижи до 10-то место по тој показател.

Најважната предност на Турција, според Фридман, е нејзината географска структура. Раководителот на американската невладина агенција за стратешки истражувања „Стратфор“ смета дека Турција поседува се што е неопходно, за да биде регионална сила и во регионот нема друга таква земја.
http://www.idividi.com.mk/vesti/balkan/509330/index.html








Ево и Србите што велат за ова

Драган Тодоровић - Нови отомански балкан









 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.159
Поени од реакции
25.657
Супер. Ќе гледаме турско знаме на Акропол значи. :icon_lol: А можеше да биде поинаку. Балканот интегриран во ЕУ, по пократкиот пат. Ама некој во 90-тите планирал со Милошевиќ да ја дели Македонија, па измисли вештачки спор. Сега истите тие што не блокираат 20 години се уплашени дека ќе сме забегале под турско влијание. Јеби га, може да забегаме. Се коцкаа и тој ризик не го зедоа во предвид.

Не го зедоа ни Германците со нивната лицемерна политика. Ете им се сега Турција и Русија на границите на ЕУ и Британија надвор од Унијата. За судирот помеѓу САД и Русија на Балканов не се секирам. Ние одамна имаме избрано страна, сега треба само да ги слушаме.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Не знам зошто ние би требало да се плашиме од активна улога на Турција на Балканот?!?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Настаните не се случуваат по наша воља, туку така што одредуваат историските и географските околности.
Балканот, низ историјата, скоро постојано бил под влиание на Константинополис: Рим, Византија и Отоманската империја.
Тоа a priori, ништо не значи.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
ТАВ кој го направи новиот скопски аеродром грото од изведувачите беа Албанци и Турци.

Турција и Грција како испостави на западните сили никогаш не биле непријатели.
Демек војувале, па разменувале население, а се со цел да се промени етничката карта на чија штета ?

Суштината на тие западни сили е да се разбие Словенскиот Балкан, а со тоа да се спречи излезот на најголемата словенска земја Русија на топлите мориња.
Само тоа и ништо друго.

Нашиот спор со името е токму во оваа насока, Македонија да се фрли во прегратка на Турција и да се одалечи од Европа, тоа е американски план.
Да си Албанец или Турчин, разбирам да ја сакаш Турција, да и се клањаш, но православен Македонец кој крв просере од Турците и да се клањаш на Турција веќе е во фаза да треба да биде на посматрање.

Ја знаете сликата со Германос Каравангелис (грчки крвник поп) и неговото чатење врз турските топови за да целат подобро врз македонските села ?
Турците ќе го опколеле селото со нивните топови, ќе го бомбардирале одредено време и после влегувале грчките чети во истото да прават масакар.

Е сето тоа го има во историјата на Македонскиот народ.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
Славјански знаеме дека сме “сами против сите“........дај да киднапираме 3-4 термонуклеарки и да го решиме овој свет на неправдата........
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Славјански знаеме дека сме “сами против сите“........дај да киднапираме 3-4 термонуклеарки и да го решиме овој свет на неправдата........
Не бе брат, најголемата термонуклеарна реакција се случува во умот.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
ТУРЦИЈА ВТОРА ВО СВЕТОТ СПОРЕД ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

Турција е вице- шампион во светот според стапката на економски раст во третиот квартал од 2011 година, веднаш по Кина. Во периодот од јули до септември 2011 година Турција забележа економски раст од 8,2 %, што сепак е помалку во однос на претходниот квратал, кога растот изнесуваше 8,8 %.

Благодарение на високата стпака на раст во периодот јануари-март 2011 година од 12 %, вкупниот економски раст на Турција во првите три овогодишна квартали изнесува 9,6 %. Најголем економски раст во третиот квартал од годинава во глобални рамки остварила Кина и тоа од 9,1 %, а по второпласираната Турција натаму следуваат Естонија со 7,9, Индија со 6,9, Литванија со 6,6, Индонезија со 6,5 и Сингапур со 6,1 %.

Напред Турција на Татарите и Гејците им се тресат гаќите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom