Руските обиди за бугаризација на Македонците и Македонија

Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Дај линк да видиме што пишува, не успеав да го најдам.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Освен дека Г. Димитров раководел од Мавзолејот има и друго.


Или не ти е точен преводот или оној што го напишал текстот нешто лаже.
Живкова е родена 1942 г. До 1965 г. е студентка во Софискиот универзитет.
На високи функции е од 1972 г. до смртта.

Хрушчов управува до 1964 г.

Каде е грешката кажи ти!
Можеби грешка имаат во годините- но тие и не се тема на муабетов- русите обелоденуваат што се случувало во тој период - а тоа е главната поента, зар не? или годините се побитни ?
Грешката е само во првата дата, наместо 1956 година треба да е 1946 година кога Димитров го покренал прашањето за Македонците во Пиринска.

Точниот превод од Руски гласи:

В.И.: Во Пиринскиот крај?

С.И.: Да, таму. Кога ја приготвувавме таа мапа, настана спор дали да ги прикажеме. В 1946 година Г. Димитров настојуваше да бидат запишани Македонците, согласно на пописот на населението во Пиринот.

Но од 1961 година веќе не било така. По смртта на Димитров, во Бугарија дошло до промена на политиката.
Тврдено е дека Македонците се Бугари како и оние Македонци во Југославија.

Људмила Живкова - кога била член на политбирото, Министер за Култура и Едукација, кога само го видела словото “Македонци“ кај нас, веднаш испрати телеграма на име “Хрушчов“ во кое барала текстот да биде уништен или да биде повлечен овој научен труд.

В.И.: Имено, во втората половина на 70-тите во употреба влегол учебник на старословенскиот јазик. Па тогаш Бугарите навалија со телеграми со барање да се уништи целиот тираж на книгите.

С.И. : Да, тоа се случувало често. За нас немаше фундаментално значење дали ќе ги прикажеме Македонците во Пиринот или не.
И сеуште сметам дека треба да се дискутира за овој спор.
Мапата единствено победува кога ги содржи најточните информации. Затоа решивме да ги покажеме Македонците.


Се работи за изданието на АТЛАС НАРОДОВ МИРА - фундаментальное произведение советској картографи, впервые в мире давшее обстојательнују этнич. картину всего земного шара.

Атлас составлен Ин-том этнографии им. Н .Н. Миклухо-Маклаја АН СССР и Главным управлением геодезии и картографии. Авторами карт јавлјајутсја Б. В. Андрианов, М. ја. Берзина, С.И.Брук, ја. Р. Винни-ков, В. И. Козлов, П. И. Пучков, Г. Ф. Дебец и др. Ответств. редакторы—С. И. Брук и В. С. Апенченко.

http://geoman.ru/geography/item/f00/s10/e0010671/index.shtml
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Bratot -Фала за исправката и за целосниот и точен превод. :smir:
 
Член од
29 август 2008
Мислења
149
Поени од реакции
5
Људмила Живкова - кога била член на политбирото, Министер за Култура и Едукација, кога само го видела словото “Македонци“ кај нас, веднаш испрати телеграма на име “Хрушчов“ во кое барала текстот да биде уништен или да биде повлечен овој научен труд.
Телеграма на мртав човек?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Телеграма на мртав човек?
Логично дека пораката не била упатена за Хрушчов, туку неговото име претставува симболика во насловот на телеграмата.

Хрушчов бил разрешен од функцијата во комунистичката партија 1964.
Последните 7 години од својот живот е држен во куќен притвор, а синот чинам му е стрелан по Втората Светска војна под обвинение дека бил предавник.
Хрушчов се помирил со Тито и воедно и го предал Крим на Украина.

Неговата смена претставувала и нова политика на СССР, а воедно и на комунистичката партија.
Соодветно истото се случувало и во Бугарија по смртта на Димитров.

Таткото на Људмила - Тодор Христов Живков през 1954 г. е определен за П'рви секретар на ЦК на БКП (и става вторијат човек в управлјаваштата тоталитарна партија, след Генералнија ѝ секретар В'лко Червенков. През април 1956 г.,след премахване на партијната дл'жност Генерален секретар на ЦК на БКП (Б'лгарска комунистическа партија), тој оглавјава БКП. През 1981 г.дл'жността П'рви секретар е преименувана на Генерален. Тој е минист'р-председател на Б'лгарија в 70-то (1962-1966 г.) и 71-то (1966-1971 г.) правителства, а от приемането на Конституцијата от 1971 г. до краја на 1989 г. е председател на Д'ржавнија с'вет, т. е. председател на колективнија орган, јавјавашт се постојанно дејствашта горна камара на парламента и колективен д'ржавен глава.

Постојанно е преизбиран в с'става на р'ководнија орган до 8 декември 1989 г., когато е изваден от неговија с'став. През јануари 1950 г. става секретар на ЦК на БКП, а през ноември е избран и за кандидат-член на Политбјуро. От јули 1951 г. до ноември 1989 г. е член на Политбјуро на ЦК на БКП. Завежда секретариата на ЦК на БКП от 1953 г., а на пленум след Шестија конгрес на БКП (март 1954 г.) е избран за п'рви секретар на ЦК на БКП (до април 1981 г.). С'штинската власт в партијата обаче получава след иницииранија от него Априлски пленум на ЦК на БКП (2–6 април 1956 г.), с којто се поставја началото на развенчаването на култа к'м личността на В'лко Червенков, в с'звучие с решенијата на ХХ конгрес на КПСС и политиката на Никита Хрушчов
 
Член од
9 мај 2008
Мислења
146
Поени од реакции
2
БУКИТТИНГИ. Стоит также посетить Букиттинги, столицу народа менгкабау. Ученые полагајут, что именно в этом городе живут потомки македонских воинов и амазонок.
То русите тврдат дека и во индонезиjа имало македонци та се прашам както е тргнало един ден нема ли да се откриjат потомци на македонците и во америка.:uvo:сепак добре е да се изпита ова работа колку е вистината и колку лажата.штом одиха до пакистан при хунзите добре е и во индонезиjа да идат ваши учени луге и журналисти новинари да ги изпитат по подробно.
http://209.85.129.132/search?q=cache:N7ZltBZvWFMJ:www.versa-travel.spb.ru/countries.phtml%3Fcountry%3D46+%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D1%8B+%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BA%D0%B8+%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D1%83%D1%82&cd=52&hl=bg&ct=clnk&gl=bg&lr=lang_ru
 
Член од
29 август 2008
Мислења
149
Поени од реакции
5
Даjте некоj линк со оригиналниот текст на Руски. Jас не негирам суштествуваньето на слична телеграма. Ама нели Cool пред неколку месеци не "информираа", дека 1918 г. Ерменците од "Ерменските делови" на Бугариjа кренале востание, подобре да читаме во оригинал.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
То русите тврдат дека и во индонезиjа имало македонци та се прашам както е тргнало един ден нема ли да се откриjат потомци на македонците и во америка.:uvo:сепак добре е да се изпита ова работа колку е вистината и колку лажата.штом одиха до пакистан при хунзите добре е и во индонезиjа да идат ваши учени луге и журналисти новинари да ги изпитат по подробно.
http://209.85.129.132/search?q=cache:N7ZltBZvWFMJ:www.versa-travel.spb.ru/countries.phtml?country=46+македонцы+потомки+живут&cd=52&hl=bg&ct=clnk&gl=bg&lr=lang_ru
Тоа ли ти била болната точка, што отишле ка хунзите, а гејците кои се „населија„ таму кои им изградија чешми, школи....и кои се сметаат за нивни директни потомци- подлажувајќи се себеси дека во тоа време биле сите „ксанти“ златокоси, руси,плави :pos2: - но со текот на времето поцрнеле и станале ѓупци
ТОА не допре до тебе?
И не само таму- еве за твоја иформација се спремаат да одат и во Таџикистан
Почти тысјачелетие Таджикистан находилсја под властьју македонцев, арабов......

Даjте некоj линк со оригиналниот текст на Руски. Jас не негирам суштествуваньето на слична телеграма. Ама нели Cool пред неколку месеци не "информираа", дека 1918 г. Ерменците од "Ерменските делови" на Бугариjа кренале востание, подобре да читаме во оригинал.
Nandor,ај потсетиме каде тоа е пишувано за ерменците???
а, за она што бараш линк- нели има и тоа од оригиналниот руски текст за да се уверите , не ти се отвора или што????
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Bratot -Фала за исправката и за целосниот и точен превод. :smir:
Ребјата, @cool@ и Bratot, случката навистина е интересна, за да се обидувате да ја преправате кој како му одговара. Давам ја во целина. Се пак Коол е преведувал точно, грешката е во Брук.
http://www.valerytishkov.ru/cntnt/besedy_s_u/bruk_solom.html



А тут еште историја с «Атласом народов мира» произошла. Мы решили подарить его всем 250 членам исполкома Международного сојуза антропологических и этнологических наук и сделать это к конгрессу. В это времја два болгарских ученых видели красочные пробы атласа с обозначением македонцев в Болгарии.
B.А.: В Пиринском крае?
C.И.: Да, там. Когда мы готовили эту карту, то спорили, надо ли их показывать. В 1956 г. Г. Димитров настојал на том, чтобы, согласно переписи населенија, в Пирине были зарегистрированы македонцы. А в 1961 г. их уже не было. После смерти Димитрова в Болгарии стали проводить другују политику. Считали, что македонцы – это болгары и македонцы в југославии – тоже болгары. Лјудмила Живкова – член политбјуро, министр культуры и образованија, как только виде­ла у нас слово «македонцы», моментально посылала телеграмму на имја Хруштева с требованием, чтобы уничтожили работу или лишили ученого степени.
B.А.: Кстати, где-то во второј половине 70-х годов вышел учебник старославјанского јазыка. Так болгары завалили телеграммами, чтобы уничтожили тираж книги.
C.И.: Да, такое случалось часто. Длја нас не имело принципиального значенија, показывать македонцев в Пиринском крае или нет. ја до сих пор считају, что вопрос этот спорныј. Но карта только выигрывает, когда в неј больше информации. Поэтому мы и решили показать македонцев.
ја прошу В.И. Козлова: «Бери билет и поезжај в Омск в типографију. А ја појду к Федосееву, возьму письмо. Если они еште не отпечатали тираж, то пусть снимут в Болгарии македонцев». Козлов улетает, а ја иду к Федосееву. Он грозитсја: «Это вам не пројдет».
Оказываетсја, болгары думали, что тираж уже отпечатан, и разослали за подписьју Живкова телеграммы в 10 адресов: Хруштеву, председателју КГБ Серо­ву, Косыгину, Ворошилову, Брежневу, Келдышу, Кириллину и др.
Звонит мне из Омска домој Козлов: «Тираж еште не напечатан. Оранжевују краску можно снјать и печатать по серој, хотја линејнаја граничка останетсја». ја прошу снјать оранжевују, что в типографии и сделали. Затем звонју в Болгарију директору института: «Нами получена страннаја телеграмма, что мы јакобы в атласе нанесли на карту Болгарии македонцев. Однако мы и не собирались этого делать». Он очень удивилсја: «Как не собирались?» (Ведь он же доложил Живкову, что заметил в атласе.) Чувствују, трубка падает у него из рук. Через минуту ја ему сообштају: «Здесь какое-то недоразумение. Мы можем вам прислать атлас, он на днјах будет готов. Вы сами увидите, что там никаких македонцев нет».
– ја разберусь, – взволнованно говорит директор, – здесь какој-то международныј скандал...
– Никакого скандала нет, – отвечају, – у нас все в порјадке.
Когда позднее ја был в Болгарии, они пытались выјаснить, что это за черное пјатно на месте Пиринского краја. А на самом деле в типографии залили тој же серој краској, т.е. снјали оранжевују на ходу. ја об'јаснил, что у нас плохаја техника, поэтому иногда бывајут грјазные пјатна. В августе 1964 г. ја послал болгарам дарственныј экземплјар «Атласа народов мира», которыј, кстати, американцы издали на англијском јазыке под патронажем Национального гео­графического обштества
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Јас реков дека грешката е во првата година. А во мојот превод ништо не е преправано туку преведено на македонски за да има некоја смисла пишуваното.

Затоа не инсинуирај, разбра!?

То русите тврдат дека и во индонезиjа имало македонци та се прашам както е тргнало един ден нема ли да се откриjат потомци на македонците и во америка.:uvo:сепак добре е да се изпита ова работа колку е вистината и колку лажата.штом одиха до пакистан при хунзите добре е и во индонезиjа да идат ваши учени луге и журналисти новинари да ги изпитат по подробно.
http://209.85.129.132/search?q=cache:N7ZltBZvWFMJ:www.versa-travel.spb.ru/countries.phtml?country=46 македонцы потомки живут&cd=52&hl=bg&ct=clnk&gl=bg&lr=lang_ru
Се согласувам со тебе, ама се додека не отидеш ти во Индонезија и го докажеш спротивното, немаш никакво право да оспоруваш било што.

Даjте некоj линк со оригиналниот текст на Руски. Jас не негирам суштествуваньето на слична телеграма. Ама нели Cool пред неколку месеци не "информираа", дека 1918 г. Ерменците од "Ерменските делови" на Бугариjа кренале востание, подобре да читаме во оригинал.
И не се работи за една телеграма, за да спориме по неа туку константен бугарски притисок од официјалните власти за прикривање на било какви траги за Македонците.

B.А.: Кстати, где-то во второј половине 70-х годов вышел учебник старославјанского јазыка. Так болгары завалили телеграммами, чтобы уничтожили тираж книги.
C.И.: Да, такое случалось часто. Длја нас не имело принципиального значенија, показывать македонцев в Пиринском крае или нет. ја до сих пор считају, что вопрос этот спорныј. Но карта только выигрывает, когда в неј больше информации. Поэтому мы и решили показать македонцев.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
И не само таму- еве за твоја иформација се спремаат да одат и во Таџикистан
Почти тысјачелетие Таджикистан находилсја под властьју македонцев, арабов......
За негов кеф пред да ги завладеат арабите и татарските им собраќа пределите околу Каспиското море таму си живееле:

..The people of Temnus, Philadelpheia, Aegae, Apollonis, the Mostenians, and Hyrcanian Macedonians, as they were called, with the towns of Hierocaesarea, Myrina, Cyme and Tmolus, were; it was decided, to be exempted from tribute for same time........... (Tacitus).
И Туркменистан Бугиии....:pos2:
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Руските обиди за бугаризација на Македонците и Македонија

--------------------------------------------------------------------------------

Зошто од крајот на 18 век, Русија почнувала премногу активно да се вклучува во балканската политика, со крајна цел создавање голема Бугарија? Сите руски поморски пристаништа во текот на есента и зимата биле замрзнати и вон употреба, освен Црноморието, од кое пак Русија немала слободен меѓународен излез, поради Отоманската контрола на Босфор. Таквата лоша логистика на Русија била катастрофална не само по руската економија, туку и по опстанокот на самата држава, оти не можела зиме ниту да увезе жито за да го прехрани своето население. Поради овие егзистенцијални прашања, Русија очајно се стремела да излезе на Средоземието и пристаништето Солун. Затоа и политиката на Русите, од Петар Велики до последниот Романов беше во барањето на некоја причина да се замеша во внатрешните работи на Отоманската империја, за да го оправда својот агресивен акт, за постигнување на горенаведените цели (“Раѓањето на македонската нација“, Драган Ташковски, стр. 129). Со создавање на голема Бугарија контролирана од Русија, со излез на Солун и отвореното средоземно море, Русија ќе си ги решела своите логистички проблеми. Рускиот цар се титулирал и како Самодржец Болгарски, поради владеењето со Волшка Бугарија. Новата балканска Бугарија требало да обезбеди на Русија нејзина вазалска држава. Руските стремежи за нивна сателирска држава се оствтарија 1878 г., која ја ослободија Бугарија и и` создадоа држава.

Како во тоа време во Македонија немало никакво бугарско национално чувство, русите морале некако да го афирмираат и распространат бугарското име. Затоа, почнуваа да го неметнуваат термиот бугар како етничко, а не општословенско значење, за што постајат многу историски извори. Руските конзули на Балканот почнале многу Македонци да испраќаат на бесплатно школување во Русија. На 30.08.1842 г. руската влада дава стипендии на двајца Македонци кои студирале во Атина; еден од нив е Партенија Зографски (Филип Томов, "Живот и дејност на Хаджи Партенија". Мак. Пр. Х. 1,2, стр. 35). Подоцна, Партенија Зографски како дојрански митрополит е жесток противник на бугарската егзархија и својата епархија ја става во унија со Ватикан.

Рускиот конзул во Солун, ги наговарал богатите македонски семејства Робевци (Роби, власи) и Лазаревци од Битола да се декларираат како Бугари, за нивиот пример да го следат и останатите Македонци (Офејков, Материали за б'лгарското в'зраждание в Македонија, Софија 1885 г., стр. 441). Во истото дело, Офејков пишува за рускиот конзул во Варна, Рачински, кој работел на создавање Бугари во Македонија, па во Москва обезбедил стипендии за „две македонски момчиња “, а тоа биле Константин Миладинов и Рајко Жинзифов, со цел нивна бугаризација. Пред се', тие врбувале за свои пропагандисти немакедонци, најчесто Власи од Македонија.

Секретарот на бугарската егзархија од крајот на 19 век, Шопов, известува дека по притисок на рускиот конзул од Солун, само семејството Роби прифатило да се декларира како бугари. “Тие со тоа влијаеја и врз простото население, кое обично ги следеше своите првенци“ си спомнуваше Шопов (А. Шопов, “Материјали за б`лгарското в`зраждание в Македонија“, Периодическо Списание, Средец 1885 г., XVIII, 447). Но, српските дипломати за Димитре Робе во 1878/78 г. напишаа “Денеска тој веќе не сака да биде бугарин, а уште помалку грк, туку сонува за независна Македонија“ (“Збирка Јована Ристића“, кутија 18, инв. Бр. 12/581, сиг. XII-5, Историски Институт Србије).

Во 1858 г., Русија формира “Московски доброволен словенски комитет“ за бугаризација на Македонците. По налог на овој комитет, А. Рачински и Е. Јужаков ја собираа интелегентната македонска младина, која што беше жедна за образование и ја праќаа во Русија на школување, каде што, како што наведува и самиот секретар на бугарскиот егзарх од тие времиња, А. Шопов, каде покрај просвета “добиваа и бугарски дух“ (А. Шопов, цит. Статија, стр. 444).

Цела Македонија ја крстосувале руски тајни агенти; толку многу биле зафатени со убедување на Македонците да се приклучат кон бугарската држава, при што се забележани и вакви сведоштва упатени кон Македонците „ако останете надвор од Бугарија, вашата земја (Македонија) ќе биде полоша од она што беше порано, но ако се приклучите кон нас и нашата кауза, ќе ги добиете сите добра кои произлегуваат силно кралство, под руска заштита (Edward B. Barker British Museum, London, Dmss Layard Papers, Vol. LXXXIX Addd. 39.019, 186-187).

Во Русија, Македонците ги образувале дека најјужното словенско племе е бугарското, дека Бугарите биле всушност чисти словени од Волга, руски собраќа, а не турки народ. Иако на Русите предобро им било јасно дека бугарите се турки народ, бидејки вистински Бугари биле Татарстанците, Чувашите и АлМаринци, сите турко-татарски народ од исто потекло, со чиста турки култура и турки јазик, во склоп на руската империја. Сепак, заради својот интерес за создавање голема Бугарија, русите ја искривувале историската вистина.

Еден од најголемите руски шпиуни и ширач на бугарската пропаганда е Димитар Миладинов (Миладинис). Неговиот татко бил потекнувал од влашкото село Магарево (битолско), од каде семејството се преселило во Мислешево, па на крај во Струга. Неговиот зет Кузман Шапкарев, негов следбеник, во биографијата на Д. Миладинов, сакајки да го скрие неговото вистинско влашко потекло, измислува дека неговото семејство избегало од с. Магарево поради влашките зулуми . Но, историските извори сведочат дека с. Магарево е основано од власи, преселници од Епир и никогаш немало Македонци во истото (Ибид, стр. 218). Мајката на Димитар Миладинов, Султана, е родена во с. Магарево и е ќерка на познатиот влашки поп, Натаил Москополецот, творецот на “Четиријазичникот“. Семејството на Султана од Москополе прво се преселило во Охрид, за подоцна да се закотви во село Магарево. Дури, Шапкарев фалсификува едно цело писмо од Димитар Миладинов до Јанаки Стрези (негов вујко) со наводна критика и омаловажување кон Власите: “к'в начин и с'с всички средства, не само арнауто-власи, безезични и безотечественици, но и нај-многолјуднија, нај-храбрија, нај-кроткија и нај-питомнија славјански наш род“ (За в'зраждането на б'лгарштината в Македонија. Неиздадени записки и писма. стр. 481/482, Кузман Шапкарев).

Истиот принцип на антивлашки написи ги користи и Рајко Жинзифов (роден Ксенофон Зинзифи), самиот од влашки род по мајка и татко. Кузман Шапкарев признава за Рајко Жинзифов и татко му Јоан (Иван) дека “тие по род беа власи – цинцари од град Велес“ и дека заедно со Димитар Миладинов ширеле бугаризам (За в'зраждането на б'лгарштината в Македонија. Неиздадени записки и писма, стр. 399, Кузман Шапкарев, издава Б'лгарски писател, Софија 1984)). Како што видовме погоре, Рајко Жинзифов заедно со Костадин Миладинов биле испратени од страна на рускиот конзул во Варна, Рачински, на обука во Москва (Офејков, Материали за б'лгарското в'зраждание в Македонија, Софија 1885 г., стр. 441).

Ние мораме да ја разбереме нивната позиција и декларативното антивлашко расположение на хартија, зошто како Власи морале на секој начин да го оттргнат сомнежот за нивното вистинско потекло и да се представат како најголеми Бугари, во склоп со нивната задача, зададена и финансирана од Русија. Жинзифов во стихотворбата “Гулаб“ пишува:
Места свободно, б'лгарско,
Дека всите се Б'лгари,
Нема Грци, клети Власи.

Во “Крвава кожуља, Жинзифов го велича Марко Крале кој се борел против Власи и Каравласи:
Тамо е живејал
некога си крал ни Марко,
в него е царувал,
е царувал, е војувал
с Власи, Каравласи,
б'лгарска е бранил земја
роду си помагал.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Да се навратиме пак кон браќата Миладиновци. Димитар и неговиот брат Константин се имаат школувано во гимназијата во Јанина, неофицијалната престолнина на власите во Епир. (ДИМИТ'Р И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ, 1986 Sofia, стр. 198-201 , Димит'р Рајков). Биле и двајцата учители на влашки јазик, во пелистерските влашки села Трново и родното село на нивните родители Магарево (пак таму, стр. 201).

Интересно е, што во нивните млади години не го познавале македонскиот јазик, нит словенското писмо, па во една преписка меѓу Димитар и Константин Миладинови забележано е дека "ќе одат во Русија да го научат словенскиот јазик, за да предаваат бугарски во Македонија" (Братја Миладинови. Преписка. Издирил коментирал и редактирал Н. Трајков. С., 1964, стр. 126.). За разлика од словенскиот јазик кој не го владееле, многу добро го научиле италијанскиот јазик, кој како романски е многу сличен со влашкиот (Табаков, Н. Братја Миладинови. Биографија. С., 1966, стр. 12.). Инаку и двајцата престојувале и работеле едно време во албанскиот Драч.

Прво Димитар, а сетне и Константин се испратени на школување во Москва, во 50-те години на 19 век, како руски стипендисти од страна на руската амбасада во Цариград (Табаков, Н. Братја Миладинови. Биографија. С., 1966, стр. 204). Во Русија, браќата Миладинови се целосно финансирани од руската држава и црква, каде дури и рускиот архиепископ давал пари на Константин Миладинов (Ив. Хаджов. Александ'р Рачински за Братја Миладинови. Училиштен прегред, XXXI, 1932, кн. 1, стр. 114).

Русите за Контсантин и Димитар Миладинов имале отворени шпиунски досиеја. Според руските дипломатски служби, Димитар Миладинов бил нивен шпиун за ширење на бугарската нaродност во Македонија (Селишчев, А.М. Сем'ја Д. Миладинова. Из донесениј консула М. Хитрово (1864 г.). — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, стр. 67).

На 25.5.1861 г., рускиот консул во Битола г. Хитрово пишува до азијатскиот департамент на руското министерство за надворешни работи дека "учителот Миладинов е познат по своите заслуги во полза на бугарската народност и распространувањето на образованието меѓу православните жители на Македонија, беше неодамна упасен од турците поради сомнение за врска со руските агенти" (Селишчев, А.М. Сем'ја Д. Миладинова. Из донесениј консула М. Хитрово (1864 г.) — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, стр. 65).

За бугаризацијата што ја спроведувал Миладинов, финансира и осмислена од страна на тогашна Царска Русија, пишуваат и останатите дипломати во Македонија.
Чарлс Калберт, британскиот конзул во Битола во извештајот до британскиот амбасадор Хенри Булвер во Цариград и до англискиот државен Секретар Џон Расел по повод апсењето на Димитар Миладинов пишува: "Димитар Миладинов е еден руски пропагандист“ (Никола Трајков. Братја Миладинови..., стр. 215.). Понатаму британскиот конзул објаснува до своите претпоставени: " Доста големата преписка на Димитар Миладинов, составена од добиени писма и преписи од испратени писма, не остава ни најмало сомнение, дека тоа лице е агент на руската пропаганда" (Никола Трајков. Братја Миладинови..., стр. 217.).

Англискиот дипломат од Битола St. Pisani до неговиот надреден Sir H. Bulwer пишува дека “Миладинов примал плата од руската влада и неговиот брат живее во Русија како агент на пропагандата“ (ориг. “Miladenoff, he said, was receiving a salary from the Russian Govt and his brother is residing in Russia as an Agent of the Propaganda“ , извор St. Pisani, Public Record Office, Foreign Office 195/685 Turkey, Monastir; “Братја Миладинови – преписка", ред. Никола Трајков, III. Дипломатически документи -АНГЛИјСКА ДИПЛОМАТИЧЕСКА ПРЕПИСКА, Писма 94 — 96 .).
Миладинови, како руски соработници во Македонија, ја презеле улогата на руските конзули по Балканот и испраќале свои ученици на школување, односно бугаризација; дури, Димитар Миладинов испраќал млади Македонци во Русија без знаење и согласност на нивните семејства, кои се противеле на нивната бугаризација. Забележан е протестот на македонскиот револуционер Ѓорѓи Капчев од Охрид до турските власти, каде тој го обвинува Димитар Миладинов дека без знаење на семејството го пратил брат му Иван Капчев на школување во Русија (ДИМИТ'Р И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ стр. 215/216, Димит'р Рајков, Софија 1986 г.).

Кузман Шапкарев има дадено повеќе имиња на Македонци кои Д. Миладинов ги испратил на обука во Русија, како пријателот Рајко Жинзифов, Константин Н. Станишев, Никола Делииванов, Георгија поп Стаменов од Дојран, Андреја Стојанов од Воден. Воедно, многумина Македонци, Димитар Миладинов исратил во Цариградското бугарско училиште за да станат бугарски учители кои ќе предаваат по новоотворените бугарски училишта во Македонија (За в'зраждането на б'лгарштината в Македонија. Неиздадени записки и писма, стр. 402, Кузман Шапкарев, изд. Б'лгарски писател, Софија 1984).
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
За Зборникот на Миладиновци...

Васил Чолаков, пријател на Константин Миладинов во преписка со Фрањо Рачки опишува како Зборникот на Миладиновци станал б`лгарски “мојот покоен другар Констандин Миладинов ме замоли да му дадам сто песни од источните краишта на Бугарија, за да може на својата збирка да и даде наслов Б`лгарски народни песни (Драган Ташковски, “Раѓањето на македонската нација“, стр. 104). Меѓутоа, Константин Миладин свесен дека словенските лингвисти ќе ја забежат јазичната разлика меѓу македонските и бугарските песни, тој ги превел бугарските песни на македонски јазик. За овој македонски превод на бугарските песни, бугарскиот лингвист Л. Каравелов пишува “браќата Миладиновци направиле неколку јазични грешки, особено во тоа што ги измениле во јазикот и ги дале на свое наречје (А. Стоилов, Показалец за печатените през XIX век б`лгарски народни песни, Софија 1918 г., стр. 11).Во Зборникот на Народни Песни од Македонија, браќата Миладинови измислуваат 3 песни каде се спомнува бугарското име. Имено, требало да го претстават македонскиот фолклор како бугарски, а немало во Македонија ниту една песна, предание каде се спомнува бугарското име или некој бугарски владетел. За овие нивни измислици пишува и ширачот на српската пропаганда, Симеон Кончар во својата брошура "ПРАДОМОВИНА СРБА", 1894 год., кој пак тврди дека Македонците се Срби, оти никаде во нивниот фолкор не се спомнува бугарското етничко име, ниту пак постоела бугарска национална свест кај Македонците.

За да не стана преочигледна политичката врска на браќа Миладинови со Русија, самиот Зборник на народни македонски песни ги обајавуваат во Загреб, а не во Русија, како што претходно било договорено со нивните руски ментори. Тој факт го потврдува и Димитар Миладинов во писмо до Константин Роби од 17 јули 1857 г. каде што му најавува дека Зборникот ќе се објави во Москва (Трајков, Н. Братја Миладинови. Преписка. Софија, 1964 г., стр. 33).

Димитар Миладинов: “Македонците се словено-пелазгиски народ“
Важно е да истакнеме дека Димитар Миладинов премногу добро знаел какво е етногенетското потекло на Македонците и за него Македонците биле “словено-пелазгиски народ“ (види писмо на Димитар Миладинов до Наум и Николаки Роби од 20 август 1857 г. објавено во "Братја Миладинови – преписка" стр. 35, ред. Никола Трајков, Б'лгарска академија на науките, Институт за историја. Издателство на БАН, Софија 1964 г.). Општопознато е дека Пелазгите се најстарите жители на Балканот, а античките историчари ги представуваат Пелазгите како предците на античките Македонци.
Кузман Шапкарев е зет на Димитар Миладинов за една од неговите ќерки. Неговото крстено име е Космос Пасхали. Во својата биографија Кузман Шапкарев запишува “дедото и стриковците на татко ми биле нешто влијателни во Цариград...Кога станало грчкото востание на Хиос, меѓу многуте обвинети и обесени во Цариград Грци, обесиле и двјаца од нашите, имено дедо му и едниот од стриковците на татко ми“. Од една страна вели дека меѓу обесените Грци биле и негови предци, за понатаму да истакне дека потекнува од Бугари, подоцна преселени во Охрид, познати како Пасхалевци, но дека старото семејно презиме им било Шапкареви. За своето презиме пишува “Старото презиме Шапкареви, само ние двајцата браќа го подновивме во 1856 г. откога почнавме да учиме бугарски“ (За в'зраждането на б'лгарштината в Македонија. Неиздадени записки и писма, стр. 27, Кузман Шапкарев, објавено во Б'лгарски писател, Софија 1984). Дилема за секој читател на автобиографијата на К. Шапкарев е зошто еден “бугарин“ од “бугарско“ семејство не знаел бугарски, па морал да учи бугарски, како и зошто неговите предци “Бугари“ од Цариград учествувале во востанието на Грците од островот Хиос? За разлика од тоа што морал да учи “бугарски“, Кузман Шапкарев без никакво едукација говорел влашки и албански јазик, а творец е и на влашко-бугарски и албано-бугарски речник (Б'лгарски прикаски и вѣрованија с' прибавление на неколко Македоновлашки и Албански, С'брал' и издава К. А. Шапкарев', Сборник' от' б'лгарски народни умотворенија, кн. VIII и IX, 1892, 1894. Софија, Печатница на “Либералниј Клуб'“).

Од преписките на Кузман Шапкарев со неговите пријатели од Охрид дознаваме дека во својата Биографија излажал дека го променил своето презиме во Шапкарев 1856 г., исто како што излажа дека дедото на Димитар Миладинов избегал од с. Магарево од влашките зулуми, за да го скрие влашкото потекло на Миладинови. Во сите свои писма до охриѓани, Кузман Шапкарев се потпишува како Космос Пасхалис или Паскали и секогаш комуницирал на грчки јазик, за што сведочат подолуобјавените писма од 1861 г. на натаму. Од писмата јасно се гледа дека не го користел “бугарското“ презиме Шапкарев од 1856 г., како што самиот напишал во својата Биографија, објавена во Софија.
Вујко на Кузман Шапкарев е Јанаки Стрези, познат учител и собирач на народни умотворби. Неговиот дедо по мајчина страна, Георги Стрези целиот негов живот бил домаќин на грчкиот владика Калиник во Охрид (За в'зраждането на б'лгарштината в Македонија. Неиздадени записки и писма, стр. 475, Кузман Шапкарев).

Најголем впечаток остава меѓусебната комуникацијата на рускиве стипендисти или како што во тоа време отоманските власти и странските дипломати ги нарекуваа “руски агенти“. Секогаш комуницирале на грчки јазик и грчко писмо, а ги користеле нивните родени крстени имиња, а не словенизираните. Така, Кузман Шапкарев се потпишувал и именувал како Космос Паскалис, Јанаки Стрезов како Јанаки Стрези, Димитар Миладинов како Миладинис, Миладинос или Миладинович во зависност од тоа каде живеел (Н. Еничарев, “Кузман Шапкарев за Прилеп и Охрид“, стр. 238, 239 и 237). Додека престојувал во Белград во 1861 г., Димитар Миладинов го променил своето презиме во Миладиновиќ (види сликата подоле).

Сепак, делото на Миладинови и нивните ученици Жинзифов и Шапкарев е особено значајно за македонската историја, јазик и литература. Сите тие се надарени поети, прозеисти, собирачи на македонски народни умотворенија и иако несвесни, пишувајки на македонски јазик, истиот го промовираа. Го промовираа и македонскиот фолклор, како уникатен и својствен само на македонскиот народ, едно богатство и сведошто на посебноста на еден цел народ.

Како еден во нишката на руската пропаганда во Македонија, треба да го спомнеме и Јордан Хаџи Константинов – Џинот. Тој бил назначен во 1848 г. за скопски учител од страна на Ѓорѓи Попович, угледен скопјанец и почесен конзул на Русија во Скопје.

Васил К`нчов, бугарин од Бугарија, кој работел како егзархиски професор во солунската гимназија во последните децении на 19 век и бил современик на Џинот, во своите белешки забележува: “Хаџи Георги (Попович) си турил грижа да најде достоен учител за Скопје. ..Тоа бил велешкиот ентузијаст Јордан хаџи Константинов, наречен од населението Џино“ (Град Скопие. Бележки за неговото настојаште и минало, стр. 137, В. К'нчов/ I. изд. Периодическо списание, кн. LV —LVI, 1898; Библиотека, II, кн. XIII, 1896).

За политички врски на скопските првенци со Русија, Васил К`нчов пишува “Помалиот брат, хаџи Христо (Попович), одел по трговски работи во туѓина. Неколку пати бил и во Русија. На враќање носел книги и ги распространувал меѓу населението. Бугарските патриоти навистина имале некакви врски со Русија; веројатно тие биле во преписка со одеската бугарска колонија, која се грижела во тоа време за разбудување на бугарите. Кога обвинувањата против Поповичи зајакнале, тогаш тие издејствувале од руската влада да ги земе под свое покровителство. Тоа се случило околу 1850 или 1851 година. Хаџи Георги (Попович) бил назначен за почесен руски консул“ (Град Скопие. Бележки за неговото настојаште и минало, стр. 148/149, В. К'нчов/ I. изд. Периодическо списание, кн. LV —LVI, 1898; Библиотека, II, кн. XIII, 1896 ).

Дури по назначувањето на Џинот за скопски учител во 1848 г. од страна на рускиот почесен конзул, од кого добивал и плата, започнал да соработува со бугарските пропагадни организации, основани и финансирани од Русија и започнал да пишува пробугарски текстови и да ги објавува истите во бугарските емигрантски весници, како ’’Цариградски Вестник“. Пред тоа, Џинот работел како српски учител во Велес и користел српска просветна литература во велешките училипта како „Граматика Мразовиќа, Захариевиќа, Цветник Рајиќа“ (В. К'нчов, „Град Скопие“, стр. 121, Софија 1898 г.).

Во 1863 г., Јордан Хаџи-Константинов бил осуден на казна затвор од страна на турските власти за политичка соработка со Русија. За овој настан, самиот Јордан Хаџи-Константинов запишува “Шестдесет дена ме пратија в Битоља за името „русс'” („ГОНЕНИЕ И СТРАДАНИЕ ЗА ЧЕСТНО ИМја БОЛГАРСКОЕ” (с. 31). Едно писмо от прочутија даскал Джинот до Н. П. Т'пчилештов” објавено во бугарското списание „Минало” (1909, кн. 2, с. 187-202).
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Проект болгаро-југославској федерации или федерации всех славјанских народов так и не реализовалсја. Зато в пику ли југославским руководителјам или подражаја Советскому Сојузу, в Болгарии была образована автономија мусульман в југо-восточној части страны. Была признана и македонскаја идентичность в Пиринском крае.


Лјубопытно, что Г. Димитров сам имел македонские корни.
В социалистическој Болгарии не лјубили говорить и скрывали тот факт, что мемориальнаја «к'шта» в Пиринском крае вовсе не тот дом, где родилсја «великиј сын болгарского народа», а реконструкција того, которыј находилсја на территории Македонии, отошедшеј к Сербии. [231]
Очевидно, македонское происхождение Г. Димитрова и было причиној того, почему он неоднократно менјал свое отношение к вопросу о национальности славјан Македонии. Первыј руководитель Народној Республики Болгарии то отрицал македонцев как самостојательныј народ, то признавал его. За что после смерти Димитрова постојанно упрекали. Автономија болгарских мусульман просуштествовала недолго, а македонцев опјать переименовали в болгар. Официальнаја точка зренија остановилась на отрицании суштествованија самодостаточного македонского народа как в Болгарии, так и в соседнеј југославии.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom