@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
За руската емиграција во Македонија публикувани се немногу статии, но сепак македонската историја претставува скривница на духовните и културни скапоцености. Можеби затоа, не случајно Црквата прва пројавува интерес кон оваа тема, иако е невозможно, да се говори за црковната историја во Македонија, а да не се обрне внимание и на присуството на Руската православна црква тука.
Појавата на првиот бран на руската црковна емиграција во Македонија се однесува кон почетокот на дваесеттите години од минатиот век, кога на Балканот си нашле за себе пристаниште стотина илјади руси, спасувајќи се од теророт на атеистичката идеологија, која стана основа на новото обштествено уредување после падот на монархиите во Русија. Во прогон биле претставниците на Црквата, аристократите, царската армија, голем дел од руската интелегенција и т.н. Последиците од Октомвриската револуција биле не единствените причини, кои ги довеле тука русите. Интересен пример е со еден валаамски монах, кој околу десетина години проживеал во манастирот Свети Пантелејмон во с. Нерези. Валаамските острови во 1918 година станале дел од територијата на Финска, и власта барала од монасите да го променат календарот. Голем дел од братството, неприфаќајки го новиот календар, пребегале кон православните земји на Балканот.
Со Македонија, која тогаш стана една од земјите , каде руската емиграција била многубројна, сврзани се немалку видни дејци, кои зеле учество во образованието на Руската православна црква зад границите или биле индиректно сврзани со нејзиниот прв Собор,кој се состана во ноемвти 1921 година во Сремски Карловац под покровителство на српскиот крал Александар. Во него учествувале 24 епископи, претставители на клирот и мирјани, а подоцна бил избран и првиот претстојател на таа црква- бившиот киевски митрополит Антониј Храповицки. Последното ракоположени, кое он го завршил пред својата смрт во мај 1934 година, била хиротонијата на тогаш младиот предавач-учител од Битолската семинарија херомонахот Јован Максимович.
Не секаде на Балканот руската црковна емиграција била примена подеднакво срдечно. Голем дел од руското свештенство и монаштво ја продолжиле својата голгота во западноевропските земји, а потоа и во Америка, каде и сега се наоѓа Синодот на Руската православна црква . Од неа биле основани Богословскиот институт Св. Сергеј во Париз, Св. Владимир во Њујорк, Катедрата по византологија на професорот Кондаков во Прага (кој четири години работел во Македонија), мисионерски и хуманитарни центри.
Во Македонија русите биле дочекани добронамерно: тие добиле можност да учествуваат во работата во образовните и државните институции, во Скопје, во Битола биле отворени две руски гимназии, изградени неколку десетици цркви за потребите на руските верници. Во месечните изданија на диаспората се соопштувало за животот на руската заедница во Македонија. Едвај тука може да се најде манастир, каде во свое време не живеел макар по еден руски монах. Но, за жал, за време и по Втората светска војна, започнуваат страдањата на руските емигранти.