Рисот во Македонија

Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.173
Поени од реакции
744
[DOUBLEPOST=1427937949][/DOUBLEPOST]
Истражување на просторната екологија и екологијата на исхраната кај критично загрозениот балкански рис
2013-2014
Цел на проектот: Главната цел на овој проект е да се дознае нешто повеќе за екологијата на балканскиот рис, а со тоа и да се постават ефективни мерки за негова заштита. Овие цели ќе се постигнат преку:

Истражување на територијалноста и социјалната организација на рисот, како и неговата исхрана. Предвидено е фаќање на две нови единки од балканскиот рис на кои ќе им бидат поставени ГПС околувратници.
Подигање на јавната свест кај локалното население и релевантните засегнати страни (ловџии и ловочувари), како и нивна обука кој ќе опфати различни мониторинг методи. За ова е предвидено да се организираат неколку работилници каде ќе се изврши обуката.
Лице за контакт:
Диме Меловски: melovskid@mes.org.mk
 
Член од
9 април 2006
Мислења
3.061
Поени од реакции
1.173
Рисот е ендемичен вид освен 40-50 во Маврово и 20-30 во источна Албанија го нема нигде.
:facepalm: Уште да прочиташе што пишев и уште да имаше ова врска и не ќе беше лошо. Рисот го има НАСЕКАДЕ, тоа и ми беше целата критика, зошто кај нас се прави слика дека е ендемичен кога нема врска.
Абе @Bibo, a да ги убиеме, шо ќе ни е :icon_lol:
Нигде не викам дека не ни требаат или дека не се битни, коментирам само дека е смешно што се преувеличува дека се ендемични за нас, кога тоа е доста преувеличено. Еве самиот гледаш што коментира смихајло горе, дека животново само кај нас го имало. И за тоа ми е целата критика, што вака се пере мозок и што луѓето си мислат дека е ендемично животно што само тука живее.
Нема потреба да пишуваш толкав долг пост ако нема што да кажеш.
Овде рисот е пред изумирање, ако не и изумрен, па секој напор да се спаси е во ред, каков и да е, и ако не друго барем да го има како некаков симбол, сеќавање дека некогаш живеел овде (ако веќе не можеме да го спасиме)
Ако тебе ти е смешно мене не ми е, секое животно кое живее и кое заради луѓето дошло до состојба на истребување треба да биде нешто посебно. Да земеме тогаш да потепаме се живо и ајт упм, што ќе се замараме со "глупави животни кои не се ништо посебно", си имаме попаметна работа, нели.
Тоа немање потреба да пишуваш ако немаш што да кажеш повеќе за тебе важи во случајов, оти само искоментира и изнапиша триста прикаски, а апсолутно ништо од тоа нема допирна точка со тоа јас што го коментирав и што ти се обиде да го негираш. Бил пред изумирање, требало да се спаси. И? Ај објасни каква допирна точка има ова со тоа што го кажав па што ми го објаснуваш, демек ја имам нешто против рисот што живее кај нас, па ми кажуваш може ми било смешно ама не било, животното требало да се зачува. Коментарот ми беше сосема друго, нигде не се бунев за животното и за напорите да се зачува, туку за тоа зошто се прави лажна слика дека е тоа ендемично животно, самиот пост горе на смијхајло е директна потврда за тоа што го зборам (па после вие терајте со муабети дека тропам глупости и дека немало врска што зборам). Луѓето кај нас имаат слика дека животново го има само кај нас и Албанија и на ниедно друго место во светот, и за тоа ми е целата критика дека е смешно што се прави лажна слика и што се прувеличува целово животно кај нас. Никој не вика дека не треба да се прават напори да се зачуваат или дека не биле битни, па вие сега такви глупости да ми објаснувате, ко боже ја дебил сум. Сосема друго ми беше коментарот.
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.765
Поени од реакции
5.413
Јас уствари никогаш не разбрав зошто и по која логика рисот е симбол на Македонија???? Демек било ендемично животно на овие
Па шознам, Агреадите во леринско - битолскиот крај го формираат четвртото Македонско кнежество наречено Линкестида, главен град Линк (на ридот "Висок Рид" с. Букри).

btw целосното име на Хераклеја е Хераклеја Линкестис.

Незнам дали го сметале рисот за нивен предок (тотемизам, мада тие имаат друг систем на верување но да предпоставиме дека е некој остаток од предходниот) но дури и историчарите ги нарекувале македонски рисови (Линкестидите). Штом има такво исповетување или обожување значи бил добро застапен на овој дел од балканскиот полуостров.

Значење - lynx
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
26.921
Поени од реакции
31.823
Најголем успех у задње време им е тоа шо успеаја да спречат да се гради централа таму баш кај што го има. Што не е мала работа, коа ќе се земе у предвид дека си имаат работа со волунтаристичка власт (да се потсетиме на ѕидчето околу Охридско и сл.).
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.679
Поени од реакции
8.504
@Bibo Еве ти го постот на @LordDragonII па читај за историското значење на рисот за Македонија.
Мора да постои човек кој сака да се буни за нешто, макар трескал и глупости без никакво знаење за темата за која пишува.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.765
Поени од реакции
5.413
@Bibo Еве ти го постот на @LordDragonII па читај за историското значење на рисот за Македонија.
Мора да постои човек кој сака да се буни за нешто, макар трескал и глупости без никакво знаење за темата за која пишува.


Еве го представен на мозаик во Хераклеја, дел од композицијата Давидов псалм (кој псалм беше не се сеќавам). Значи си постои и во христијанската иконографија а со тоа си завзема своја симболика.[DOUBLEPOST=1427965606][/DOUBLEPOST]
Коментарот ми беше сосема друго, нигде не се бунев за животното и за напорите да се зачува, туку за тоа зошто се прави лажна слика дека е тоа ендемично животно
Незнам што треба да сметаме ако Балканскиот рис (Lynx lynx martinoi) во науката е класифициран како подвид на Евроазискиот рис?
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.056
Поени од реакции
3.444
@Bibo
Прочитав друже се по ред. Мислев дека веќе нема потреба да се наведува дека се работи за подвид.
Слична е ситуацијата и со бели тигри и носорози ако се подвидови не значи дека се небитни. Сите животни и нивните подвидови си имаат место во еко системот.

Со векови па и милениуми доста видови исчезнуваат, но како резултат на природна селекција која трае милиони години, а не човечка рака. Последиците најверојатно нема да бидат позитивни со оглед на брзината со која само во последниве 100 години имаме истребено значаен број на животни.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.745
Поени од реакции
2.283
@Bibo
Прочитав друже се по ред. Мислев дека веќе нема потреба да се наведува дека се работи за подвид.
Слична е ситуацијата и со бели тигри и носорози ако се подвидови не значи дека се небитни. Сите животни и нивните подвидови си имаат место во еко системот.

Со векови па и милениуми доста видови исчезнуваат, но како резултат на природна селекција која трае милиони години, а не човечка рака. Последиците најверојатно нема да бидат позитивни со оглед на брзината со која само во последниве 100 години имаме истребено значаен број на животни.
Prosetaj vo prirodno naucniot muzej, so vodicot. Toj ke ti kaze kolku vidovi na ptici i zivotni se istrebeni ne poradi prirodata tuku poradi covekot.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
11.776
Поени од реакции
5.624
Ne mi e jasno za posebna vrsta Balkanski Ris..
http://hr.wikipedia.org/wiki/Risovi
Na hrvatskiot sajt tvrdat deka risot kaj niv e istreben a 1973 se doneseni 6 risovi od Slovačka vo Slovenija
http://www.tportal.hr/scitech/znanost/303276/Tko-to-u-Hrvatskoj-istrebljuje-predivnog-risa.html
Ako našiot ris e avtohton a ne donesen, togaš mora strogo da se zaštiti i da se obznani toa vo stručnite krugovi...

..malku of topik, ama jas mislam deka i magareto treba da se zaštiti, se poteško e da kupiš mlado magare. Znam luge što pravea sami domašni kobasici po recept so ovčo ( od brav) i magareško (od prle) meso, prle nikako ne možea da najdat pa go zamenija so meso od mečka.
A i magareto može da bide simbol, rika isto kako lavot a ima i drugi kvaliteti:D ... i nikoj nema da se buni kako za lavot, mislam deka ediunstveno Paragvaj go ima kako državen simbol.
 
Член од
20 јануари 2015
Мислења
99
Поени од реакции
91
Првпат по 11 години истражување на балканскиот рис, тимот на Македонско еколошко друштво успеа да слика младо од рис. Оваа одлична вест доаѓа откако во февруари истражувачкиот тим на Програмата за закрепнување на балканскиот рис успеа да постави ГПС-околувратник на првата женка рис досега.



Ова рисче е надежта што ѝ е потребна на малата популација на балкански рисови во Македонија. Се надеваме дека преку неговото следење, како и со следењето на неговата мајка, ќе успееме да ги добиеме податоците што недостигаа досега. Овие податоци ќе ни помогнат за го разбереме животот на младите рисови во Македонија, што ќе ни помогне за нивното понатамошно зачувување, сметаат членовите на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, којашто ја спроведува МЕД.

Инаку, статусот на балканскиот рис е критично загрозен поради фактот дека бројот на возрасните единки што се способни за репродукција е помал од 50 и според стандардите на Меѓународната унија за заштита на природата, тој е на прагот пред да биде целосно исчезнат од нашата фауна. Балканскиот рис за прв пат се најде на (IUCN) на 19 ноември 2015 година. Најзначајните закани за опстанокот на рисот се: криволовот, драстичното намалување на неговиот плен и уништувањето и фрагментацијата на неговите станишта.



Програмата за закрепнување на балканскиот рис, меѓу другото, веќе десет години се обидува да го спречи овој негативен тренд. Резултатите од интензивниот мониторинг покажаа дека барем во јадровите подрачја, националниот парк Маврово и планината Мунела во Албанија, ова опаѓање е запрено. Секако, опстанокот на балканскиот рис ќе зависи не само од овие, туку и од сите останати подрачја на Балканот што поседуваат погодни станишта за рисот и за неговиот плен.

Програмата е финансирана од фондацијата МАВА од Швајцарија и се спроведува во соработка со фондацијата Еуронатур од Германија и организацијата КОРА од Швајцарија, како и здруженијата ППНЕА од Албанија, ЕРА и Финч од Косово и ЦЗИП од Црна Гора.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
26.921
Поени од реакции
31.823
Овие што го спасуваат рисов со какви небулозни сопки од власта се судираа, цело ебано време, да ви кажувам - нема да верувате. Може реферат за суреалноста на пречките и сопките да се срочи.
Али ко ќе видиш и мене не ми се веруваше што сака Груевски да напраи со Охридско Езеро, али ете толку му чукало него за екологија.
 
Член од
20 јануари 2015
Мислења
99
Поени од реакции
91
Деновиве на магистралниот пат Кичево – Охрид е најден прегазен рис кај месноста Славеј Планина, соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД), наведувајќи дека за прегазеното животно добиле повик од член на ловното друштво „Питон“, но и покрај напорите да му се укаже прва помош на животното, тоа угинало од повредите на пат кон ветеринарната клиника во Скопје.

МЕД е организација која 12 година работи на зачувување на балканскиот рис како критично загрозено животно според критериумите на Светската унија за заштита на природата.

Од МЕД истакнуваат дека состојбата со балканскиот рис во Македонија се уште е критична и оти последната проценка е дека ова животно брои не повеќе од 50 возрасни единки.

„Овој трагичен настан уште еднаш ја покрева иницијативата за отворање на прифатен центар за диви животни во Македонија којшто ќе има голема улога во спасување на повредени диви животни и во којшто ќе треба да работат обучени ветеринари и биолози за работа со диви животни“, велат од МЕД.
 
На врв Bottom