Русија - смена во надворешната политика?

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
Поентата ми е Германија има политичко влијание само на Балканот, никаде на друго место не се меша толку конкретно политички, па ниту во една Полска.

Русија покажува интерест да го прошири своето политичко и геостратешко влијание, Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка, Иран, Србија, еве сега најново Турција.

Германија само повеќе од економски си дозволува само на Балканот.. не ни има аспирации за повеќе во овој момент...[DOUBLEPOST=1521767499][/DOUBLEPOST]
Е ова ти е сеа цртан филм.... Ги сакам американците ама не го сакам Трамп...

Дали ти тоа ја потврдуваш Руската надмоќ во моментов ?

Германија навлегува толку директно во политичките дејанија на Балканот повеќе од прагма, Бизмарк има напишано дека Балканот е буре барут кое знае често да ја запали цела Европа. Сем безбедносен нема некој друг интерес, боси сме ептен во секој поглед.
Сеа има некоја борба внатре во Европа, Евроатлантисти против Евроазијци, со тоа шо Турција се јавува како играч за вториве, иако во суштина си има своја агенда.Тука Австрија се јавува како знаменосец на евроазиските суверенисти од тука и врската со нашиве патриоти. А и не се работи за некој идеолошки разлики колку за профит, едноставно влијателни крупни бизнисмени од Европа сметаат дека русите се подобар извор и добавувач на енергенси за разлика од некој други блискоисточни извори, кои функционираат на принципот доброволно на сила.
Едноставно врската е природна, Черчил одамна има напишано дека за САД и ВБ би било погубно долгорочно партнерство меѓу Русија и Германија.

Е сеа Кина на Балканот не памети посериозно присуство од периодот на Енвер Хоџа и тогашна Албанија со која имаа доста добри односи, сега чисто стратешко отворање пат кон европски пазар, патот на свилата, поморскиот дел завршува на грчки Пиреус кој го зедоа под закуп на 50+г па копнениот пат го продолжуваат со иницијатаивата Еден појас еден пат (One Belt One Road OBOR) од која и ние не само шо сме дел, туку лани и се одржа некоја мини конференција во Охрид и Ел Президенте Иванов имаше учество, покровител беше Амбасада на НР Кина.
Се работи за ревитализација на постојната трансевропска атвтопатска мрежа и вложување во изградба на нови делници, инвестиции со кои се зголемува протокот на стока која патем речено во голем дел е кинеска.
Стекнувањето на политичко влијание во одредена доза покрај толку големи финансиски инвестиции се подразбира.
 
B

Bafra

Гостин

Многу добро напишано. (y)
Посебно за врската Германија со Русија.

Но зашто би имало борба внатре меѓу ЕУ држави и кралства кога се испреплетени ко свински црева :toe:
Кралските фамилии измешани, папата им е алфа и омега, банкарите под нивна контрола. Освен ако има некоја борба меѓу Протестанти и Католици. :unsure:

Друга работа од која причина малку се збори во западниот свет за ц.ц. 100 милиони жртви од мерките на радикалните левичари :cautious:
Последица од тоа е мафијашки организирана Русија. Освен да и ги користат природните богатства и да ја злоупотребат за дежурен виновник за друго нема шанси.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Барем 10 ЕУ држави планираат да избркаат руски дипломати
Според која логика, труење на руски двоен агент на британска територија, би и помогнало на Русија на било кој начин? Според никоја. Овој одговор од страна на ЕУ државите за продлабочување на кризата со Русија, ме тера да мислам дека труењето на агентот воопшто не е извршено од страна на Русија.
Која црна Русија?
Никакви интереси нема ама сценариото е такво! Како и изборите во САД и све остало е масло на британците, за да се стави под притисок Русија и Германија. Од кои првата директно, втората индитектно.
Во целиот овој филм Турција е јогуртот, како јак играч со сите три страни!
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
812
Поени од реакции
510

На кој начин беше извршен индиректен притисок на Германија до сега?
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
На кој начин беше извршен индиректен притисок на Германија до сега?
Притисокот врз Русија е и уствари и држење на Германија подалеку од неа. Мое мислење е дека Германија не баш со голем ентузијазам ги спроведува наложените санкции кон Русија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.441

Најзасегната западна земја од санкциите кон Русија е Германија.. Но сепак Германија сама по себе не е причина за притисокот кон Русија. Тоа е нон сенс...[DOUBLEPOST=1521843679][/DOUBLEPOST]
Германија навлегува толку директно во политичките дејанија на Балканот повеќе од прагма, Бизмарк има напишано дека Балканот е буре барут кое знае често да ја запали цела Европа. Сем безбедносен нема некој друг интерес, боси сме ептен во секој поглед.
Секое политичко влијание од било кој регион е прагматично... Дали интересот е непосреден или пак од секундарно значење, не е важно... Но најважно од све е што тој интерес се појавува во континуитет од повеќе векови... Дали е тој изразен преку Австроунгарија или Германија и не е толку важно...

Сеа има некоја борба внатре во Европа, Евроатлантисти против Евроазијци, со тоа шо Турција се јавува како играч за вториве, иако во суштина си има своја агенда.Тука Австрија се јавува како знаменосец на евроазиските суверенисти од тука и врската со нашиве патриоти. А и не се работи за некој идеолошки разлики колку за профит, едноставно влијателни крупни бизнисмени од Европа сметаат дека русите се подобар извор и добавувач на енергенси за разлика од некој други блискоисточни извори, кои функционираат на принципот доброволно на сила.
Едноставно врската е природна, Черчил одамна има напишано дека за САД и ВБ би било погубно долгорочно партнерство меѓу Русија и Германија.
Партнерство меѓу Русија и Германија е невозможно на поголеми стази, едноставно премногу им се мешаат интересните сфери во централна и источна Европа...

Е сеа Кина на Балканот не памети посериозно присуство од периодот на Енвер Хоџа и тогашна Албанија со која имаа доста добри односи, сега чисто стратешко отворање пат кон европски пазар, патот на свилата, поморскиот дел завршува на грчки Пиреус кој го зедоа под закуп на 50+г па копнениот пат го продолжуваат со иницијатаивата Еден појас еден пат (One Belt One Road OBOR) од која и ние не само шо сме дел, туку лани и се одржа некоја мини конференција во Охрид и Ел Президенте Иванов имаше учество, покровител беше Амбасада на НР Кина.
Се работи за ревитализација на постојната трансевропска атвтопатска мрежа и вложување во изградба на нови делници, инвестиции со кои се зголемува протокот на стока која патем речено во голем дел е кинеска.
Стекнувањето на политичко влијание во одредена доза покрај толку големи финансиски инвестиции се подразбира.
Кина претежно вложува во транспорт од причина што сака да го обнови патот на свилата по кој би се движеле Кинеските ефтини производи... Тоа ти е слично како што Русија инсистира на гасовод кон ЕУ...
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
Многу добро напишано. (y)
Посебно за врската Германија со Русија.

Но зашто би имало борба внатре меѓу ЕУ држави и кралства кога се испреплетени ко свински црева :toe:
Кралските фамилии измешани, папата им е алфа и омега, банкарите под нивна контрола. Освен ако има некоја борба меѓу Протестанти и Католици. :unsure:

Друга работа од која причина малку се збори во западниот свет за ц.ц. 100 милиони жртви од мерките на радикалните левичари :cautious:
Последица од тоа е мафијашки организирана Русија. Освен да и ги користат природните богатства и да ја злоупотребат за дежурен виновник за друго нема шанси.

Први братучеди а ја направија Големата кланица.

Она шо се наметнува со теориите на заговор е во голем дел од периодот до Големата војна кога некои тајни братства и здруженија ја имаа улогата на разузнавачките служби, иако добар дел токму од истите тие здруженија влечи кадар во своите зачетоци разузнавањето. Е сеа овие стари кралски лози сеуште имаат своја традиционална тежина, посебно во Англија каде е задржан добар дел од традицијата, Германија после падот на Вајмарската Република таа улога ја презема крупниот капитал и тоа трае до денес додека за Русија пост Октомвриска Револуција до падот на Берлински ѕид е една приказна, од падот до доаѓањето на Путин друга и неговото креирање на нова аристократија во Руската Федерација, шо би рекол ти екс црвена буржоазија и КГБ ликови, слично нешто и кај нас се реализира.
Како и да е некој мора да владее, само каде тоа е изразено каде суптилно.

Факт е дека сеуште има традиционално влијание меѓутоа центрите за електронско извидување поради дигитализацијата на опшеството го преземаат приматот од тие архаични здруженија па се јавува некој нов моментум.
Во таа поделба во Европа на Евроатлантски и Евроазиски веројатно има улога и Државата Израел, pro et contra.

Само шо светот сега е баеги дил ориентед, имам интересна приказна прочитано, како во клучен момент русите буквално им ги презедоа на грузијците безпилотните летала од израелско производство во тој краток блицкриг, а нешто покасно пак израелски авакс накратко го неутрализираше С-300 системот на Иран за да израелските ловци бомбардери извршат тактички напад на нешто шо беше претходно добро бранета цел од витално значење за Иран, да не помисли човек дека некој направил размена на алгоритими, им ги трампаа скалповите да речам :icon_lol:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.345
Поени од реакции
18.225
Многу добро напишано. (y)
Посебно за врската Германија со Русија.

Но зашто би имало борба внатре меѓу ЕУ држави и кралства кога се испреплетени ко свински црева :toe:
Кралските фамилии измешани, папата им е алфа и омега, банкарите под нивна контрола. Освен ако има некоја борба меѓу Протестанти и Католици. :unsure:

Друга работа од која причина малку се збори во западниот свет за ц.ц. 100 милиони жртви од мерките на радикалните левичари :cautious:
Последица од тоа е мафијашки организирана Русија. Освен да и ги користат природните богатства и да ја злоупотребат за дежурен виновник за друго нема шанси.
Абе тука не е само Германија, туку Франција-Германија-Русија, а тоа е нешто од што на Британциве косата на главата им се крева.

Опасноста за Британија е голема, ако се случи да остане изолирана од ЕУ, а од друга страна настани приближување на Германија и Франција со Русија (Франција и Германија се практично ЕУ) тогаш имаат големи шанси да се распаднат, т.е. Шкотска да замини, а и Северна Ирска.

Не се будали Британците, сега пробуваат да го амортизираат Брегзит.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
Секое политичко влијание од било кој регион е прагматично... Дали интересот е непосреден или пак од секундарно значење, не е важно... Но најважно од све е што тој интерес се појавува во континуитет од повеќе векови... Дали е тој изразен преку Австроунгарија или Германија и не е толку важно...
Случувањата на Балканот прво се одразуваат на Централна и Западна Европа, а се знае каде е местото на Германија во таа хиерархија, значи и не напишав ништо поразлично од твоето.
Бизмарк баеги одамна го дефинирал значењето на Балканот.

Партнерство меѓу Русија и Германија е невозможно на поголеми стази, едноставно премногу им се мешаат интересните сфери во централна и источна Европа...
Затоа се прави градација на тие интересни сфери, примарно, секундарно, терцијарно...значење. Компромиси се во прашање, и тоа ситни споредено со една силно гермаснко-руско партнерство. Некој со години се обидува тоа да го спречи, ако веќе се толкави меѓусебните разлики не би постоела потребата од саботирање на едно невозможно партнерство.
Напишав кој одамна лоцирал што би значело тоа.

Кина претежно вложува во транспорт од причина што сака да го обнови патот на свилата по кој би се движеле Кинеските ефтини производи... Тоа ти е слично како што Русија инсистира на гасовод кон ЕУ...
Па не е исто, ама ич.
Русија се бори за зголемување на влијанието додека Кина сега го стекнува.
Настрана фактот шо едните нудат енергенси од стратешко значење за една економија, ддоека другите трговска размена пред се извозно ориентирана т.е пласман.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.249
Поени од реакции
4.852
Поентата ми е Германија има политичко влијание само на Балканот, никаде на друго место не се меша толку конкретно политички, па ниту во една Полска.
Влијанието на Германија е многу, многу поголемо од ова што го пиша.
израелски авакс накратко го неутрализираше С-300 системот на Иран за да израелските ловци бомбардери извршат тактички напад на нешто шо беше претходно добро бранета цел од витално значење за Иран
Кое е тоа бомбардирање?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.441
Затоа се прави градација на тие интересни сфери, примарно, секундарно, терцијарно...значење. Компромиси се во прашање, и тоа ситни споредено со една силно гермаснко-руско партнерство. Некој со години се обидува тоа да го спречи, ако веќе се толкави меѓусебните разлики не би постоела потребата од саботирање на едно невозможно партнерство.
Напишав кој одамна лоцирал што би значело тоа.
Каде ти ја гледаш саботажата ?

Види, Германија и сега го добива Рускиот ефтин гас... Саботажа ќе беше да се прекинеше дотекот. Јас не видов Германија да се побуни нешто на своите партнери, кога го укинаа Јужниот тек и го саботираат Турскиот тек.... Не гледам саботажа јас... Напротив Германија не била одамна олку негативно настроена кон Русија... Ако некој ја прави таа саботажа, тоа е Германската влада...

Па не е исто, ама ич.
Русија се бори за зголемување на влијанието додека Кина сега го стекнува.
Настрана фактот шо едните нудат енергенси од стратешко значење за една економија, ддоека другите трговска размена пред се извозно ориентирана т.е пласман.
Не споредив како стратешко влијание, туку од економска гледна точка... Иначе развиена транспортна мрежа исто така има големо стратешко значење, секако нешто помало од енергенсите...
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
Каде ти ја гледаш саботажата ?

Види, Германија и сега го добива Рускиот ефтин гас... Саботажа ќе беше да се прекинеше дотекот. Јас не видов Германија да се побуни нешто на своите партнери, кога го укинаа Јужниот тек и го саботираат Турскиот тек.... Не гледам саботажа јас... Напротив Германија не била одамна олку негативно настроена кон Русија... Ако некој ја прави таа саботажа, тоа е Германската влада...

Не споредив како стратешко влијание, туку од економска гледна точка... Иначе развиена транспортна мрежа исто така има големо стратешко значење, секако нешто помало од енергенсите...
Не подразбирав саботажа под поставување на минско експлозивни средства на цевоводите :icon_lol:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.441
Не подразбирав саботажа под поставување на минско експлозивни средства на цевоводите :icon_lol:
Да де, те разбрав, ама под тоа би подразбирало дека Германија инсистира, а некој ја спречува...

Нормално е дека компаниите се бунат, бидејќи Германски компании се најафектирани од цела ситуација. А тоа и ствара притисок на владата на Германија... Но генерално не гледам некоја иницијатива од страна на Германија сево ова да се надмине.... Едноставно имаат некаква пресметка....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom