Е ај нели постигна Роналдо гол?
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
Шала на страна и тој беше лош вчера, и покрај голот, но сепак останувам на тоа дека опциите што ги спомнав претходно го прават подобар играч.
Реал имаат многу лоша историја со Баерн, а и воопшто со било кој германски тим, ако гледаме статистички.Минатата сезона играа Баерн-Реал, Баерн победи и покрај тоа што играше Роналдо.
Барселона во домашното првенство се покажаа како далеку подобри од Реал оваа сезона, и покрај тоа што ги најавуваа Реал како фаворити.Они оваа сезона барем го освоија првенството, Реал потфрли на последнава во намерата да ја собере последната вредна титула.
Што се однесува до Роналдо и Меси, Меси е подобар од Роналдо, игра природен фудбал, има талент.Не дека и Роналдо не игра добро фудбал, ама тоа е некако вештачки кај него.Како и да е, и двајцата се феноменални играчи и си имаат и двајцата свои предности и тој е единствениот играч кој може да му конкурира на Меси и покрај тоа што Меси е за нијанса подобар.Може да му конкурира зошто мислам дека ако Роналдо барем еднаш освои некоја позначајна награда како што освоил Меси на пример, ќе му служи како уште поголем стимул за тоа да влезе во трката за најдобар играч со Меси со уште поголема брзина......Последниве неколку одликувања и признанија што ги доби Меси (неколку години по ред) мислам дека малку го деморализираа на тоа поле...