Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Поентата ми е Германија има политичко влијание само на Балканот, никаде на друго место не се меша толку конкретно политички, па ниту во една Полска.
Русија покажува интерест да го прошири своето политичко и геостратешко влијание, Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка, Иран, Србија, еве сега најново Турција.
Германија само повеќе од економски си дозволува само на Балканот.. не ни има аспирации за повеќе во овој момент...[DOUBLEPOST=1521767499][/DOUBLEPOST]
Е ова ти е сеа цртан филм.... Ги сакам американците ама не го сакам Трамп...
Дали ти тоа ја потврдуваш Руската надмоќ во моментов ?
Германија навлегува толку директно во политичките дејанија на Балканот повеќе од прагма, Бизмарк има напишано дека Балканот е буре барут кое знае често да ја запали цела Европа. Сем безбедносен нема некој друг интерес, боси сме ептен во секој поглед.
Сеа има некоја борба внатре во Европа, Евроатлантисти против Евроазијци, со тоа шо Турција се јавува како играч за вториве, иако во суштина си има своја агенда.Тука Австрија се јавува како знаменосец на евроазиските суверенисти од тука и врската со нашиве патриоти. А и не се работи за некој идеолошки разлики колку за профит, едноставно влијателни крупни бизнисмени од Европа сметаат дека русите се подобар извор и добавувач на енергенси за разлика од некој други блискоисточни извори, кои функционираат на принципот доброволно на сила.
Едноставно врската е природна, Черчил одамна има напишано дека за САД и ВБ би било погубно долгорочно партнерство меѓу Русија и Германија.
Е сеа Кина на Балканот не памети посериозно присуство од периодот на Енвер Хоџа и тогашна Албанија со која имаа доста добри односи, сега чисто стратешко отворање пат кон европски пазар, патот на свилата, поморскиот дел завршува на грчки Пиреус кој го зедоа под закуп на 50+г па копнениот пат го продолжуваат со иницијатаивата Еден појас еден пат (One Belt One Road OBOR) од која и ние не само шо сме дел, туку лани и се одржа некоја мини конференција во Охрид и Ел Президенте Иванов имаше учество, покровител беше Амбасада на НР Кина.
Се работи за ревитализација на постојната трансевропска атвтопатска мрежа и вложување во изградба на нови делници, инвестиции со кои се зголемува протокот на стока која патем речено во голем дел е кинеска.
Стекнувањето на политичко влијание во одредена доза покрај толку големи финансиски инвестиции се подразбира.