И во Македонија пристигна бројна белогардејска емиграција, чии потомци меѓу кои сум и јас живееме, живееме во Македонија. Делата на првата генерирација од белата емиграција се насекаде во Македонија:првиот природонаучен музеј создаден во Струга, кино Култура во Скопје, порта Буњаковец, организирање на првото ветеринарно училиште и многу други. Ние сме насекаде во Македонија но за жал не постои научно испитување и публикации за белата емиграција и нејзиното влијание на културно-научниот живот во Македонија, за разлика од Србија каде државата преку Министерството за култура ги финансира тие проекти. Можеби сепак сме од грешна националност за да се проучи влијанието на руската заедница во Македонија. За информација најголем дел од професорите на Архитектонскиот факултет во Скопје беа потомци од белогардејската емиграција : Андреј Токарев, Михаил Токарев, Александар Никољски, Тамара Теофилова, Викторија Еремеева.
Точен е податокот дека по 1945 година и воспоставување на комунистичката власт емигрантите беа изложени на шиканирања и прогони, само затоа што беа белогардејци (и нивни потомци). Тоа добро го знае моето семејство