Рисот во Македонија

Член од
20 јануари 2015
Мислења
101
Поени од реакции
91
Здраво форумџии,

Барав по форумов на оваа тема па не најдов ништо слично, па ќе започнам една интересна тема. Случајно налетав на статија за македонскиот рис како редок вид, односно дека се помала е нивната бројка. Поточно на територија на Македонија првичните информации беа дека ги има не повеќе од 100, а последните информации се дека нивната бројка е некаде измеѓу 30-40.

Во Македонија балканскиот рис е застапен во северно-западниот регион односно од националналниот парк Маврово па се до Пелистер. Пред некоја година фатени се точно три риса од кои првите два кои беа крстени Ристе и Мартин кои беа пронајдени во кичевскиот дел за кои сеуште имаат активни траги и им се следи трагата. Третиот и последен рис Марко кој беше фатен во делот на Маврово беше следен две години кога извесно време немаше активна трага за него.

Има два документарни филмови за македонскиот рис Марко кои би било добро да ги погледнете.

Во срцето на Балканот и Духот на Мавровските планини

Дали има уште некој кој што прочитал на оваа тема или знае нешто слично?
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Imam jas dosta za zboruvanje no od telefon ne mozam. Ona sto se znae e deka populacijata poleka raste poradi programata so koja risot e trajno zastiten i e zabranet za lov. Mislam deka temata moze da se preimenuva, ne samo za risot tuku i za drugite zastiteni zivotni. Skoro pred nekoe vreme bese zaloven mislam i drug ris i vmetnat mu e traker za da moze da se sledi.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.102
Поени од реакции
3.948
Јас уствари никогаш не разбрав зошто и по која логика рисот е симбол на Македонија???? Демек било ендемично животно на овие простори, а уствари низ пола свет го има!? И ај да речеш кај нас да е најмногуброен па ете по таа логика да е „наше животно“, но тоа е уште побизарното, како што самиот кажа во воведниот пост, кај нас има неколку ретки примероци (30-40) во цела држава. И смешно е ради неколку риса што ги има во земјава, да го тврдиме за „наше“ животно и да ни било симбол демек типично за нас :facepalm: Други земји имаат илјадници (за разлика од нашите 30-40) па никому ништо, и нигде не го сметаат тоа како „типично животно за нив“ или било што. Тоа ти е скоро исто ко да го прогласиме нојот за симбол на Македонија оти има некои си 5-10 Македонци што одгледуваат нојеви, и ајде сега тоа животно е типично за нас :pos:
 
Последно уредено:
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Јас уствари никогаш не разбрав зошто и по која логика рисот е симбол на Македонија???? Демек било ендемично животно на овие простори, а уствари низ пола свет го има!? И ај да речеш кај нас да е најмногуброен па ете по таа логика да е „наше животно“, но тоа е уште побизарното, како што самиот кажа во воведниот пост, кај нас има неколку ретки примероци (30-40) во цела држава. И смешно е ради неколку риса што ги има во земјава, да го тврдиме за „наше“ животно и да ни било симбол демек типично за нас :facepalm: Други земји имаат по десетици илјади (за разлика од нашите 30-40) па никому ништо, и нигде не го сметаат тоа како „типично животно за нив“ или било што. Тоа ти е скоро исто ко да го прогласиме нојот за симбол на Македонија оти има некои си 5-10 Македонци што одгледуваат нојеви, и ајде сега тоа животно е типично за нас :pos:
Пред да пишете што и да било не е лошо малку да се прочита нешто, пошто вака изгледа трагикомично, да не речам глупаво.
Прво и основно, се работи за т.н Балкански рис, кој е подвид на евроазискиот рис, и кој е ендемски вид на Балканот, како што кажува и неговото име(а не во Македонија). Второ, тоа значи дека не е точно дека го има низ пола свет, затоа што се работи за друг вид/подвид.
Трето, рисот во минатото бил распространет низ цела западна Македонија, а го имало дури и во источна (Плачковица).
Четвро, за да се заштити од истребување е прогласен за национален симбол и е забранет ловот. На крајот на краиштата во Македонија со милениуми нема лавови, па лавот е симбол на Македонија, исто така сонцето свети исто за сите па е симбол на Македонија.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Балкански_рис

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12414726269&id=9&prilog=0&setIzdanie=23083
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Кога се вели национален симбол, се мисли најчесто, во вексиколошка и хералдичка смисла. Во таа смисла само Сонцето од Кутлеш и Македонскиот Лав, се национални симболи.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982

Од кога сонцето од Кутлеш е симбол на Македонија? Ај за лавчето го користеле речиси сите низ историјата, ама за сонцето од Кутлеш не ми е јасно како може да е македонски или грчки или виетнамски симбол, кога е пронајден пред 100тина години како знак воопшто???

А што се однесува на постовите погоре...Рисот е симбол на Македонија затоа што ваков вид на рис има само кај нас, а не дека е ендемично животно на Балканот или дека во Зимбабве немаат рисови!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Јас зборувам за национални симболи (вексиколошки и хералдички) на Македонците.
А вие што подразбирате под изразот: симбол на Македонија, Господ знае.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Јас зборувам за национални симболи (вексиколошки и хералдички)
Да бе брат те разбрав за што збориш...Само дадов теза дека сонцето од Кутлеш воопшто нетреба да се смета како некој симбол, бидејки симбол е нешто што те прати низ историјата, а во македонската историја има прекин од 2000 години за овој симбол и скроз бил изгубен затоа реков дека не треба да се смета како симбол.
Вториот дел од постот беше наменет за коментарите пред тебе :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
не е темата за тоа.
 
Член од
20 јануари 2015
Мислења
101
Поени од реакции
91
Imam jas dosta za zboruvanje no od telefon ne mozam. Ona sto se znae e deka populacijata poleka raste poradi programata so koja risot e trajno zastiten i e zabranet za lov. Mislam deka temata moze da se preimenuva, ne samo za risot tuku i za drugite zastiteni zivotni. Skoro pred nekoe vreme bese zaloven mislam i drug ris i vmetnat mu e traker za da moze da se sledi.
Барав по интернет дали ќе најдам некои нови информации, ама сите се скоро застарени од пред некоја година односно има информации заклучно со последниот фатен рис Марко.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.102
Поени од реакции
3.948
Пред да пишете што и да било не е лошо малку да се прочита нешто, пошто вака изгледа трагикомично, да не речам глупаво.
Прво и основно, се работи за т.н Балкански рис, кој е подвид на евроазискиот рис, и кој е ендемски вид на Балканот, како што кажува и неговото име(а не во Македонија). Второ, тоа значи дека не е точно дека го има низ пола свет, затоа што се работи за друг вид/подвид.
Ко боже незнам дека е за подвидот, ама работата е дека и со тоа ова е смешно (незнам зошто сметаш дека тоа ја оправдува целава ствара). Знам дека се работи за подвидот Балкански рис, ама не постојат 2-3 подвида на рисот па да кажеш едниот за нас е типичен. Скоро во секоја земја/регион кај што живее рисот, тој си има свои карактеристики за тој регион и се води како подгурпа, така да пак испаѓа смешно што ние правиме нешто посебно од овој што живее кај нас и што сме горди што нашиот вид е типичен за нас (а и тоа не е конкретно точно оти како што кажа, го има низ Балканот, не само кај нас, па пак не испаѓа Македонија ништо посебни ни конкретно за овој подвид) :facepalm: Ако е така во Германија треба да го сметаат за типично животно нивниот рис оти тој исто си е посебна подгрупа, во Канада нивниот, во Летонија нивниот, во Шведска нивниот итн итн. И која е поентата на тоа, не мислиш дека е малце смешно? По која логика сметаш дека кај нас е логично образложено Балканскиот рис да е „типично животно за Македонија“, а во другите земји нивните подвидови да не се и никој да не го смета тоа како животно типично за нив, иако и во нивните случаи тој подвид го има само кај нив.

И ај, не е толку работата за тоа дека го сметаме за симбол (како што кажавте и лавот така го сметаме а нема врска со нас, јес да и за тоа исто толку сметам дека е апсурдно ама друга тема е), ама тоа што ме нервира е што уште во 3то одделение децата кога учат ЗПО, им се перат мозоците дека Рисот (не се многу нагласува дека само сосема мал подвид, и дека постојат уште цел куп други низ цел свет) е ендемичен и е типичен за нашата земја, што е доста смешно, оти како што кажав, рисот како рис го има насекаде, ама во секоја област има како подвид на рисот, и тој на Балканот си е свој подвид, ама пак е смешно ти за тоа да тврдиш дека е нешто посебно и да се шири слика ко боже ова животно е нешто посебно кај нас.
 
Не сакам да навлегувам во сосема друга тематика, само ќе спомнам една работа. Балканскиот рис се смета дека прв пат се појавил токму во Македонија, односно во планините на Маврово.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Ко боже незнам дека е за подвидот, ама работата е дека и со тоа ова е смешно (незнам зошто сметаш дека тоа ја оправдува целава ствара). Знам дека се работи за подвидот Балкански рис, ама не постојат 2-3 подвида на рисот па да кажеш едниот за нас е типичен. Скоро во секоја земја/регион кај што живее рисот, тој си има свои карактеристики за тој регион и се води како подгурпа, така да пак испаѓа смешно што ние правиме нешто посебно од овој што живее кај нас и што сме горди што нашиот вид е типичен за нас (а и тоа не е конкретно точно оти како што кажа, го има низ Балканот, не само кај нас, па пак не испаѓа Македонија ништо посебни ни конкретно за овој подвид) :facepalm: Ако е така во Германија треба да го сметаат за типично животно нивниот рис оти тој исто си е посебна подгрупа, во Канада нивниот, во Летонија нивниот, во Шведска нивниот итн итн. И која е поентата на тоа, не мислиш дека е малце смешно? По која логика сметаш дека кај нас е логично образложено Балканскиот рис да е „типично животно за Македонија“, а во другите земји нивните подвидови да не се и никој да не го смета тоа како животно типично за нив, иако и во нивните случаи тој подвид го има само кај нив.

И ај, не е толку работата за тоа дека го сметаме за симбол (како што кажавте и лавот така го сметаме а нема врска со нас, јес да и за тоа исто толку сметам дека е апсурдно ама друга тема е), ама тоа што ме нервира е што уште во 3то одделение децата кога учат ЗПО, им се перат мозоците дека Рисот (не се многу нагласува дека само сосема мал подвид, и дека постојат уште цел куп други низ цел свет) е ендемичен и е типичен за нашата земја, што е доста смешно, оти како што кажав, рисот како рис го има насекаде, ама во секоја област има како подвид на рисот, и тој на Балканот си е свој подвид, ама пак е смешно ти за тоа да тврдиш дека е нешто посебно и да се шири слика ко боже ова животно е нешто посебно кај нас.
Рисот е ендемичен вид освен 40-50 во Маврово и 20-30 во источна Албанија го нема нигде. Зошто се смета како национално животно е дискутабилно најверојатно зошто некој така решил.

Која е причината не знам баш освен тоа дека дели иста судбина со Македонскиот народ т.е веќе сто години е критично загрозен ендемичен вид. Полека полека исчезнува и ситуацијата е дојдена до критична точка.(Ова е моја интерпретација во моментов што ми дојде во глава)

П.С Ако ти пречи толку иди буни се :pos:
Искрено мене не ми прави разлика и мислам дека нешто ендемично и ексклузивно, ако не друго барем добро е за маркетинг.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Абе @Bibo, a да ги убиеме, шо ќе ни е :icon_lol:

Онака информативно 99% (Западна) Македонија со извор Маврово и неговата поширока околина е единствениот дел со останата популација на Балкански рис.
http://www.mkd.mk/68938/makedonija/bbc-wildlife-gorcliva-uteha-za-balkanskiot-ris

01 ноември 2012 - 13:29
Македонските еколози заловија уште еден рис

Марко и Ристе добија друштво. И трет рис во Македонија доби ГПС-околувратник со која членовите на Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе можат детално да ги следат движењето и навиките на рисот.

Рисот Марко, кому прв му беше поставен ГПС-околувратник, беше заловен во замка во март 2010 година, во Националниот парк Маврово.

Вториот рис со истиот метод беше фатен и ослободен во март 2012 година на територијата на ловиштето „Душегубица“ на Македонски шуми, подружница Лопушник-Кичево, соопшти МЕД.
Третиот рис е фатен вчера на планината Стогово, Кичевско, а по поставувањето на околувратникот е пуштен. За време на заспивањето на рисот земен е и генетски материјал, кој исто така ќе биде испитуван од експертите на МЕД, кои веќе седма година работат на проектот за закрепнување на балканскиот рис.
Прес-конференцијата за новонајдениот рис, со презентација на слики, ќе се одржи утре, 2 ноември, во НВО Инфоцентарот во Скопје, со почеток во 10 часот.

МЕД поставија замки на Маврово, Стогово и Јабланица и во сите три се активирани детекторите, иако рисот е со огромна територија на дневно движење а пронајдените единки се пратат со ГПС, веројатно е дека се други единки.

Еве го и во НП Пелистер
http://www.mkd.mk/makedonija/risovi-ima-i-na-pelister

Пред некое време на албанската страна од Јабланица беше документиран рис.

На Галичица лани некои луѓе наводно налетале на рис, ама не е документирано со слика/видео така да....Од Националниот Парк спремен е проект за поставување камери во соработка со МЕД, само заглавен е во донаторско административни лавиринти.

Во Источна Македонија се поставени камери на Осогово, но досега без резултати на македонскиот, за разлика од бугарскиот дел.

Последно уредено:
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Ко боже незнам дека е за подвидот, ама работата е дека и со тоа ова е смешно (незнам зошто сметаш дека тоа ја оправдува целава ствара). Знам дека се работи за подвидот Балкански рис, ама не постојат 2-3 подвида на рисот па да кажеш едниот за нас е типичен. Скоро во секоја земја/регион кај што живее рисот, тој си има свои карактеристики за тој регион и се води како подгурпа, така да пак испаѓа смешно што ние правиме нешто посебно од овој што живее кај нас и што сме горди што нашиот вид е типичен за нас (а и тоа не е конкретно точно оти како што кажа, го има низ Балканот, не само кај нас, па пак не испаѓа Македонија ништо посебни ни конкретно за овој подвид) :facepalm: Ако е така во Германија треба да го сметаат за типично животно нивниот рис оти тој исто си е посебна подгрупа, во Канада нивниот, во Летонија нивниот, во Шведска нивниот итн итн. И која е поентата на тоа, не мислиш дека е малце смешно? По која логика сметаш дека кај нас е логично образложено Балканскиот рис да е „типично животно за Македонија“, а во другите земји нивните подвидови да не се и никој да не го смета тоа како животно типично за нив, иако и во нивните случаи тој подвид го има само кај нив.

И ај, не е толку работата за тоа дека го сметаме за симбол (како што кажавте и лавот така го сметаме а нема врска со нас, јес да и за тоа исто толку сметам дека е апсурдно ама друга тема е), ама тоа што ме нервира е што уште во 3то одделение децата кога учат ЗПО, им се перат мозоците дека Рисот (не се многу нагласува дека само сосема мал подвид, и дека постојат уште цел куп други низ цел свет) е ендемичен и е типичен за нашата земја, што е доста смешно, оти како што кажав, рисот како рис го има насекаде, ама во секоја област има како подвид на рисот, и тој на Балканот си е свој подвид, ама пак е смешно ти за тоа да тврдиш дека е нешто посебно и да се шири слика ко боже ова животно е нешто посебно кај нас.
Нема потреба да пишуваш толкав долг пост ако нема што да кажеш.
Овде рисот е пред изумирање, ако не и изумрен, па секој напор да се спаси е во ред, каков и да е, и ако не друго барем да го има како некаков симбол, сеќавање дека некогаш живеел овде (ако веќе не можеме да го спасиме)
Ако тебе ти е смешно мене не ми е, секое животно кое живее и кое заради луѓето дошло до состојба на истребување треба да биде нешто посебно. Да земеме тогаш да потепаме се живо и ајт упм, што ќе се замараме со "глупави животни кои не се ништо посебно", си имаме попаметна работа, нели.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom