Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.123
- Поени од реакции
- 25.578
Касно палам, ама дури сега го прочитав ова на насловна.
Басистот на бендот Пол Џонс изјави дека се во потрага по наследникот на Плант. Се шушка дека ни можел да го замени Стивен Тајлер од Аеросмит.
Плант ја одби можноста да им се придружи на останатите членови на Лед Цепелин на светската турнеја. Како негова можна замена, се спомнува пејачот на Аеросмит Стивен Тајлер, кој наводно веќе вежбал со бендот.
Џон Пол Џонс за магазинот Rolling Stone потврди дека заедно со Џими Пејџ и Џејсон Бонам барат нов пејач, но дека еуште не го нашле.
Џонс остави и ронка надеж за обожавателите кои сакаат да го видат бендот во целосен состав, додавајќи дека се надева дека Плант за некоја година би можел и да се предомисли.
Стивен Тајлер? Лед Цеплин?
Молам?
:nesvest:
Стивен Тајлер како појава ми е смешен (во смисла хумористичен) и повеќе му лежат забавни песни како што и ги знаеме од Аеросмит. Нема да може да го фати народното и тешкото на Зепелин ни вокално, а камо ли со самата негова појава и говор на тело. Самиот поим Тајлер да ја пее Кашмир или Синс ајв бин ловинг ју ќе изгледа како скеч на к-15. Ковердејл од Вајт Снејк би бил многу посоодетна замена, може и Крис Корнел. Сепак без Плант идентитетот на Зепелин се губи. Начелно ми се допаѓаше потегот да не функционираат после смртта на Бонам, ми се допаѓа и што се обединуваат сега со синот како еден вид реинкарнација на таткото ама не без Плант.