Бидејќи билатералниот спор на Р.Македонија со Р. Грција перманентно го оптоварува секојдневието и активно придонесува во назадувањето на нашата земја, а по повод ближењето на 8 ми Септември – денот на нашата независност, би сакал да дадам еден осврт,по мое видување, на целиот случај и можеби да дадам некаков придонес за побрзо разрешување на овој спор.
Ретроспектива
По крвавиот распад на поранешната СФРЈ, сите нејзини федеративни членки продолжија да постојат како независни единки односно прогласувајќи независност постанаа независни држави, кои една по една беа признаванаи од Обединетите Нации. Македонија како дел од таа Федеративна заедница исто како и другите членки на 8 Септамври 1991 год. со референдумско изјаснување прогласи независност и со тоа ги раскина врските со СФРЈ и постана самостојна држава. Како нова држава Македонија сега според новиот Устав - Република Македонија како нова суверена демократска држава, претседателот на Републиката со писмо датирано на 30 Јули 1992 год, од Генералниот Секретар побара членство во ОН.
На 22 Јануари 1993 според процедуралното правило 135 на Главното Собрание, Генералниот секретар го испраќа писмото апликација до сите членки на ОН кое е од чисто информативен карактер,како и според правилото 59 за постапување на Советот на Безбедност се одража информативна седница по барање на Генералниот Секретар на ОН во врска со подобноста на Р Македонија за членство во ОН.
На 25 Јануари 1993 Министерот за надворешни работи на Р Грција со писмо до Генералниот Секретар изјавувајќи силно негодување во врска со Македонската апликација, нагласувајќи дека мора да има претходен договор заради стабилноста и добрососедските односи во регионот.
Тука се појавува и проблемот за Македонија, имено иако како земја кандидат,според Советот за Безбедност а со тоа се согласува и Р Грција, ги исполнува сите услови од Повелбата на ОН односно од чл.4 ст.1 во кој е пропишано земјата кандидат треба: да биде мирољубива држава, ги прифаќа обврските кои произлегуваат од Повелбата и да поседува капацитет и волја да ги исполнува прифатените обврски, од страна на Советот за безбедност кој според ст2. од истиот член 4 мора да даде препорака до генералното собрание на ОН дали една земја ги исполнува горенаведените услови или не е направен, според мене, преседан со тоа што на Р.Македонија дополнително и се наложени услови односно замена на името со референца и упатување на разговори под покровителство на ОН за разрешување на разликите околу името.
Плашејќи се за својата безбедност и (претпоставувам) мислеќи дека брзо ќе го разреши овој сега веќе 15 годишен билатерален спор – Р Македонија се согласува на дополнителните услови и потпишува договор со Р.Грција во кој се обврзува дека ќе разговара околу проблемот со името и ќе одржува добрососедски односи а Р. Грција се обврзува дека нема да го попречува интегрирањето на Македонија во евро – атланските структури и во други меѓународни организации.
Правен парадокс?
Дали Р.Македонија ги исполнува условите за членство во ОН односно дали е мирољубива земја? Ако претставува закана за територијалниот интегритет односно има територијални претензии кон Р Грција (како што тврди таа) тогаш таа не е мирољубива држава и неможе да ги исполнува условите за членство во ОН во смисла на чл.4 ст.1 од Повелбата на ОН.
Грција која како членка на ОН е повикана да се изјасни со гласање на Генералното Собрание,НАМА ПРАВО, да поставува дополнителни услови односно да го условува своето гласање со дополнителни услови за прием на нови членки. Доколку има забелешки таа треба својот случај да го изнесе пред Советот за Безбедност и таму да побара да биде заштитен нејзиниот интегритет. А тоа, доколку се утврди дека е така, би резултирало со одбивање на кандидатурата за членство на Македонија и никако поинаку, затоа што или ги исполнуваш условите за членство или не.
Втората работа е што Советот за Безбедност прифајќајќи ги забелешките на Грција фактички и го прави преседанот наметнувајќи и на Македонија привремена референца и наложувајќи и разговори со Грција во врска со името. Односно со резулуцијата бр.817 на Советот за Безбедост и со резолуцијата бр.47/225 на Генералното Собрание на Р Македонија и се ускратува правото на самоопределување кое е содржано во Повелбата на ОН во чл.1 ст.2, како и правото на членство како рамноправен член во ОН како што е пропишано во чл.4. Уште повеќе што Меѓународниот суд на правдата веќе се има негативно изјаснето во своето советодавно мислење во врска со членот 4 и со наметнувањето на дополнителните услови за членство во ОН (1948 I.C.J. 57).
Што требаше да сториме тогаш?
Иако Македонија испрати протесно писмо, мое мислење е дека кога увиде дека ќе треба да води правна битка за членство во ОН, требаше да бара да присуствува на 3196 тиот состанок на Советот за Безбедност одржан на 7 Април 1993 кога се разгледуваше нејзината апликација и кога се донесе резолуцијата бр.817, според чл.32 од Повелбата има право на учество во седницата на советот кога се расправа за прашања во кои е инволвирана но нема право на глас при одлучувањето, таму таа да го изнесе својот случај и фактите кои идат во нејзина корист а кои по мое мислење се извртени и необјективно прикажани од страна на Грција. Исто така можеше да побара преку земја пријател членка на советот, Советот за Безбедност да формира комисија за утврдување на фактите, затоа што со чл.29 од Повелбата на ОН Советот за Безбедност има ингеренции да формира тела кои ќе му овозможат да ги извршува своите функции по темелно и по праведно.
Доколку Македонија активно преземаше правни мерки со цел да биде примена во ОН под своето уставно име, политичките притисоци не ќе имаа толкаво влијание и по мое мислење немаше да дојде до срамните резолуции со кои Генералното Собрание и Советот за Безбедност не замрзнаа во времето.
Што треба да сториме сега?
По мое мислење битката за нашето уставно име треба да се води во Генералното Собрание на ОН и во Советот за Безбедност, затоа што таму и настана нашата голгота. Македонија како членка на ОН треба да се обрати до Советот за Безбедност и да бара носење на нова резолуција во која Советот ќе му препорача на Генералното собрание да ја признае Р. Македонија под нејзиното уставно име. Овој пат, да бара да учествува на расправата на Советот и да ги изнесе своите факти:
-Република Македонија да бара толкување од Меѓународниот суд на Правдата на резолуцијата бр.817 на Советот за Безбедност односно нејзината спротивност со чл.4 а во врска со веќе искажаното советодавно мислење на судот со истоимениот член (1948 I.C.J. 57). Добиеното мислење да го изнесе пред Советот за Безбедност при ОН и со тоа да докаже дека донесената резолуција не е во согласност со Повелбата на ОН.
-резолуцијата бр.817 е во спротивност со чл.1 ст.2 од Повелбата на ОН, односно на принципот за правото на самоопределување
-резолуцијата бр.817 има обратен ефект, односно наместо приближување на ставовите, таа направи уште поголем раздор и недоверба помеѓу двете земји.
-резолуцијата бр.817 е извор на нестабилност како за земјата, така и за регионот пошироко и активно допринесува за уназадување на демократските и економските можности и капацитети.
Заклучок
За да не се биде во заблуда. Правдата секогаш не се извојува само со правни средства, иако правдата е на страната на Македонија и со правно релевантни факти таа може да го докаже тоа, политичките и економските интереси на помоќните повеќето пати преминуваат преку Меѓународното право за да остварат свои политички или економски цели. Р Грција ја искористи својата позиција за да ја натера неискусната Македонија да потпише договор со кој ќе се обврзе да разговара и да ги надминува разликите со Грција за своето име и и остави адут за манипулирање и широко и необјективно толкување на ставовите од меѓусебниот договор кои постојано ги користи за уценување и притисок се до оној момент додека Македонија не колабрира и се сложи самоволно да си го промени името за сестрана употреба.
Да се обжалува овој договор пред Меѓународниот Суд на Правдата е можеби добар потег и доколку се успее да се докаже дека и покрај големите отстапки на Македонија ( промена на Уставот и промена на националното знаме), Грција иако се обврзала дека нема, активно го попречува Македонското членство во ЕУ и НАТО и со тоа не го исполнува својот дел од договорот, судот да го поништи договорот сепак на крајот пак останува резолуцијата бр.817 на С.Б која повторно како препорака до Генералното Собрание на ОН ќе упатува на привремено име (референца) и разговори со Грција за нивниот проблем со името на Македонија.
Македонија мора да изнајде начини во институциите на ОН да издејствува нова резолуција која ќе биде донесена врз принципите и начелата на Повелбата на Обединетите Нации и да биде признаена со нејзиното Уставно име за да може да биде рамноправен член и да ги ужива правата како и да ги исполнува обврските кои и следуваат како член на заедницата на народите.