Ристеска осум години трча во исти тренерки, Ефремов ќе настапи со скинати спринтерки

Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Има право дечкото, талентот е мал процент. Онаа Наџа Хигл од Србија кое тенеќе беше па во Америка ја направија борец за медали на првенства. Само еден пример е она, има милион.
Toa go kazuvaat netalentiranite ;)
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Едно питување, зошто Кристијан what's his face и компанија одат воопшто на Олимпијада?
 
R

Rigel Kent

Гостин
Има право дечкото, талентот е мал процент. Онаа Наџа Хигл од Србија кое тенеќе беше па во Америка ја направија борец за медали на првенства. Само еден пример е она, има милион.
Jas 50:50 bi go stavil soodnosot. Talentot e primaren za razvoj i uspeh vo nekoj sport zaedno so fizicka predispozicija. Rabotata e maksimalno iskoristuvanje na talentot. :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Рожман : “Се повлекувам, МОК ја уништи мојата кариера“

Атлетичарката Ивана Рожман, која ја преставуваше Македонија на Олимписките Игри во Пекинг, а првично беше одредена да патува и во Лондон, одлучи да се повлече од атлетиката, Како причина за ваквата одлука ја наведиува одлуката на МОК да и “забрани“ да учествува на ОИ со покана, откако еднаш веќе учествувала со покана, и на незино место да ја прати Христина Ристеска.

Рожман испрати допис до медиумите во кој се вели:

“Би сакала да Ве информирам дека Македонскиот олимписки комитет (МОК) ми ја уништи кариерата и ме откажа од атлетиката. И покрај тоа што сум најдобра атлетичарка во Македонија меѓу жените и мажите, која е единствената во последните 7 години што има постигнато резултат кој вреди повеќе од 1000 бодови (100 м - 12,01 = 1011 бодови) според таблицата на Меѓународната атлетска федерација ( ИААФ), МОК не ми дозволи да учествувам на Олимписките игри во Лондон.

Имено, МОК донел одлука, (поточно директорот Владимир Богоевски како што тој кажува дека тоа било негова одлука) еден спортист кој учествувал еден пат на Олимписки игри со Вајлд карта, да неможе да учествува по втор пат на ОИ ако нема Олимписка норма, па макар и да е апсолутно најдобар во својот спорт или да е со резултат и на само 1 стотинка до Олимписката норма.

Во Пекинг на ОИ јас учествував во трката на 100 м кога имав личен рекорд 12,48 сек. и успеав да победам 16 претставнички од други земји, а сега кога имам многу подобар резултат ( 100 м-12,01 сек), МОК не ми дозволува учество на ОИ, туку на мое место ќе учествува далеку послаба атлетичарка која на 400 м има резултат 58,98 сек кој според таблицата на ИААФ вреди 904 бода.

МОК (читај Владимир Богоевски) на место да ми пружи можност да исполнам Олимписка норма со доделување Олимписка стипендија и да ми обезбеди подготовки како што обезбедуваше подготовки и стипендија за 10 спортисти од други спортови од кои никој не исполни Олимписка норма, а нивните меѓународни федерации не предвидуват учество на ОИ со Вајлд карти, не ми дозволи да учествувам наОИ и покрај тоа што ИААФ и Македонската атлетска федерација (АФМ) ме одредија мене како најдобра атлетичарка во Македонија во женска конкуренција јас да ја претставувам нашата земја на ОИ.

МОК се стави над ИААФ која е единствено компетентна да каже кој може да учествува на ОИ во атлетика и која ги одредува Олимписките норми. Во правилата за натпревари на ИААФ се ве: Национална атлетска федерација која нема исполнето Олимписка норма на ОИ може да учествува со своите најдобри атлетичари во машка и женска конкуренција.

Во Статутот на АФМ во член 5 стои: АФМ се зачленува во МОК и при тоа си го задржува правото да го одреди Олимпуискиот тим. Согласно овој член Извршниот одбор на АФМ на ден 5 јуни 2012 донесе одлука на ОИ во женска конкуренција да биде пријавена Ивана Рожман за трката на 100 м, во машка конкуренција Кристиан Ефремов за трката на 400 м, а тренер да биде Ѓорги Вучков - тренер на Рожман и на Ефремов. Во истата одлука се вели доколку МОК не ја пријави Рожман, тогаш во женска конкуренција да не учествува друга атлетичарка.

Бидејки пријавувањето до ИААФ за ОИ оди преку Националните Олимписки комитети, а врз основа на оваа одлука, АФМ испрати званична пријава до МОК. Како одговор на пријавата МОК писмено одговори дека поради таа нивна одлука Ивана Рожман не може да биде пријавена до ИААФ и на нејзино место АФМ да пријави друга атлетичарка.

Така МОК не само што ги прекарши правилата на ИААФ, туку го прекрши и Статутот на АФМ. Но, Статутот на АФМ го прекрши и ново избраниот претседател на АФМ Крсто Серафимовски и неговиот Извршен одбор. Имено, на 23 јуни 2012 година на Изборно собрание на АФМ Крсто Серафимовски беше избран за претседател на АФМ кој го прекрши член 5 од Статутот на АФМ, ја суспендира Одлуката на претходниот претседател Цветко Гроздановски и неговиот Извршен одбор и по сугестија на МОК донесе одлука на место Ивана Рожман за ОИ да биде пријавена Христина Ристеска.

По сето ова, мене не ми преостанува ништо освен да се откажам од атлетиката и правдата да ја барам на суд. Со таа своја одлука, МОК стана екзекутор на спортските кариери на најдобрите атлетичари во Македонија. Кога слушна за одлуката на МОК, најпрво се откажа од атлетика Реџеп Селман кој заедно со мене ги бранеше боите на Македонија на ОИ во Пекинг, а еве сега морам и јас да се откажам.

Да немаш ниту денар стипендија од Клуб, од АФМ, од МОК, од АМС, да немаш 10 години соблекувална, да се соблакаш во зима и во лето на трибините од стадионот, да немаш туширање по напорните тренинзи, да немаш да се напиеш чај по тренинзите, да немаш подготовки, да немаш пари за појачана исхрана за витамини, родителите да ти ја купуват спортската опрема, да не можеш да се вработиш никаде, да бидеш најдобра во својот спорт, а да не ти биде дозволено да учествувашна ОИ, тогаш која е мотивацијата јас да продолжам со тренинзи?!
Со Почит, Ивана Рожман, прогласена за најдобра атлетичарка од 2006 до 2012 година.

Ohridnews​

1

27.07.2012 19:54

Прочитана е : 180 пати


© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ne sakam go devalviram nejziniot uspeh , ama ako IOK ne davase vajld karti vo atletika i plivanje dali taa ke nastapese na OI?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Па беше оваа еднаш на Олимпијада и кур скрши, што сака повеќе, демек Исинбаева е она па рекорди ќе руши? Нека одат други.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Абе во колку саат е отварање? Ме мрзи да шетам низ темава.:свиркам::oops:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Има право дечкото, талентот е мал процент. Онаа Наџа Хигл од Србија кое тенеќе беше па во Америка ја направија борец за медали на првенства. Само еден пример е она, има милион.
И јас се согласувам дека талентот е мал дел, ама се друго е напорна работа... Е сега кај нас некогаш се немаат услови за напорна работа, ама ретки се и тие што тренираат напорно...
А за Хигл, мислам дека нема тренирано во Америка, брат и' ја спремал со многу напорни тренинзи, така мислам дека прочитав. И овој Блажевски е во Америка па ете сеуште не може да обезбеди норма.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Абе нишо чудно шо имаме 4 спортисти, дури и за нив ми е жал, со искинати патики ќе трчет таму.
Врвни спортисти не се раѓаат, тие се произведуваат, требит да инвестират некој во нив, храна, патики, витамини, сали, базени, терени, тренери, доктори и уште мал милион други работи кои ги немаме во Македонија.
Додека вака се заебаваме, една Андора ќе имат повеќе преставници од нас на ОИ.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.925
Поени од реакции
16.209
Убаво напраил Богоевски, па ако нема резултат т.е обезбедено норма, што има на секои ОИ да биде таму, колку и да не ги бива другите нека им се дај шанса на нив, нека осетат како е да си дел од некој голем настан.
Да се буниш ако си напраила макар Б норма, а таа сака да се шлепа без некој пласман.
Јака муда победила 16 атлетичарки, тие сол во очите немаат да си фрлат, па уште ќе се гордее со нив.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Eve gi tie od Andora . Pokraj atleticarite i plivacite (so vajld karti) imaat eden maratonec od 45 god a drug e strelec od 61 god. Sto investirale vo niv?
Хишам Ел Геруж со 40 години освои златен медал во Атина на 10,000 метри ако не се лажам :) За маратони возраста не игра голема улога, повеќе психичката спремност. А за стрелање па не правиме муабет, не ти треба таму пулс 120 да имаш за злато, концентрација :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom