Истражување на просторната екологија и екологијата на исхраната кај критично загрозениот балкански рис
2013-2014
Цел на проектот: Главната цел на овој проект е да се дознае нешто повеќе за екологијата на балканскиот рис, а со тоа и да се постават ефективни мерки за негова заштита. Овие цели ќе се постигнат преку:
Истражување на територијалноста и социјалната организација на рисот, како и неговата исхрана. Предвидено е фаќање на две нови единки од балканскиот рис на кои ќе им бидат поставени ГПС околувратници.
Подигање на јавната свест кај локалното население и релевантните засегнати страни (ловџии и ловочувари), како и нивна обука кој ќе опфати различни мониторинг методи. За ова е предвидено да се организираат неколку работилници каде ќе се изврши обуката.
Лице за контакт:
Диме Меловски: melovskid@mes.org.mk
Рисот е ендемичен вид освен 40-50 во Маврово и 20-30 во источна Албанија го нема нигде.
Нигде не викам дека не ни требаат или дека не се битни, коментирам само дека е смешно што се преувеличува дека се ендемични за нас, кога тоа е доста преувеличено. Еве самиот гледаш што коментира смихајло горе, дека животново само кај нас го имало. И за тоа ми е целата критика, што вака се пере мозок и што луѓето си мислат дека е ендемично животно што само тука живее.Абе @Bibo, a да ги убиеме, шо ќе ни е![]()
Тоа немање потреба да пишуваш ако немаш што да кажеш повеќе за тебе важи во случајов, оти само искоментира и изнапиша триста прикаски, а апсолутно ништо од тоа нема допирна точка со тоа јас што го коментирав и што ти се обиде да го негираш. Бил пред изумирање, требало да се спаси. И? Ај објасни каква допирна точка има ова со тоа што го кажав па што ми го објаснуваш, демек ја имам нешто против рисот што живее кај нас, па ми кажуваш може ми било смешно ама не било, животното требало да се зачува. Коментарот ми беше сосема друго, нигде не се бунев за животното и за напорите да се зачува, туку за тоа зошто се прави лажна слика дека е тоа ендемично животно, самиот пост горе на смијхајло е директна потврда за тоа што го зборам (па после вие терајте со муабети дека тропам глупости и дека немало врска што зборам). Луѓето кај нас имаат слика дека животново го има само кај нас и Албанија и на ниедно друго место во светот, и за тоа ми е целата критика дека е смешно што се прави лажна слика и што се прувеличува целово животно кај нас. Никој не вика дека не треба да се прават напори да се зачуваат или дека не биле битни, па вие сега такви глупости да ми објаснувате, ко боже ја дебил сум. Сосема друго ми беше коментарот.Нема потреба да пишуваш толкав долг пост ако нема што да кажеш.
Овде рисот е пред изумирање, ако не и изумрен, па секој напор да се спаси е во ред, каков и да е, и ако не друго барем да го има како некаков симбол, сеќавање дека некогаш живеел овде (ако веќе не можеме да го спасиме)
Ако тебе ти е смешно мене не ми е, секое животно кое живее и кое заради луѓето дошло до состојба на истребување треба да биде нешто посебно. Да земеме тогаш да потепаме се живо и ајт упм, што ќе се замараме со "глупави животни кои не се ништо посебно", си имаме попаметна работа, нели.
Па шознам, Агреадите во леринско - битолскиот крај го формираат четвртото Македонско кнежество наречено Линкестида, главен град Линк (на ридот "Висок Рид" с. Букри).Јас уствари никогаш не разбрав зошто и по која логика рисот е симбол на Македонија???? Демек било ендемично животно на овие
@Bibo Еве ти го постот на @LordDragonII па читај за историското значење на рисот за Македонија.
Мора да постои човек кој сака да се буни за нешто, макар трескал и глупости без никакво знаење за темата за која пишува.
Незнам што треба да сметаме ако Балканскиот рис (Lynx lynx martinoi) во науката е класифициран како подвид на Евроазискиот рис?Коментарот ми беше сосема друго, нигде не се бунев за животното и за напорите да се зачува, туку за тоа зошто се прави лажна слика дека е тоа ендемично животно
Prosetaj vo prirodno naucniot muzej, so vodicot. Toj ke ti kaze kolku vidovi na ptici i zivotni se istrebeni ne poradi prirodata tuku poradi covekot.@Bibo
Прочитав друже се по ред. Мислев дека веќе нема потреба да се наведува дека се работи за подвид.
Слична е ситуацијата и со бели тигри и носорози ако се подвидови не значи дека се небитни. Сите животни и нивните подвидови си имаат место во еко системот.
Со векови па и милениуми доста видови исчезнуваат, но како резултат на природна селекција која трае милиони години, а не човечка рака. Последиците најверојатно нема да бидат позитивни со оглед на брзината со која само во последниве 100 години имаме истребено значаен број на животни.