Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.400
- Поени од реакции
- 7.849
За да правиш паралела со квинслишки, усташки, виши или било кои други колаборационисти треба да имаш пандан на нацистичка Германија, тоа за тебе е претпоставувам ЕУ?Е да бе, прво му велиш дека прави ујдурми, па сега шега беше, можеш да се одлучиш веќе еднаш ?
Ти велиш дека јас индиректно те нарекувам фашист, јас само направив споредба помеѓу твоите коментари и начинот на кој размислуваа квислинзите и соработниците на фашистите и нацистите за време на Втората Светска Војна. Тоа не е повторување како папагал, туку едноставно потсетување дека одење во кревет со посилниот не ти гарантира ништо.
Повели именувај македонски политичар или македонска политичка партија кои активно работат на подобрување на односите помеѓу Македонија и Русија - почнувајќи со економската соработка.
Единствен кој тука се покака си ти, бидејќи цело време ги игнорираш моите коментари за економската соработка помеѓу Македонија и Русија, а кога некој трет ти потенцира дека Србија има договор за слободна трговија со Русија, а Македонија нема, веднаш се вадиш со приказната за правење ујдурми.
Швајцарија и Исланд можат и тоа како само да послужат како одлични примери, особено Исланд, на кого му се закануваа со прекинување на увозот на храна доколку не прифати нови задолжувања. Исланѓаните прифатија пари од ЕУ, па потоа на референдум им покажаа среден прст на евро-бирократите во Брисел, а по пат ги испоапсија своите банкари кои им ја презадолжија нацијата. Ај сега оправдај ги дека излегуваат на море и не се граничат со НАТО.
Мисловната фискултура е` од огромна важност, од нејзе зависат сите можни сценарија, а не од тоа со кого се граничиш или која ти е` алтернативата на овој или на оној агресор.
Колку пати те прашав која е, како изгледа перспективата на МКД без ЕУ и НАТО, без ниту еднаш да напишам дека тие се единствен избор, добив само адолесецентна демагогија за возврат.
Понатаму, шо подразбираш под активно подобрување на односите помеѓу МКД и Русија? Освен последното фијаско со протерување на руски дипломат, ние и сме немале некои потешкотии во односите со Русија.
Еве да ти нацртам кој се покака:
Еве ти го одговорот:Инаку, "повластените односи" со ЕУ за нас како држава кандидат за полноправно членство не вредат ни пет пари, барем јас лично не познавам некој на кого животот му се подобрил како резултат на таквите "повластени односи".
Слободна трговија подразбира трговија без царини, без акцизи и без било какви дополнителни даноци или трошоци за странските производи - со исклучок на луксузните производи, а ние тоа не го имаме ниту со ЕУ, ниту со Русија, ниту со САД, ниту со било која богата и развиена држава.
@Bafra надополна, освен шо напишав ујдурма за ништо не спорев, напротив. Во кој сегмент го оспорив не ми е јасно, не се фаќај како пијан за бандера за еден збор само па да ја темелиш цела реплика на тоа. Вчера беше една реченица, денес збор.Слободна трговија значи немање на ограничување на увоз и извоз пред се, во некоја поширока смисла опфаќа и немање специјални трговски оданочување, протекционизам итн...меѓутоа ни оддалеку не е безцаринска зона. Чисто процедурално.[DOUBLEPOST=1529094635][/DOUBLEPOST]Не те корегирам, во погрешен правец отиде мубаетот поради недоразбирање.
Сега место инфантилни реплики, бидејки имаш супериорна мисловна фискултура:
Дај просветли не нас мнозинството граѓани, кој е вистинскиот пат. И јас го делам ставот дека еден куп работи од независноста до денес ги изгубивме на патот кон НАТО и ЕУ и еве сега глеаме дека кулминира нивниот план, само објасни ми конкретно шо би направил за да го спречиш сево ова?Мисловната фискултура е` од огромна важност, од нејзе зависат сите можни сценарија, а не од тоа со кого се граничиш или која ти е` алтернативата на овој или на оној агресор.
Јас еве ги поддржувам Левица, ти ко шо глеам си конзервативец(во темата за ЕУ напиша дека си против социјализмот), а конкретно не поддржуваш никого(ако не си латентно вмровче), иако декларативно се залагаш за поблиски односи со Русија, велиш За Единствена Макеоднија не ги бива ниту за руски позери...?
Не знам, веројатно се испровоцир поради тоа шо те нареков обожавател на трендо а нон стоп ставаш текстови од неговата страна. Тоа го правиш веројатно од антагонизам кон него.
П.С Фашистите се десничари ако не се лажам, поблиски ти се идеолошки тебе него мене.